1.Вовед
Ние во Фондацијата за истражувања базирани на духовната наука (SSRF) посветени сме на почитувањето на вашата приватност и на усогласеноста со политиката што е наведена овде. Во понатамошниот текст се нарекува „политика за приватност“.
Со користење на веб-страницата на SSRF (на компјутер или на мобилен уред), исто така наведена подолу како „страница“, или „веб-страница“ или „нашата веб-страница“, се согласувате со условите наведени во оваа политика за приватност.
Политиката го опишува типот на информациите и податоците што ги собираме кога ја користите нашата веб-страница, опцијата за разговор во живо, објавувате коментар, купувате од нашата онлајн продавница, правите донации или се регистрирате и/или присуствувате на еден од нашите онлајн настани (работилници, преноси во живо, состаноци, предавања, итн.).
Политиката, исто така, ги објаснува практиките на собирање, користење, складирање, одржување, заштита и откривање на информациите што се собираат.
Повеќето од податоците што ги собираме се внесени директно од вас, особено во врска со какви било информации за лична идентификација. Некои податоци се собираат и без ваша согласност, бидејќи е неопходно веб-страницата да се направи поинтуитивна и попријатна за корисниците.
Сите други веб-страници на кои се поврзани некои од нашите статии не се опфатени со Политиката за приватност на SSRF – ако ги посетите тие веб-страници, ви препорачуваме да ја прочитате нивната политика за приватност, бидејќи таа ќе важи за вас кога ќе пристапите на надворешната веб-страница.
Редовно ја прегледуваме и ажурираме нашата политика за приватност, а сите промени се рефлектираат на оваа веб-страница. Оваа политика за последен пат е ажурирана на 6 април 2022 година.
За да поставите прашања во врска со заштитата на личните податоци, приватноста и безбедносните прашања, како и да ја повлечете претходно дадената согласност, контактирајте нѐ на [email protected]
2. За нас
Фондацијата за истражувања базирани на духовната наука INC („SSRF“) е непрофитна организација. Ние сме регистрирани во:
- Австралија, кај австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) ABN 49 119 742 291
- Соединетите Американски Држави, во државата Њу Џерси бр.: 0400176958
- Германија, во Локалниот суд, Штендал, Регистар на здруженија бр. VR 6298
- Хрватска, во Регистарот на здруженија на Република Хрватска под регистарски број 21012023
3. Кои податоци ги собираме?
Информации дадени од ваша страна:
- Информациите за лична идентификација (PII) што ги давате (на пр., кога доброволно се регистрирате за сметка, настани, известувања преку WhatsApp; при купувања, испраќање на прашања преку разговор или при најавување, барање за техничка поддршка на веб-страната од SSRF итн.), можат (но не е ограничено) да вклучуваат:
- име
- годината на раѓање
- адреса за достава
- адреса за фактурирање
- и-мејл адреса
- лозинка за сметката SSRF
- телефонски број
- информации за кредитна картичка
- други општи информации поврзани со вашите области на интерес на нашата веб-страница, како што се опциите за донации и прашањата.
- Информации што не се доверливи, како на пример:
- секоја информација што ја откривате на јавноста преку опцијата за коментари
- Други информации што не содржат податоци за лична идентификација
- IP-адресите на интернет провајдерот
- типот и верзијата на пребарувачот што го користите
- географска локација, град, покраина или држава
- времето поминато на веб-страницата и посетините страници
- други информации поврзани со користењето на веб-страницата, што не се сметаат за лични податоци.
- Други информации што се евидентираат кога ќе ја посетите веб-страницата на SSRF:
-
- дали претходно сте потврдиле дека се согласувате со политиката за приватност на SSRF.
-
Ве советуваме да ги ограничите или да не ги објавувате или пренесувате личните информации во јавноста преку нашите услуги, како што е опцијата за коментари.
