Духовни мерки за физичките болести предизвикани од духовите

Вовед: Познато ни е дека симптомите на физичките болести се предизвикани од физичките и психолошките фактори. Но, многу од нас не се свесни дека во голем број на случаи:

  • симптомите на физичките болести се предизвикани единствено од духовни причини, или
  • дека духовните фактори имаат голема улога во влошувањето на состојбата на физичките болести, или
  • дека духовните фактори се причина зошто болеста не реагира на адекватното лекување.

Во овој напис ќе го прикажеме истражувањето засновано на духовната наука на некои физички болести предизвикани од духовните фактори, те. негативните енергии (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).

Во овој напис не ја изнесуваме исцрпната теза за сите болести, туку намерата ни е да објасниме како разните симптоми се предизвикани од духовите и како можат да бидат излечени со мерките за духовно исцелување, користејќи ги податоците добиени со истражување засновано на духовната наука. 

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) советува продолжување со примената на конвенционалното медицинско лекување заедно со мерките за духовно исцелување на физичките и психијатриските болести.

На читателите им се советува мерките за духовно исцелување да ги применуваат на своја одговорност.

 1. Вовед

Секој од нас некогаш почувствувал некоја физичка болест. Почнувајќи од кијавицата до многу сериозни болести како што се на пример, камења во бубрезите, рак или сида. Во нашиот напис духовни причини за проблемите во животот, објаснивме дека основната причина за проблемите во животот   (вклучувајќи ги и здравствените проблеми) може да биде биде физичка, психолошка иили духовна. Модерната медицинска наука, уште позната како Алопатија до сега ги има откриено само физичките и психолочките причини за физичките болести.

5_-MKD_Root-cause

Во горниот графикон е прикажан процентуалниот однос на причините за проблемите во нашите животи. Истражувањето засновано на духовната наука покажува дека 80% од причините за проблемите во животот ја имаат својата основа во духовната димензија. Важно е да напоменеме дека секој представен физички симптом може да ја има причината во физичката, психолошката или духовната димензија и дека тие не се меѓусебно независни.

На пример, дијаграмот кој што следува прикажува жена која што има силни болки во желудникот, а причините за проблемот можат да бидат физички, психолошки и духовни фактори кои што меѓусбно не се исклучуваат.2-MKD-Stomach-pain

2. Кои се подлабоки дувони причини и кои се духовните мерки за физичките болести?

Поцелосен преглед за специфичните духовни причини за физичките проблеми во нашите животи е даден во написот ‘Духовни причини за проблемите во животот‘.

Секоја од духовните причини може да се манифестира со физичко заболување на лицето. На пример, болките во градите можат да бидат предизвикани со блокада на духовната енергија во пределот на Анахата чакрата или со попречување од страна на дух. Болеста предизвикана со духовни причини може да биде излечена само со одредени духовни мерки. Без оглед на на духовната етиологија на проблемот, духовната пракса заснована на шесте основни принципи на духовната пракса помага одредените духовни мерки подобро да делуваат.

Во овој напис, се фокусиравме само на духовните мерки кои што помагаат во надминување на симптомите предизвикани од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).

Да се вратиме на случајот со жената која што има болки во пределот на желудникот. Ако духот допринесува за зголемување на болките до 70%, тогаш со примената на духовни мерки тешкотиите ќе се намалат во истата пропорција од 70%.

3. Физичка болест предизвикана од духови

Денес речиси секој од нас на овој свет е под извесно влијание од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). За повеќе детали видете го нашиот напис за духовите. Духовите можат да предизвикаат било кои симптоми за физичките болести и тоа на разни нивоа, со нарушување на функциите на било кој од органите или системите во нашиот организам со својата црна енергија. Тие можат да имитираат и инфективни болести предизвикани од бактерии или габички, затоа што се посуптилни дури и од нив. Суптилните тела на нашите преминати предци исто така спаѓаат во таа категорија.

3.1 Како можеме да знаеме дали нашите симптоми ги предизвикале духовите?

Само Светците со високо развиено шесто сетило, можат со сигурност да одредат дали одреден симптом е предизвикан од дух. Тие можат дури и да ги кажат деталите за духот, причината за попречувањето, конкретен лек, итн. За повеќе детали ве молиме видете го написот – ’Нивоа на способност за перцепирање на паранормалните активности со нашето шесто сетило’ .

