Кои се симптомите кога едно лице е под влијание или е опседнато од дух?

1. Вовед

Духовното истражување покажа дека, речиси целиот свет е под влијание на духовите во некој момент, или одредено време од нивниот живот. Околу 30% од светската популација е опседната од духови. Кога едно лице е под влијание или опседнато од духови, тогаш неговите животни способности прогресивно се намалуваат. Затоа е важно да се дознае колку е можно порано дали едно лице е опседнато, за да можат да се применат адекватни мерки за исцелување.

Но како процес, бидејќи опседнувањето се случува на духовно ниво (односно надвор од дофатот на нашите 5 сетилни органи, умот и интелектот), всушност само Светец со духовно ниво над 70% може да знае, или лица со високо развиено шесто сетило, може да согледаат дали едно лице е под влијание или опседнато од духови, или не е. Повеќето луѓе немаат доволно духовно ниво, ниту развиено шесто сетило, поради тоа повеќето луѓе кои се под влијание на духовите или опседнати, не се свесни за својата состојба.

Во овој напис ние наведовме некои од различните симптоми, кои обично се гледаат кога духовите влијаат на различни системи на телото. Истите симптоми можат да се воочат кај болестите на тие исти системи на телото. Значи кога симптомите се необјаснети или не се отсрануваат и покрај најдобрите конвенционални третмани, или симптомите хронично се појавуват без објаснување, на интелектуално ниво можеме да размислиме дека причината за симптомите би можела да биде поради духовите.

2. Кои се физичките симптоми кога едно лице е под влијание или е опседнато?

Ги категоризиравме симптомите за полесно да ве упатиме.

2.1. Петте сетилни органи

  • Непријатен вкус во устата
  • Чувство како некој да ни ги влече очите кон внатре, иритација во очите итн.
  • Сувост на усните, устата и грлото.
  • Поради Раѓа-Тамата во духот, се формира леплив слој околу лицето и телото на опседнатото лице.
  • Мрсна кожа.
  • Осип на кожата.
  • Морничаво чувство како некој да не допира.

2.2. Болка

  • Чувство на боцкање по телото.
  • Главоболки и мигрени.
  • Тешки болки во грбот, телото и неспособност да се движиме.
  • Чувство на гушење.

2.3. Симптоми кои се однесуваат на девет отвори во телото

Кога духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.) ќе се најдат во близина на некое сатвик влијание, тие го напуштаат телото преку било кој од овие девет отвори т.е. двете очи, двете ноздри, двете уши, устата, пенисот/вагината и анусот. Тогаш лицето може да осети како да излегува гас од било кој од овие отвори или да искуси кашлица, зевање, ждригање, кивање, итн., зависно од тоа кој отвор е вклучен.

2.4. Дигествен систем

  • Духот не му дозволува на лицето да јаде: Губење апетит, мачно чувство при самата помисла на храна, се чувствува подобро кога се оддалечува од храна.
  • Зголемен апетит, често чувство на глад и обилни оброци: За да би можела храната да се вари, потребен е Апсолутниот Принцип Оган (Теѓтатва). Човекот претежно се состои од Апсилутниот Принцип Земја (Прутвитатва), и затоа не може да вари многу храна. Но доколку лицето е опседнато од духови (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.) тогаш може да вари многу храна. Како што духовите се состојат од Апсолутниот Принцип Воздух (Вајутатва) тие можат да варат многу храна користејќи го Апсолутниот Принцип Оган. Ве молиме погледнете го написот – Што се космички елементи?

2.5. Репродуктивен систем

  • Неплодност.
  • Повеќекратни абортуси.
  • Мртвородени деца.

2.6. Несреќи

  • Електричен шок.
  • Несреќи во домот, на пример кога загреано масло одеднаш ќе прсне од загреаната тава и створи изгореници.
  • Чести сообраќајни несреќи на иста место.

2.7. Моторни органи

  • Гестикулации и немир поради зголемување на основната суптилна компонента раѓа.
  • Згрчени и извиени движења.
  • Тикови.

2.8. Звуци

  • Кога лице испушта чудни звуци или воздишки (стенкање), и потоа на ништо не се сеќава.
  • Кога лице испушта животински звуци.
  • Кога дух говори преку опседнато лице со глас на спротивен пол.

2.9. Ефект на витална енергија

Витална енергија (Праншакти) е енергијата која не одржава во живот и по својата природа е суптилна.