3.1 Собирање на вашите податоци
Во некои случаи, ги обработуваме вашите податоци (за лична идентификација) кога сте ни дале согласност да го сториме тоа (на пр., регистрирање за билтени, сметки, правење донации или купувања). Важно е да се напомене дека, во случај да изберете да ја повлечете согласноста, некои од услугите за кои вашите податоци се апсолутно неопходни за извршување на самата услуга, можеби нема да останат целосно функционални за вас.
Освен тоа, некои колачиња и алатки за обработка на податоци што се користат на веб-страницата на SSRF, а кои се неопходни за нејзината функционалност (на пр., разговор во живо), за заштитата на вашите податоци и за идентификација и пријавување на сомнежите за измами и/или прекршувања на податоците, може да собираат податоци без ваша согласност. Овие податоци не содржат податоци за лична идентификација а исто така се анонимизирани или заштитени со шифрирање од крај до крај во фазата на собирање, така да нивното следење води до вас.
Во зависност од собраните податоци, некои се обезбедени директно од вас, некои се собираат преку колачиња, а дел од собраните податоци се преку употреба на процесори од трета страна. За детали, погледнете го делот „Споделување податоци“ подолу, а исто така прочитајте ја и нашата Политика за користење на колачиња [link].
3.2 Користење на вашите податоци
Информациите што ги собираме или добиваме можеме да ги користиме на следните начини:
- За да ви испраќаме известувања по е-пошта или WhatsApp за настаните на SSRF и нашите соработници, нови статии и/или билтени, доколку сте се претплатиле (пријавиле) на нив. За запознање/потсетување на нови функционалности или производи и услуги поврзани со страницата.
- Како одговор на поединечни прашања и коментари.
- За да одговориме и да ги исполниме барањата за производи и услуги направени преку SSRF Shop (онлајн продавницата на SSRF). Исто така, ги пренесуваме деталите за нарачката на мрежниот портал за плаќање за да наплатиме во наше име.
- За да ве контактираме за статусот на вашите нарачки, донации и регистрација на настани, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на нивното завршување.
- Пополнување на анкетата ако сте регистриран член на SSRF. Секогаш ќе имате опција да не учествувате или да давате повратни информации.
- За да ве известиме за какво било прекршување на податоците, проблеми со вашите сметки, означување на активност која се смета за измамничка.
- За подобрување на корисничкото искуство.
- Како одговор на навредлива, несоодветна или непристојна содржина каде било на или кон SSRF, или вклучување на некој друг начин во какво било вознемирувачко однесување на страницата.
- Како одговор на правните барања и за да ги спречиме доколку добиеме повик или друго законско барање, можеби ќе треба да ги прегледаме информациите што ги имаме за да одредиме како да одговориме.
Под посебни околности, може да биде побарано од нас да ги откриеме вашите лични податоци:
- За усогласување со правните органи (на пр., судски наредби, владини барања, регулаторни цели)
- За заштита на интересите, имотот и правата на SSRF, на неговите корисници или на другите, или за спроведување на правилата на веб-страниците.
Ние не ги продаваме и не ги споделуваме вашите податоци со трети страни, освен ако е потребно за мрежниот портал за плаќање и апликациите од трети страни кои им помагаат на нашите услуги.
3.3 Складирање на вашите податоци
Иако самиот интернет не е 100% безбеден, имплементиравме соодветни технички и организациски безбедносни мерки за заштита на безбедноста на сите лични информации што ги обработуваме.
Ве молиме имајте предвид дека преносот на лични податоци до и од нашата веб-страница е на ваш сопствен ризик. Треба да пристапите на која било веб-страница само во безбедно опкружување.
Мерките што ги спроведуваме се наменети за заштита на вашите информации за лична идентификација (PII) на физичко, електронско и менаџерско ниво од злоупотреба, загуба или неовластен пристап, вклучително и преку заштитни ѕидови, пристап до лозинка и безбедни сервери и шифрирање на податоци:
- Физичка безбедност: Веб-страницата на SSRF е поставена на сервери во центар во кој се имплементирани мерки за висока безбедност за податоците кои вклучуваат и заштитен ѕид.
- Користиме контролен панел обезбеден од давателот на хостинг за да направиме какви било промени. На самиот сервер не се прават рачно изработени промени.