Лицата со активно шесто сетило, исто така можат до одредена мерка да заклучат дали одреден симптом е од духовна причина. Меѓутоа, тие не можат да бидат 100% сигурни и не добиваат многу детали за природата на духовната причина.

Што е со нас останатите, кои што немаме способност со шестото сетоло (ESP) да утврдиме дали симптомот е предизвикан од дух? Ако сакаме да го користиме интелектот, постојат некои правила кои што можат да ни помогнат да видиме дали нашите симптоми се предизвикани од духовите. Можеме да заклучиме дека постои голема веројатност дека болеста има духовна причина, ако симптомите:

  • не поминуваат ниту после употребата на вообичаените конвенционални лекови,
  • краткотрајни се,
  • необјасниви се,
  • нагласени се за време на полна и млада Месечина и
  • исчезнуваат со примена на духовни мерки.

На пример, ако осипот на кожата упорно не поминува со конвенционални лекови, голема е веројатноста дека е предизвикан со попречување од духовите.

Дури и во случаите каде што основата на причинита за проблемот е физичка, психолошка или духовна (освен духовна), се препорачува комбинирање на медицинското лекување со духовните мерки кои што ги наведуваме во продолжение. Причината за тоа е што духовите ја користат ранливоста предизвикана од болеста за да попречуваат уште повеќе лица и ја зголемуваат или влошуваат болеста. Дури и ако болеста почнала само од физички причини, во повеќето случаи подоцна може да се комплицира со влијанието на духовите.

4. Објаснување на табелата и како да ја користиме

Пет параметри се дадени во делот пеаници за духовно исцелување:

Симптом: Ова ги подразбира симптомите кои што некој ги има, а се предизвикани од духовите, како на пример грозница на усните, доживување на нефизички сексуален однос, итн. Се дадени симптомите наместо болестите поради подобра прегледност и снаоѓање на нашите читатели.

Во овој напис не ја изнесуваме исцрпната теза за сите болести, туку намерата ни е да објасниме како разните симптоми се предизвикани од духовите и како можат да бидат излечени со мерките за духовно исцелување, користејќи ги податоците добиени со истражување засновано на духовната наука.   

Ниво на петте Апсолутни космички елементи (Панча-татва) : Овој дел ги објаснува симптомите на болестите според тоа, кое ниво од петте космички елементи е погодено и предизвикува одреден симптом.

Медицинската (алопатската) дијагноза е ограничена само на сознанието која бактерија предизвикала одредена болест во случај на инфективна болест, или дека функцијата на одреден заболен орган е нарушена, како на пример ендокрината жлезда, итн. Овде науката е ограничена на биолошките или психолошко-биохемиските нивоа на клетките.

Древната медицинска наука на Индија, Ајурведата, навлегува многу подлабоко при дијагонстицирање на болестите и нарушувањата. Таа допира до нивото подлабоко од нивото на протоните, неутроните, мезоните, глуоните и кварковите и дијагнозата ја поставува според нивото на петте космички елементи од кои се состои целокупната креација. Ве молиме да го видите написот за Петте Космички Елементи.

Важноста на поставувањето на дијагноза на ниво на космичките елементи е во тоа да лекот кој што треба да го примениме треба да биде на исто или на повисоко ниво.

Следуваат неколку примери за лековите за духовно исцелување во согласност со петте космички елементи, од најнискиот до највисокиот. Апсолутниот елемент Земја е најнизок и најгруб помеѓу суптилните космички елементи, додека Апсолутниот елемент Етер е најсуптилен, најфин и највисок во хиерархијата.

Космички елемент Лек за духовно исцелување
Елемент на Апсолутната Земја или принцип на Апсолутната Земја (Прутвитатва) Парфем од етерични масла од сатвик билки
Елемент на Апсолутната Вода или принцип на Апсолутната Вода (Апататва) Земање Света вода (Тирта)третман со солена вода 
Елемент на Апсолутниот Оган или принцип на Апсолутниот Оган (Теѓтатва) Примена на Свет пепел (Вибути)
Елемент на Апсолутниот Воздух  или принцип на Апсолутниот Воздух (Вајутатва) Дување на Свет пепел
Елемент на Апсолутниот Етер или принцип на Апсолутниот Етер (Акаштатва) Кутии и гледање во небо

Погоре наведените духовни мерки се објаснети во нашиот дел за Духовно Исцелување.