Витална енергија во духовно развиено лице и во лице кое не е духовно развиено

Процент на витална енергија
1. Духовно развиено лице 130
2. Лице кое не е духовно развиено 100

 

Износот на витална енергија согласно влијанието од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

Степен на вознемиреност Износ на витална енергија (процент)
5 95
10 90
20 70
30 50
40* 30**

* Во денешно време, генерално, максималниот степен на можно вознемирување од страна на духовите е 40%.

Под вознемирување подразбираме да се биде под влијание и опседнување од страна на негативните енергии.

** До намалување на виталната енергија доаѓа, бидејќи таа се троши во борбата против духовите. Кога нивото на виталната енергија падне под 30%, лицето умира.

Кога нивото на виталната енергија е намалено лицето неможе да медитира: За да може едно лице да медитира, неопходно е умот да биде концентриран. Кога виталната енергија е намалена, умот нема енергија за ништо. Оттука и медитација е невозможна. Но и покрај ова, умот е поплавен со емоции, а со нив и страв, бидејќи затоа е потребно многу малку енергија, а и самите духови ставаат такви мисли во умот на лицето кои вознемируваат.

3. Ментални вознемирувања

Кога едно лице е под влијание или е опседнато од духовите, тоа ги покажува следниве ментални симптоми:

  • Лицето не сака да разговара со колегите или членовите на семејството без никаква причина
  • Лицето сака да се дистанцира од колегите и или членовите на семејството без никаква причина
  • Лицето се однесува спротивно од неговата природа
  • Често плачење, лицето е постојано изненадено без никаква причина, анксиозност, депресија, страв, ментална болест, самоубиствени мисли итн. Духовите треба само да потрошат 5% од својата енергија за да исплашат едно лице покажувајќи му черепи, застрашувачки слики во умот итн.
  • Сомнежи или негативни мисли: духовите ставаат сомнежи и негативни мисли во умот на едно лице за да го дестабилизираат, и со тоа предизвикуваат немир и раздразливост кај лицето. Некои пример на негативни мисли се:
    • Чувство како да сакаме да удавиме некого.
    • Зголемување на егото.
    • Намалување на верата во Бога.
  • Гнев кон другите: Кога едно лице кое е под влијание или е опседнато од духовите чувствува лутина кон друго лице без значителна причина, тогаш тоа најверојатно се должи поради духот. Во такви околности треба да научиме како да ја игнорираме лутината.
  • Чувство да сакаме да им наштетиме на другите: Опседнато лице може да се чувствува да сака да си наштети на себе или на другите. Исто така во текот на применувањето духовни мерки за исцелување, лицето може да се чувствува како да сака да им наштети на другите. Во такви случаи на самиот почеток, лицето треба да ги сподели со другите за да знаат за овие чувства. Инаку може да се случи да кога лицето е потполно под контрола на негативните енергии, повеќе неможе да се контролира и може да го повреди лицето кое се обидува да му помогне да се ослободи од негативните енергии.

4. Сексуални симптоми

  • Зголемен или намален сексуален нагон.
  • Ако женски дух опседне жена, таа ги привлекува другите машки духови, или директно или преку некое машко лице кое што е опседната од машки дух. Таквите жени не чувствуваат потреба да стапат во некоја формална врска со лице од спротивниот пол, или да се мажат. Обично се извлекуваат со тоа што ќе најдат некој изговор за да го избегнат врзувањето.

5. Нарушувања при спиењето

  • Несоница
  • Претерано спиење

Разликата помеѓу нормалното спиење и нарушено спиење предизвикано од страна на духовите:

Нормално спиење Нарушено спиење од страна на духовите
Ефект Можеме да останеме будни некое време ако тоа го сакаме Чувство на тешка глава, лицето е принудено веднаш да спие
Мерка за исцелување Прскање вода по лицето ако не сакаме да спиеме Пеење (повторување) на Божјото име, преземање мерки за духовно исцелување
  • Кошмари
    • Гледање застрашувачки чудни лица и форми на духови.
    • Кошмари во кој саканите умираат или се убиени од страна на лицето кое сонува.
    • Лицето гледа во сонот како духот опседнува познаник или сакано лице, и потоа чувствува страв кон тоа лице во будна состојба.
    • Змии кои напаѓаат еден или повеќе членови на семејството.