- Користиме веб-апликација со заштитен ѕид. Сите барања на веб-страницата минуваат низ овој заштитен ѕид. Ова е дополнителна заштита на вашите податоци.
- SSRF користи HTTPS безбеден протокол со TLS сертификати на целата веб-страница, вклучувајќи најавување, регистрација, продавница, настани итн.
- Користиме најавување со силни лозинки за да ги прегледаме, бришеме или менуваме нашите бази на податоци.
- SSRF ги шифрира сите лозинки што ви овозможуваат интеракција со веб-страницата. Ова вклучува пренос, проверка и складирање на лозинки. Ова значи дека никој од нашите вработени не може да ги види вашите лозинки.
- Ги шифрираме вашите лозинки за да не можат да се читаат додека информациите патуваат преку Интернет или се наоѓаат на нашите сервери.
- Базата на податоци на SSRF е заштитена од неовластен пристап со серија софистицирани софтверски програми за заштита.
- Информациите за кредитната картичка:
- Не складираме информации за кредитната картичка на нашата веб-страница или на нашите сервери.
- Користиме онлајн систем за плаќање и сите ваши финансиски информации што ги давате за време на трансакција со кредитната картичка им се познати само на овие даватели на услуги.
- Сите опции за автоматско пополнување што се појавуваат се зачувани во вашиот прелистувач или во базата на податоци на компанијата што ја обработува финансиската трансакција.
- Пристап до вашите податоци:
- SSRF го ограничува пристапот до вашите лични податоци на претставниците на SSRF кои ги обработуваат податоците и кои се должни да ги исполнат вашите барања за одредени информации, услуги или производи.
- Вашите лични податоци се заштитени со лозинка со пристап само од членовите избрани за извршување на овие задачи и овластените лица.
- Редовна проверка:
- Периодично, нашите операции и практики, политики и процедури на организацијата се прегледуваат за безбедност и приватност
- Оваа политика може да се ажурира од време на време, затоа ве молиме периодично проверувајте ја оваа изјава бидејќи ваша одговорност е да се осигурате дека сте запознаени со нашите најнови политики..
- Ќе ги задржиме вашите информации во нашите системи сѐ додека не утврдиме дека треба да се исчистат, освен ако не побарате конкретно да истапите од нас и да не бидете повеќе во нашата база на податоци.
- Имајте предвид дека сме должни да ги чуваме податоците обработени преку продавницата на SSRF седум години за даночни и правни цели. Ако сте загрижени за вашите информации во продавницата на SSRF, можете да не контактирате на [email protected], наведете дека барањето се однесува за продавницата на SSRF.
Сите податоци собрани од серверот се чуваат на сервери во ЕУ. Во случаи кога вториот сервер се наоѓа надвор од ЕУ, имајте предвид дека тој е дел од рамката за заштита на приватноста. Ако пристапувате до нашите услуги надвор од Соединетите Американски Држави, имајте предвид дека вашите информации може да бидат префрлени, складирани и обработени од нас и од третите страни наведени во делот „Споделување податоци“.
3.4 Заштита на вашите податоци
Се стремиме да ги преземеме сите неопходни мерки за заштита на вашите лични податоци во согласност со оваа политика за приватност и важечките закони.
Исто така, складираме податоци од процесорите од трета страна. Погледнете го делот за споделување податоци подолу за детали.