Значи, ако симптомот е предизвикан со влијание на ниво на елементот на Апсолутната Земја и ако е од дух од пониската хиерархија те. моќ, или проблемот е благ, тогаш ќе имаме придобивки од духовните мерки користејќи го парфемот од етерични масла од сатвик билки, како духовна мерка со Апсолутниот елемент Земја. Ако е во прашање влијание од дух од повисока хиерархија или влијанието е посилно, применуваме духовно исцелување со солена вода која што делува на ниво на Апсолутниот елемент Вода. За симптомите на ниво на Апсолутниот елемент Етер се користат духовни мерки за истиот елемент, значи Етерот.

Центри на духовната енергија (чакри): Овде е објаснето како треба да ја насочиме духовната енергија со техниката нијас. Ве молиме да го прочитате написот за техиката нијас. Постјат седум центри на духовна енергија во нашето тело, а на долниот дијаграм се прикажани каде тие се наоѓаат во однос на физичкото тело.3-MKD-Chakras

Секој од центрите на духовна енергија спроведува духовна енергија во областа на органите кои што се во неговата близина. На пример, Муладара чакра во системот за излачување, Свадиштана чакра во репродуктивниот систем, Манипура чакра во дигестивниот систем, итн.

Позицијата нијас е позиција со која ја фокусираме нашата духовна енергија насочувајќи ги нашите соберени прсти додека пееме. На пример, ако препишаната духовна мерка е да правиме нијас на Ајна чакра (енергетски центар помеѓу веѓите) тоа ќе изгледа вака:

remedy-for-physical-problem-caused-ghosts.gif

Механизам на делуванје на нијасот

Нијасот секогаш се прави заедно со пеењето. Со пеењето ние ја впиваме Божествената енергија на аспектот на Бога чие што Име го пееме. Правејќи го нијасот, ние ја канализираме Божествената енергија добиена со пеењето во тој одреден енергетски центар. Со тоа енергијата се втиснува во органите во тој предел.

Ако некој не е запознаен со точната позиција на нијасот за одреден симптом, можеме да го примениме следното:

  • За сите физички болести придобивки од нијасот имаме ставајќи ги прстите соберени од едната рака на Анахата чакра (срцевата чакра), а другата на Манипура чакра (центар во пределот на папокот).
  • За сите ментални проблеми основната нијас позиција е едната рака на Ајна чакра (пределеот помеѓу веѓите), а другата на Анахата чакра (срцевата чакра).

Ако ве заболат рацете за време на изведувањето на нијасот можете да ги спуштите и да одморите некое време, или можете да ги замените рацете.

Специфична пеаница на Името на Божеството: Треба да го пееме Името на одредениот аспект на Бога, за да ја добиеме специфичната Божествена духовна енергија, потребна да се отстранат попречувањата од одредениот дух кој што ги предизвикува разните симптоми. Понекогаш потребната енергија се добива со комбинација на две или повеќе аспекти на Бога (Божества), кои што се пеат со одреден ритам. Имињата треба да ги повторуваме по препорачаниот редослед и кога ја завршиме низата почнуваме пак од почеток.

За придобивки на нашите читатели направивме аудио снимки на пеењата во согласност со духовната наука. За оние на кои што јазикот им е непознат можат да ја применат духовната мерка следејќи ги следниве фази.

Чекор 1: Само слушајте го пеењето набљудувајќи го текстот на пеаницата.

Чекор 2: Обидете се да ја изговорите пеаницата заедно со аудио снимката.

Чекор 3: Обидете се сами да ја изговорите. Во оваа фаза, можете да ја изговорите гласно или да ја повторувате ментално, зависно од тоа каде се наоѓате и што работите. Ако е можно направете и нијас. Ако не е можно да направите нијас, на пример ако сте во воз или автобус на пат кон работата, можете да пеете само ментално, без нијас.

Дури и само слушање на пеењето додека гледате во текстот на пеаницата ќе биде корисно до некоја мерка.

Пеаниците набројани во продолжение се како препишан лек наменет за лекување на нашите болести. Нивното пеење не го зголемува духвното ниво.

