Свесност за време на парализа во сонот со отворени очи
Забелешка: За повеќе детали во врска со тоа зошто оваа појава се случува, ве молиме погледнете го написот Парализа за време на спиењето (во сонот) – Истражување засновано на духовната наука.
Парализа во сонот искусив само еднаш во мојот живот, и тоа пред околу 10 години. Сеуште добро се сеќавам на тоа искуство, бидејќи беше едно од најморничавите искуства кои некогаш сум ги имал во мојот живот. Тогаш имав 25 години. Се сеќавам дека се пробудив во текот на ноќта и сфатив дека неможам да се движам. Прво помислив дека тоа е лош сон, но потоа сепак сфатив дека не е бидејќи очите ми беа отворени, а неможев да го помрднам моето тело без обзир на тоа колку и да се обидував. Се уплашив бидејќи незнаев што се случува. Гледав во таванот и низ собата сигурно триесет минути. Неможев да довикувам за помош. Конечно, се одлучив да се обидам повторно да заспијам.
Утрото откако се разбудив, мојата прва мисла беше дали ќе можам да го помрднам моето тело. За среќа, можев да го помрднам. Дури и денес, целото искуство е се уште така живо во моето сеќавање. Откако се приклучив во SSRF, почнав подобро да ги разбирам причините за овие феномени и духовните мерки кои можам да ги применам за да ги надминам, доколку повторно се појават.