3.5 Споделување на податоците со трети страни
Ние ги споделуваме и откриваме вашите информации само со следните типови на трети страни. Можете да прочитате поконкретни детали за конкретните продавачи од трети страни подолу:
Процесори од трета страна
Процесор | Како се собира / складира | Колку долго? | Политика на приватност – линк |
---|---|---|---|
Google Analitics | Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб-страница, ако сте прифатиле колачиња на Google Analytics, податоците ќе се собираат и складираат на оддалечените сервери на Google насекаде во светот. | 38 месеци | Google Analytics Privacy Policy |
Google Ads | Ако дојдовте на нашата веб-страница преку Google Ads, податоците се собираат ако сте прифатиле колаче на нашата веб-страница. Тие се складирани на серверите на Google насекаде во светот. | Податоците или се анонимизираат или се бришат по 18 месеци | Google Ads Privacy Policy |
iTunes/iCloud | Ако сте се претплатиле на нашите известувања за WhatsApp, ги складираме информациите за вашиот телефонски број од WhatsApp на iTunes | 36 месеци | Apple Privacy Policy |
Google Drive | Ако сте се регистрирале преку најавување, или сте се претплатиле на нашите известувања за настани или билтени, или сте пополниле формулар на Google што го создадовме, може да складираме податоци на Google Drive | 36 месеци | Google Privacy Policy |
Со пријавување за настани.
Пораките се зачувани на уредот, но податоците може да се обработуваат каде било во светот според политиката за приватност на WhatsApp. |
36 месеци | WhatsApp Help Center – General | |
LiveChat | Секогаш кога корисникот разменува пораки преку Livechat.
Сите комуникации што ги имате со нас преку Livechat, како и адресата на е-пошта што ја внесувате во LiveChat, се зачувани на серверите LiveChat во САД или Германија. Стандардната поставка е САД. |
Зачуваните податоци немаат рок на траење, но може да се отстранат на барање | Privacy Policy (livechat.com) |
Sendgrid | Ако сте побарале да добивате билтени или известувања за настани од нас преку е-пошта, ја споделуваме вашата адреса за е-пошта со Sendgrid за да испраќаме е-пораки. Податоците се чуваат на Sendgrid серверите
Секогаш кога корисникот ќе кликне, контактите на е-поштата, пораките, комуникацијата се испраќаат преку SendGrid. Податоците се складираат на локациите на центрите за податоци SendGrid. |
Jа задржува активноста/метаподатоците за е-пошта (како што се отворања и кликнувања) 30 дена.
Зачувува збирна статистика за поднесување корисници и списоци за откажување (откажување, отпишување) и извештаи за спам (што може да ја ограничи содржината) на неодредено време и складира минимум случајни примероци на содржина 61 ден. Лични податоци за 30 дена и евиденција за безбедносни настани за 365 дена.. Детали |
Sendgrid Privacy Policy |
CookiePro | Единствениот ID (идентификација) на посетителот на страницата | CookiePro не следи никакви лични податоци што може да се проследат до крајниот корисник. Единствениот ID на посетителот на страницата се евидентира една година, што е исклучиво за статистички цели. | Privacy Notice | OneTrust |
Cloudflare | IP адреса | 30 денови | Cloudflare’s Privacy Policy | Cloudflare |
WooCommerce | Сите барања за купување | 3 години | WooCommerce Privacy Policy
https://woocommerce.com/document/marketplace-privacy/#section-4 |
Paypal | Обработка на плаќање | 7 години | https://www.paypal.com/webapps/mpp/ua/privacy-full |
Stripe | Обработка на плаќање | 5 или повеќе години | https://stripe.com/en-au/privacy |
WSDesk – ELEX | WordPress Helpdesk & Customer Support Ticket System Plugin | https://elextensions.com/policy/ |
4. Што правиме во случај на повреда на податоците?
Прекршување на приватноста се случува кога има неовластен пристап до или собирање, користење, откривање или отстранување на лични информации.
Ако дојде до прекршување на податоците, иако е мала веројатноста тоа да се случи, политиката за приватност на SSRF е како што следи:
- Ќе бидете известени за прекршување на податоците без непотребно одложување ако SSRF смета дека сте изложени на ризик или сериозна штета и ако сте ни ги дале вашите податоци за контакт и сте ни дале дозвола да ве контактираме преку е-пошта или WhatsApp. На пример, прекршување на податоците што може да резултира со сериозна финансиска штета или штета на вашата ментална или физичка благосостојба. Исто така можеме да ги известиме посетителите за прекршување на податоците на почетната страница на нашата веб-страница.