Специфична Бројаница: Во овој пасус ви понудивме алтернативна пеаница за лекување наречена Бројаница. Ако некој не може да го повторува Божјото Име од било која причина (затоа што е атеист или му е тешко да ги изговара зборовите на пеаницата) тогаш може да изговара бројаница правејќи нијас. Ве молиме прочитајте го написот – Бројаници, за да разберете како тие делуваат.

Исто така ви понудивме броеви во заградите кои што се едноставно збир на сите броеви. Тоа е трет вид на пеаници кои што можете да ги правите додека сте во нијас положба.

Бројаниците се најефективни ако се практикуваат на санскрит јазик, затоа што тој е највеќе сатвик јазик. Ако ви е тешко да ги изговарате сложените броеви како што е, на пример 131, можете да го повторувате бројот 5, кој што е добиен од сите броеви во бројот 131 (1+3+1). Секако, во овој случај придобивките ќе бидат намалени.

Ако пеењето на бројаниците на санскрит ви е доста комплицирано, можете да ги повторувате на својот јазик.

4.1 Колку долго е потребно да пееме?

Препораката е оваа духовна мерка да ја правите секојдневно во зависност од тежината на симптомите.

За благо попречување можете да пеете 1-2 часа дневно, одеднаш или повеќе пати.

Ако симптомите се потешки можеби ќе морате да пеете и до 3-4 часа или повеќе.

Ако проблемите се големи, ве молиме применувајте ги духовните мерки онолку долго колку што е можно, секојдневно.

После исчезнување на симптомите треба да се продожи со лекувањето 2-4 месеци. Слично како кај инфективниот бронхитис, престанување на кашлицата не значи дека болеста не постои во белите дробови, вирусите кои што се причинител за  бронхитисот и ја предизвикуваат  кашлицата се уште постојат. Поради тоа препишаниот антибиотик за сузбивање на болеста потребно е да го земаме онолку дена колку што ни е препишано. Слично на тоа, дури и после исчезнувањето на симптомите влијанието на духот останува и затоа е потребно да продолжиме со користење на духовните мерки до комплетното исцелување.

4.2 Која духовна мерка да ја користиме?

Во табелата понудивме избор од три духовни мерки, кои што сами можете да ги одберете. Табелата ја појаснува ефикасноста на секоја од духовните мерки посебно. Духовните мерки кореспондираат со петте космички елементи и се комплементарни со другите духовни мерки така да можат да се користат паралелно, за побрзо и покомплетно лекување. Тие можат да бидат успешни сами по себе ако влијанието е послабо и ако причината за попречувањето од духот е од пониска хиерархија од регионот на пеколот. Во спротивно, тие најдобро делуваат како помош на пеењето.

Лек 

Придобивка

Пеење на Имињата на Божествата

100%

Бројаница

50%*

Бројаница добиена со собирање на броевите во бројаницата

30%*

* Ваква придобивка се постигнува единствено со пеење на санскрит

4.3 Треба ли да продолжам со пеење на Божјото Име според религијата на раѓање и Името на Божеството Дата?

Да, ако некој може да продолжи со основната духовна пракса, придобивките се побрзи и поголеми. Но ако неможе да се постигне и духовна пракса и духовни мерки, тогаш е подобро фокусот првенствено да биде на таа духовна мерка. Затоа што е тешко да се фокусираме на духовната пракса додека сме вознемирени со физичката болест.

4.4 Треба ли да продолжиме со медицинското лекување?

Дури и ако чувствуваме дека симптомите се предизвикани од дух, потребно е да го продолжиме лекувањето со примена на лекови, затоа што тие барем даваат чувство на олеснување ако не и лекување. Не треба да ги трошиме нашите мали и непроценливи духовни резерви на она што е лесно да се постигне со физичките лекови.

4.5 Дали е потребна вера за да имаме придобивки од пеењето?

Верата помага, но ние и без неа и понатаму имаме придобивки од секоја духовна мерка препорачана на овој веб-сајт. Ова е слично на фактот дека не ни е потребна вера за да добиеме помош од лековите затоа што и ова е лек, само што е духовен и секој добива помош од него без оглед дали верува во него или не.

5. Табела на духовни мерки за физичките болести предизвикани од духовите

Ве молиме кликнете овде за да ги видите пеаниците за духовно исцелување.