Што се проблеми со суптилните тела на преминатите предци?

Според духовната наука, а она што е непознато за модерната наука, 50% од проблемите во нашиот живот се предизвикани исклучително од духовните фактори, додека преостанатите 30% се предизвикани од духовните психолошките и/или физичките фактори.

Главни причини за проблемите во животот

Ве молиме прочитајте го написот: ’Вистински духовни причини за проблемите во животот

Една од формите на животните проблеми вкоренети во духовната димензија се тешкотиите кои на потомците им ги создаваат суптилните тела на нивните преминати предци и тоа го погаѓа целото човештво на овој или оној начин. Пред да објасниме зошто предците сакаат да ни направат било каков проблем, ќе ги испитаме видовите на тешкотиите кои луѓето можат да ги доживеат, а кои се предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.

Суптилните тела на преминатите предци можат да ни создаваат препреки во световниот живот како и во духовната пракса. Во некои случаи може да изгледа како над целото семејство се надвил некој црн облак, па голем број на членови од семејството трпи разни проблеми и покрај вложувањето на голем труд да ги надминат. Попречувањата што ги ствараат суптилните тела на преминатите предци можат да се појават во рзни форми. Ќе наведеме некои примери:

  • Неможност за склопување на брак
  • Неусогласеност во бракот
  • Болести од зависности (во просек 70% од болестите од зависностите се предизвикани од проблемите со суптилните тела на преминатите предци)
  • Неуспех на испитите и покрај тоа што добро сме се спремале
  • Губење на работа
  • Неможност за зачнување
  • Абортус
  • Раѓање на ментално заостанати деца или деца со посебни потреби
  • Смрт за време на детството

Абортусите, смртта во детството, итн, се случуваат кога проблемите со суптилните тела на преминатите предци се соединат со другите духовни причини како што е судбински одредена можност за смрт. Ова не може да се случи само поради пречките кои ги предизвикале суптилните тела на преминатите предци. Иако проблемите споменати погоре можат да бидат моќен показател за проблеми од суптилните тела на преминатите предци, само Светец или Гуру (духовен учител) може со сигурност да потврди што е главната причина за проблемот.

На интелектуално ниво можеме да користиме два начина за да утврдиме дали причината за страдањето е од духовна природа:

  • Ниту еден лек не може да го реши проблемот. Ова посебно важи за случај кога проблемот би требало лесно да се реши со помош на модерната наука, како што е осип по кожата, болки во градите, итн.
  • Неколку членови на семејството, (нпр. 4 од 5 лица) истовремено страдаат од еден од претходно наведените проблеми. (Членовите на истото семејство се погодени со овие проблеми затоа што имаат исти предци).