Кој е Божество?

Концептот на Божества во духовната наука, најдобро може да се објасни со една аналогија. Дали некогаш сте се запрашале зошто постојат огромен број на бои во светот, кога имаме само три основни бои т.е. црвена, сина и жолта.

Ние знаеме дека разните пермутации и комбинации на трите основни бои, ствараат безброј нови бои.

Исто така, иако Бог е еден, Тој се манифестира на разни начини за да ги врши многуте разни индивидуални функции во Универзумот. Со цел да ги изврши тие функции во Универзумот, Бог се манифестира во пет основни принципи.
Тие се:

  •  Создавање: Се е создадено.
  •  Одржување: Се што е создадено се одржува.
  •  Разградување: Се што е создадено и одржано на крајот е уништено.
  •  Многубројност: Бог е во се.

Овие пет основни принципи меѓусебно се комбинираат на безброј начини, како би произвеле милиони единствени аспекти на Бога за да ги извршат различните функции во Универзумот. На пример, постои аспект на Бога кој го олеснува учењето, наставата, обезбедува заштита, лечи (исцелува) итн. Според духовната наука, секој таков аспект на Бога има форма и е познат како Божество. Постојат вкупно 330 милиони Божества, и секое има своја единствена улога во Универзумот.