Будење на кундалини енергијата и духовното ниво

Будењето на Кундалини духовната енергија, како и будењето и активирањето на чакрите е процес кој е тесно поврзан со духовното ниво на поединецот. Следната табела ги содржи резултатите од духовното истражување, во кое се види дека само одредено духовно ниво ја активира Кундалини која протекува преку Централниот канал будејќи ги чакрите. Будењето на Кундалини духовната енергија почнува кога лицето достигне духовно ниво над 60%.

Духовно ниво

Чакра која се буди​

65%

Муладара-чакра

70%

Свадиштана-чакра

75%

Манипура-чакра

80%

Анахата-чакра

85%

Вишуда-чакра

90%

Ајна-чакра

95%

Сахасрара-чакра

Над 95%

Брамарандра​

Во денешно време, посебно во њу-ејџ круговите, често се разговара за чакрите. Се спомнува дека одредени чакри се отворени или затворени и се дискутира за тоа како некоја чакра да ја ставиме во рамнотежа. Ова верување е погрешно затоа што (погледнете ја претходната табела) чакрите не се активираат се додека духовното ниво на лицето не достигне до горе наведеното, одредено духовно ниво. Кај повеќето луѓе, чакрите се воглавно мирни и неактивни. Она што се чувствува всушност е активирањето на ќетна, која е позната како праншакти, или витална енергија (Прана-шакти). На пример, активирањето на ќетна, која силно се чувствува во подрачјето на срцето, погрешно се толкува како активност на чакрите.