Парализа за време на спиењето (во сонот)

1. Вовед

Многу луѓе се будат среде ноќе, немоќни да се поместат. Иако се будни и потполно свесни што се случува околу нив, целосно се неподвижни. Многу почувствувале видливо или невидливо присуство околу себе. Тоа е многу вознемирувачко чувство и лицето е престрашено проживувајќи го таквото искуство. Оваа група на симптоми, е позната и на медицинскиот свет како ’Парализа во спиењето или парализа во сонот’.

2. Парелиза за време на спиењето (во сонот) – клучни забелешки

Истражувањето кое што го спроведе Ј. Алана Чејн (Чејн, 2001.) покажува дека оваа состојба обично се јавува кога лицето падне во сон, или излегува од него. Чејн и другите истражувачи ги наведоа следниве клучни забелешки за парализата за време на спиењето:

Зачестено се јавува кај 3-6% од светската популација.

Околу 30% од младата популација, има доживеано парализа за време на сонот, барем еднаш во својот живот.

Почесто се јавува кај младите лица.

Може да трае од неколку минути до неколку часа.

Луѓето исто така имаат доживеано, почувствувано или видено суптилно присуство околу нив, за време на парализата во сонот. Ги обзема страв и некои од нив изјавиа дека демонска сила се обидува да им ја опседне душата и се обидува да ги скрши во душата.

Во некои случаи луѓето чувствуваат притисок, или дека се гушат, и имаат тешкотии со дишењето. Во некои примери, ова прераснува во сексуална злоупотреба или силување.

Во текот на влијанието на парализата може да се осети непријатен мирис.

Влијанието почесто се случува кога се спие на грбот.

Луѓето кои што имале вакво искуство, се срамат мислејќи дека нешто не е во ред со нивната психа.

3. Парализа за време на спиењето (во сонот) – што вели модерната наука?

3.1 Хипотези на модерната наука

Истражувањата за парализата за време на сонот продолжуваат, но до сега модерната наука нема јасно и разбирливо објаснување за овој феномен. Меѓутоа, некои меѓу многуте хипотези, понудени како можно објаснување на разните симптоми, се следните:

Оние кои што минуваат преку сериозен стрес, проживуваат стравови кои што ги имаат преку парализата во сонот.

Тоа се халуцинации слични на сонувањето.

Тие ја следат активноста на делот од мозокот, кои што прикажуваат закани од околината и така реагираат како на опасност. Активноста на овој дел од мозокот, во отсуство на реалниот страв во текот на РЕМ фазата во сонот, го зголемува чувството  на застрашувачко присуство во блиската околина. (РЕМ е фаза на сонот поврзана со сонувањето кога очите брзо се движат.)

Се поврзани со привременото нарушување на границата помеѓу сонот и будната состојба, така да некои феномени на спиењето, како што е парализата за време на спиењето, се преплетуваат со будната состојба.

3.2 Што, според модерната наука ја предизвикува парализата за време на спиењето (во сонот)

Според модерните науки можните фактори се:

  • Животните стресови
  • Недостаток на сон
  • Долготрајно нарушување на спиењето, кај лицата кои што се сексуално злоупотребувани
  • Генетскиот феномен

3.3 Како според модерната наука може да се излечи парализата за време на спиењето (во сонот)

Како што не се знае ниту причината, ниту објаснувањето на овој феномен, секако понуденото решение во најдобар случај е емпириско.

Некои велат дека парализата за време на спиењето може да се контролира со лекови од типот Флуоксетин (вид на анти-депресив) кои што ја инхибираат РЕМ фазата на спиењето. Ова е посебно корисно, кога постои и депресија. Други не ги одобруваат ваквите лекови, поради следните претпоставки:

Понекогаш најефикасен начин за решавање на нарушувањата, е јасно разбирање за нарушувањето и изнаоѓање сопствен начин за будење, или да се договори со партнерот да не пробуди.

Исто така е важно да се сфати, дека многу луѓе го имаат овој проблем и дека не сте единствени што страдате од овој проблем.