6. Брачни несогласувања

  • Ако еден од брачните партнери е сатвик, тогаш духот во другиот брачен партнер (доколку тој брачен партнер е опседнат), ќе доживее вознемирување кога е во близина на сатвик партнерот, бидејќи неможе да го толерира сатвикот, односно позитивната енергија во тој брачен партнер. Ова ќе доведе до чести кавги помеѓу брачниот пар, кои всушност се предизвикани од страна на духовите кои сакаат да го спречат контактот со сатвикот, односно со позитивната енергија.
  • Ако и двата брачни партнери се опседнати, тоа исто така може да доведе до кавги.
  • Физичка, ментална и сексуална злоупотреба.

7. Проблеми на ниво на интелект

  • Намалено внимание и концентрација, заборавеност, ослабена инспирација
  • Неспособност да се разберат основни рутински работи, што не е својствено за тоа лице.

8. Финансиска загуба

  • Лице да биде измамено од друго лице.
  • Слаб учинок од работниците во компанијата, и покрај добрите услови и меѓусебни односи.
  • Чести проблеми со машините и опремата во компанијата.

9. Духовни симптоми

9.1. Проблеми поврзани со петте сетила

Едно лице може да ги доживее следните вознемирувања во сонот, кога е во медитативна и будна состојба:

  • Непријатен мирис
  • Застрашувачки сцени
  • Лицето гледа црн орел околу главата
  • Застрашувачки сцени: мртво тело, монструозни, осакатени лица, човечко лице само со скелетот под лицето, само рака со прсти и лакт кој се туркаат во внатрешноста на прозорецот, лицето гледа труп како гори во сопствениот стомак, дух кој виси на дрво
  • Процесија на духови во боја
  • Мртви тела на трагачи, изгорени тела на познаници
  • Купови трупови транспортирани во камиони, купови трупови секаде наоколу
  • Застаклен поглед (кога во очите има повеќе течност од нормалното)

9.2. Чувство на допир

  • Чувство како некој да спие до лицето
  • Некој го влече чаршафот на креветот
  • Некој се обидува да не разбуди
  • Некој се движи во просторијата
  • Некој ја става раката врз телото на лицето, или ја движи раката над телото
  • Шамар
    • Чувство како некој да го влече лицето во креветот
    • Необјасливи допири по разни делови на телото
    • Кукање во текот на сонот
    • Болка во долниот дел од грбот по будењето
    • Болка во долниот дел од стомакот по будењето
    • Бел исцедок од вагината
    • Проблемите се влошуваат за време на млада и полна месечина

9.3. Слушање на гласови

  • Лицето слуша како некој дише, а нема никој
  • Лицето слуша звуци на стапки, а нема никој
  • Слушање чкрипење или викотници, од нигде
  • Лицето слуша како некој го довикува по име, а нема никој

9.4. Непријатно чувство во близина на сатвик супстанци

  • Лицето неможе да ги допре Светите симболи, како слики на Божества, Светиот крст, итн.
  • Избегнување посета на Светци, Свети аџилак сајтови: Лицата кои се под влијание или опседнати од духовите, избегнуваат да посетуваат Светци, Свети места или храмови, итн. Некои негативни енергии се приморани да се манифестираат во таква сатвик околина. Кога негативната енергија ќе се манифестира во лицето кое е опседнато, таа негативна енергија губи нешто од својата црна енергија. За да го избегнат ова, духовите најчесто го напуштаат лицето пред Светото место, и кога лицето ќе излезе надвор од Светото место, духот повторно го опседнува тоа исто лице.

9.5. Вознемирувања поради пеењето на Божјото Име

  • Лицето заборави да го пее (повторува) Божјото Име
  • Лицето неможе да го пее (повторува) Божјото Име
  • Чувствува главоболка за време на пеењето или после пеењето
  • Чувство на гушење во текот на пеењето
  • Чудно чувство во главата за време на пеењето на Божјото Име, проследено со губење на свеста

10. Заклучок

  • Духовите може да предизвикаат најразлични симптоми кај луѓето кои се под влијание или опседнати од нив.
  • Симптомите имитираат симптоми на физички или психолошки болести, или на други световни проблеми како финансиски проблеми.
  • Дијагнозата на вистинската причина (т.е. духовите) може да ја постават само Светци кои имаат високо развиено шесто сетило.
  • Во отсуство на горенаведеното, во случај ако не можеме никако да објасниме зошто постои некој проблем, или ако проблемот не се отсранува и покрај сите конвенционални мерки кои ни се на располагање, на интелектуално ниво можеме да заклучиме дека проблемот е поради дух.
  • Доколку проблемот се отсрани по примената на средствата за духовно исцелување, јасно е кој е главниот предизвикувач.