Нивоа на способност за перципирање на пара-нормалните активности со нашето шесто сетило

Многу често на Интернет се среќаваме со слики или фотографии од духови. Тие фотографии ни овозможуваат само замаглен блиц поглед за пара-нормалните активности околу нас. Во реалноста, ние во поголем дел од времето сме во допир со духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии итн.), биле за тоа свесни или не. Во некои случаи, влијанието може да биде толку моќно, дури опседнатото лице да се однесува насилно. Може да се случи и чувство на сексуален напад од страна на негативен ентитет. Во други случаи, негативните енергии прават проблеми во нашите животи на суптилен начин, како што се финансиски или брачни проблеми.

Снимањето пара-нормални активности на филм или способноста да видиме замаглено лице на дух е само врв од санта лед во сфаќањето на суптилната димензија. Накратко, тоа е многу површно ниво од сфаќањето за активностите на духовите. Како што нашето шесто сетило (способност за суптилна перцепција) се развива, почнуваме сеопфатно да сфаќаме како и зошто овие активности се случуваат.

Ајде да ги проучиме разните прогресивно подлабоки нивоа на шестото сетило (суптилно перципирање, те. восприемање на духовната димензија) во однос на тој пара-нормален свет на духови.

  • Ниво 1: На ова ниво сме способни со нашето шесто сетило да го согледаме физичкото влијание на негативните енергии. Тоа може да биде во вид на сфаќање за суптилните причини на специфичните проблеми како што се: брачен раздор, или гребнатина на кожата или ѕидот, без некоја очигледна причина. Со цел за разбирање на релативните разлики помеѓу разните нивоа, ќе земеме дека способноста за согледување на ова ниво е еднаква на 1 единица. Разните видови на контури од духовите фатени на фотографски филм спаѓаат помеѓу нивоата 1 и 2.
  • Ниво 2: На ова ниво способни сме да забележиме детали или вкупната суптилна форма на негативните енергии. На пример, можеме детално да видиме како духот изгледа. Во споредба со нивото 1, релативната способност на перципирање со шестото сетило која е потребна за овој вид на согледување изнесува 1.000 единици.
  • Ниво 3: На ова ниво сме способни само да забележуваме детали од умот на негативните енергии, те. нивните чувства. На пример, можеме да забележиме дека духот гледа налутено на лицето кое е под негово влијание. Природната способност на перцепција со шестото сетило потребна на ова ниво изнесува 100.000 единици во споредба со нивото 1.
  • Ниво 4: Ова е уште повисоко ниво, и на кое сме спосбни да забележиме детали од интелектот на негативната енергија, како на пример: духот го попречува лицето со одредено суптилно оружје. Способноста на шестото сетило овде изнесува 10 милиони единици во однос на нивото 1.
  • Ниво 5: Ова ниво овозможува да ги сфатиме причините за одредените постапки на духот. Оваа способност е еднаква на количината од 1 милијарда единици.
  • Ниво 6: Ова ниво овозможува перцепирање на супериорен дух – Мантрик, кој наредил на дух од понизок ред да нападне одредено лице, и уште посупериорен дух кој наредува на супериорниот дух, да го обезбедува со црна енергија потребна за процесот на создавање за попречувањето. Само Бог или Оној (на највисоко духовно ниво) кој се соединил со Бога може да ги знае таквите детали.

Дијаграмот подолу ги покажува разните нивоа на перцепција која некое лице може да ја има и релативната способност на шестото сетило која за тоа ни е потребна.

 

Нивоа на шестото сетило или способностите за суптилна перцепција потребни  за точно да се препознае попречувањето како и факторите кои го предизвикуваат

Од претходниот дијаграм можеме да воочиме постоење на разни нивоа на перципирање за попречувањето од духовите. За да бидеме способни да ги согледаме разните нивоа на факторите за причините, потребно ни е експоненцијално зголемување на способноста на шестото сетило.

Некои трагачи, кои вршат духовна пракса под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), можат да ги забележат и опишаат следните детали за духовите и нивните активности.

 

Способноста на шестото сетило на трагачите во SSRF додека вршат анализа на попречувањата од страна на духовите

 

  1. Видот на негативната енергија – како робот/марионета – обичен дух и нивниот број (колку духови се вклучени во тоа одредено попречување).
  2. На кој суптилен регион припаѓаат духовите што попречуваат.
  3. Количината на енергија што ја употребила негативната енергија.
  4. Одредениот чин на нападот/несреќата.
  5. Цел на нападот?
  6. Механизмот на постапките за нападот:
    1. Употреба на петте космички елементи (панчамахабута) и нивната количина
    2. Употреба на суптилните окултни науки, мантри, итн.
    3. Упоптреба на разни елементи од црна енергија како што се суптилни черепи, костури и слично.
    4. Вистинско влијание и неговите истакнати особини
  7. Дали во влијанието врз лицето помагаат и други духови.
  8. Физичките и суптилните последици од суптилниот напад.
  9. Намалувањето на црната енергија на духот.

Кога од различи трагачи кои меѓусебно не се познаваат се бара суптилно читање на некој настан, нивните резултати се поклопуваат преку горе наведените разни варијабли.

Само ако сме запознаени со деталите на влијанието и духот кој стои зад него, можеме да испланираме ефикасни мерки против него.