4. Парализата за време на спиењето (во сонот) – духовно истражување

Следува духовно објаснување на некои клучни моменти, кои што се изложени во претходниот дел од текстот. Сите објаснувања и статистички податоци се добиени од Универзалниот Интелект, преку трагачите во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) со високо развиено шесто сетило.

Чувство на нечие присуство за време на парализираната состојба

Духовното истражување за парализата за време на сонот што е спроведено, откри дека една од главните духовни причини на овој феномен е попречување од страна на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.). Тоа е причината, во повеќето случаи, зошто луѓето го осеќаат присуството, или навистина го видат духот. Тоа не се халуцинации, туку навистина се негативни енергии. Присуството го осеќаме со помошта на шестото сетило.

Веројатност да се појави кај луѓето: 

Следнава табела го покажува процентот на попречувања, кои што ги доживеале трагачите по Вистината, и оние кои не се трагачи. Ги вклучува сите случаи на парализа за време на сонот, било причината да биде на физичко, психолошко или духовно ниво.

Зачестеност на парализа во сонот

Еднаш во животот Често
Трагач по Вистината1 3% 0.001%
Лице кое што не е трагач по Вистината 20% 5%

Заклучок:

1. Трагач е лице кое што вложува искрен, траен труд на дневно ниво за да расте духовно. Духовната пракса на трагачот е во согласност со шесте основни принципи на духовноста. Со интензивна желба духовно да напредува, трагачот редовно се труди да ја подобри својата духовна пракса квантитативно и квалитативно.

Трагачите по вистината, поради својата духовна пракса, имаат пристап до поголема заштита од Бога. Помеѓу сите случаи на парализа во сонот, само 10% се случува во будна состојба, а 90% за време на сонот. Било да се случи еднаш во животот или почесто, само 30% од луѓето се свесни за оваа појава, додека 70% од луѓето немаат свест за тоа што им се случува. Објаснувањето за ова може да се најде, во тоа што нападите се случуваат во длабок сон, или се толку брзи што лицето дури да не е ниту свесно.

  • Зошто почесто се случува кај младите луѓе? Почесто се случува кај младите луѓе, затоа што пред нив е поголемиот дел од животот, па со самото тоа имаат да подмират максимална количина од сметките на земање и давање. Негативната сметка на земање и давање со духот или предокот од суптилниот регион на Чистилиштето или Пеколот, може да се случи преку парализата во сонот, Исто така поради тоа што световните желби се најизразени всушност кај младите луѓе, тие стануваат мета за опседнување од страна на духовите, кои на тој начин ги реализираат личните желби.Оние пониските лица или со постара возраст, не се од некоја корист за духовите во смисла на исполнување на нивните желби. Најстарите лица ги подмириле повеќето сметки на земање и давање во текот на животот и тие поминале преку многу искушениа во животот.
  • Зошто се случува воглавном кога некој спие на грбот? Причината за тоа е што, за време на спиењето на страна, еден од двата главни канали на Кундалини системот на духовната енергија е активен. Во положбата на грб Кундалини е најмалку активен. Така протокот на енергија е намален, и најлесно е да се блокира моторниот систем на некое лице. Кундалини системот на енергијата е духовна енергија, која што протекува преку многу системи и органи во телото и е клучна за нивната работа. Затоа парализата во сонот во 70% од случаите се случува кога некој спие на грб.
  • Зошто се случува кога некој влегува во сон или излегува од него? Според духовните истражувања, само во 10% од случаите се случува кога некој влегува или излегува од сонот. Во 90% од случаите се случува во текот на сонот и поради тоа нападнатото лице не е ниту свесно или е делумно свесно за тоа. Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) ги проучуваше случаите на некои доброволци, кои што страдаат од парализа во сонот. Се покажа дека повеќето од нив се неподвижни или несвесни. При обидот да бидат разбудени, се гледаше дека се неподвижни. Негативните енергии повеќе сакаат да влијаат на лицето за време на длабок сон, затоа што тогаш е потребно да вложат минимум енергија, и да прават што сакаат со тоа лице, на пример да ги исполнат своите сексуални желби.
  • Времетраење: Времетраењето на просечното влијание, утврдено со духовното истражување, е помеѓу 3 минути до 3 часа.
  • Како да се одреди причината за парализата во сонот? Само лице со активно шесто сетило, може навистина да одреди кога влијанието е физичко, психолошко или духовно. Меѓутоа, интелектуално може да се претпостави дека парализата во сонот е од духовна природа, ако другите физички или психолошки причини се отсутни.