- Во случај SSRF да дознае за нарушување на безбедноста што резултирало или може да резултира со неовластен пристап, употреба или откривање на лични информации, SSRF веднаш ќе го истражи случајот и ќе го извести важечкиот надзорен орган/и најдоцна 72 часа откако ќе дознае за тоа, освен, што е малку веројатно, ако прекршувањето на личните податоци ќе доведе до ризик за правата и слободите на физичките лица.
5. Приватност на податоците на малолетните лица
Сите услуги на нашата веб-страница (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: најавување, разговор, коментари, продавница, донации, регистрација на настани, претплати, итн.) се наменети за поединци на возраст над 18 години или за малолетници со писмена согласност од законски старател.
Ние свесно не собираме податоци од никого што е помлад од 18 години.
Ако дознаеме дека личните податоци на корисник на возраст под 18 години се собрани без изречна писмена согласност од неговиот законски старател, ќе ја деактивираме сметката и ќе преземеме разумни чекори за навремено да ги избришеме тие информации од нашата евиденција.
Доколку дознаете за какви било информации што сме ги собрале од деца помлади од 18 години, ве молиме контактирајте нѐ на [email protected]
6. Деактивирање на сметката и откажување на претплатата
На ваше барање за откажување на сметката, ќе ја деактивираме или избришеме вашата сметка и информациите од нашите активни бази на податоци.
Сепак, некои информации можеби ќе треба да се задржат во нашите датотеки за да се спречи измама, да се отстранат проблемите, да се помогне во какви било истраги, да се спроведат нашите услови за користење и/или да се усогласат со законските барања.
Кога ќе се откажете од нашиот список со е-пошта за билтен и/или претплата на whatsapp, ќе бидете отстранети од списокот со е-пошта – сепак, ние ќе ги задржиме вашите информации во период од 3 години за безбедносни цели.
Ако сакате да се откажете од нашата мејлинг листа, можете да го сторите тоа со кликнување на „Unsubscribe“ (Отпишете ме). под која било е-пошта што ја добивате од нас. Ако сакате да се откажете од нашата листа на контакти на WhatsApp, можете да ни одговорите на WhatsApp со пораката „Unsubscribe“ (Отпишете ме).
Ако сакате да ја укинете вашата сметка и да ги избришете сите ваши податоци, можете да го побарате тоа на [email protected]
7. Дополнителни права и одредби
Како резултат на зголемениот број држави, земји и региони со нови и ажурирани закони за приватност и заштита на податоците, вие исто така ги имате следните права:
- Право на копии од собраните податоци, испратени до вас или до друга организација под одредени услови
- Право да се биде заборавен/да се избришат податоците
- Право на исправка на лични податоци
- Право на одбивање да се соберат или обработуваат вашите податоци
- Право на ограничување на собирањето и обработката на податоците
- Право на приговор за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
- Право на поднесување жалби до регионалните власти за приватност во врска со тоа како се постапува со вашите податоци
Доколку сакате да искористите некое од горенаведените права, ве молиме пратете ни барање по е-пошта на [email protected] и ние ќе одговориме во рок од еден месец; во зависност од бројот на барања и сложеноста, ќе ве информираме дали е потребно продолжување (до период од дополнителни два месеци) и за причините за доцнењето.
Го задржуваме правото да ја измениме оваа Политика за приватност по сопствено наоѓање. Сите промени или измени ќе бидат објавени овде и ќе бидат означени со „ревидиран“ ажуриран датум. Ажурираната верзија ќе биде ефективна веднаш штом ќе биде достапна.
Во случај на какви било материјални промени во оваа политика за приватност, може да ве известиме или со ставање истакнато известување на нашата почетна страница или да ви испратиме известување преку е-пошта или WhatsApp ако ни дадете дозвола да контактираме со вас.
Ве охрабруваме често да ја прегледувате оваа политика за приватност за да бидете информирани за тоа како ги заштитуваме вашите информации.
Прашања или коментари во врска со оваа Политика за приватност може да се упатат до: [email protected]
Датум на ревизија на тековната политика: 6 април 2022 година