Се надеваме дека разбирањето на клучната причина и мерките за исцелување за проблемите со парализата за време на сонот, ќе го намали човечкиот страв и срам, и така сите луѓе ќе ги охрабри и поттикне да го надминат овој проблем.

4.1 Видови на парализи за време на спиењето кои што ги предизвикуваат духовите

Духовното истражување покажа дека сите влијаниа на парализа во сонот, предизвикани од духовите, можат да се сортираат во три категории.

4.1.1 Притискање на телото на лицето

Во повеќето случаи, лицето лежи на грбот додека тоа се случува. Овде духот го притиска телото на лицето надолу. Затоа лицето не може да се помести.

Како е применет притисокот?

Духовите (демоните, ѓаволите, негативните енергии) го користат законот на избор да одлучат која метода да ја користат, за да направат максимална непријатност врз лицето што го напаѓаат. Тие ја бираат методата кај која со употреба на минимум енергија, создаваат максимум непријатност.

Духовите се состојат од Апсолутниот Елемент на Воздухот, додека луѓето се состојат од Апсолутниот Елемент на Земјата и Апсолутниот Елемент на Водата. Во смисла на космичките елементи, Апсолутниот Воздух е на повисок степен, т.е. надмоќен во однос на Апсолутната Земја и Апсолутната Вода. Црната енергија, која што е функција на нивната духовна моќ, е нивно примарно оружје. Без оглед дали создаваат притисок, или врзуваат јазли или прават мрежа, во основа црната енергија на духот делува како отровен гас, кој што влијае на целокупниот состав на човекот. Зависно од тоа како духот планира да го попречува лицето, бира орган и начин на кој ќе го нападне.

Останати карактеристики на овој тип на напади:

  • Менталните способности на лицето се недопрени, тоа сака да се помести, но не е способно за тоа.
  • Ова може да трае неколку моменти или неколку часа по нападот.
  • Луѓето во близина на нападнатото лице, мислат дека лицето спие.
  • Лицето кое што минува преку нападат е потполно свесно, и може да ги слушне луѓето околу себе, но не може да побара помош.
  • Понекогаш ова е придружено со непријатен мирис, кој што го создаваат духовите со помош на својата црна енергија. Лицето го чувствува со помош на шестото сетило или со помош на над-сетилната перцепција, те духовното восприемање. Ве молиме да го прочитате написот за шестото сетило, заради подетално разбирање како ги осеќаме мирисите, вкусовите, забележување со видот, допирот, звуците, итн. преку нашите суптилни сетила.
  • Нападот генерално е спроведен од страна на духовите од било кој регион на Пеколот.
  • Времетраењето на нападот зависи од духовната моќ на духот, колку силно има намера да влијае врз лицето и духовната моќ на нападнатото лице.
  • Во некои случаи луѓето имаат почувствувано ефекти од вибрации. Вибрациите се индикација за промашена или нецелосна имобилизација од страна на духот.
  • Во случаи кога нападот престане, така да лицето се протресе, факторот за причината е или напуштање на тоа место од страна на суптилното тело на предокот или Кундалини.

Кликнете овде за анализа на случајот од овој тип на парализа во сонот.

4.1.2 Врзување на телото на лицето

  • Овде се прикажани вишите духови како суптилните мантрици од четвртиот регион на пеколот (Патал), како ги користат своите натприродни моќи (сидии), за да го врзат телото на лицето со помош на јажиња од својата црна енергија. Во тој случај, лицето се осеќа врзано, неспособно да се помести и да зборува.
  • Лицето го чувствува сето погоре наведеното, освен што нема притисок.

Кликнете овде за анализа на случајот од овој тип на парализа во сонот.

4.1.3 Контрола на умот и интелектот

  • Во овој случај лицето е целосно опседнато од духовите (негативните енергии). Телото, умот и интелектот се целосно парализирани од страна на духовите.
  • Овде духовите од повисоките нивоа (те. духовите со поголема духовна моќ), како што се црните магови од четвртиот регион на пеколот (Патал), ги користат своите натприродни моќи (сидии) за да направат мрежа, како обвивка од црна енергија околу телото на лицето.
  • Оваа обвивка од црна енергија е направена со подготовка на жртвен оган во регионот на пеколот. Кога обвивката околу лицето еднаш е направена, неговиот ум и интелект стануваат тапи и лицето не може да се помести ниту да зборува.

5. Зошто негативните енергии ова го прават?

Постојат четири главни причини, зошто духовите го попречуваат или опседнуваат лицето

  • Бараат освета
  • Се обидуваат да ги задоволат личните желби
  • Чувствуваат задоволство кога ги мачат другите
  • Ги попречуваат трагачите по Вистината

Сите овие точки се објаснети во написот: Која е целта на постоењето на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.)?

6. Духовни мерки за надминување на парализата во сонот

6.1 Што може лицето да направи да излезе од парализата во сонот?

Како што причината за парализата во сонот е од духовна природа, таа може да се излечи единствено со духовни мерки.

  • Кога лицето се најде во ваква ситуација, првата работа што треба да ја направи е да се помоли на Бога.
  • Кога влијанието е надминато, треба да се изрази благодарност на Бога за избавувањето од таа состојба.

Ако не дојдеме во паника и веднаш почнеме со духовна пракса, да го пееме Божјото Име, со тоа ја повикуваме Божјата енергија, по што доаѓа до зголемување на нашата духовна енергија и способноста да се избориме против негативните енергии, и го намалиме времетраењето на влијанието на парализата.

6.2 Што лицето може да направи за да биде сигурно дека тоа нема да се повтори?

Целта е создавање на Божја заштитна обвивка околу лицето и зголемување на основната суптилна сатва (чистота и знаење) компонента.

Тоа може да се постигне со:

  • Редовно пеење на Божјото Име според религијата на раѓање, кое што во денешно време го препорачуваат Светците како најпогодна духовна пракса.
  • Чести и искрени молитви за заштита од негативните енергии и за духовен раст.
  • Мерки за духовно исцелување како што се Свет пепел, Света вода, палење на миризливи стапчиња во домот, ставање на нозете во солена вода, итн. Стапчињата би требало да бидат од сандаловина, јасмин или пандануса (кевда) затоа што се сатвик (кога преовладува сатва компонентата, те чистотата и знаењето).

6.3 Како други можат да помогнат на попреченото лице?

Во сите случаи во кои што се применуваат духовни мерки, принципот е исти. Целта е да се зголеми суптилната сатва компонента и истовремено да се намали тама компонентата.

Она што можеме да го направиме е следното:

  • Молитви за заштита
  • Можеме да запалиме миризливо стапче во близина на тоа лице. Се препорачуваат мирисите од сандаловина, јасмин или кевда.
  • Можеме да ставиме малку Свет пепел на челото на попречуваното лице.
  • Да ставиме слика на Божество или Божјиот принцип близу до тоа лице.
  • Можеме да пуштиме снимка со пеење на Божјото Име.

Можеме да го протресеме лицето, ако сме свесни дека се наоѓа во таква состојба. Ова ќе му помогне да излезе од таа состојба. Причината за тоа е што во ситуација на блокада на лицето, неговата периферна суптилна мрежа од духовната енергија, како да доживее краток спој. Со протресувањето повторно ја задвижуваме циркулацијата на таа енергија. Како што таа енергија се задвижува и лицето почнува да се раздвижува.

За превентивни методи за духовно исцелување, ве молиме видете го нашиот напис за духовното исцелување.

Надворешни референци