SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лекувањето на физичките и психијатриските болести.
1. Како да направите Света вода
Постојат многу начини на правење Света вода (Тирта). Тие се:
- Света вода се прави со додавање на Свет пепел (Вибути) во вода
- Света вода се прави при пеење, односно водата се полни додека пеете
- Света вода се прави со додавање на Света земја (Света земја се однесува на земјата од места каде живееле Светци со највисоко духовно ниво)
- Водата да се Благослови (Може да биде направено само од лице кое е над 50% духовно ниво. Под ова духовно ниво, лицето има мала или воопшто нема способност да ја зголеми Божествената свест или Чаитанија во водата.)
- Света вода настанува со допир (т.е. кога Светец допре вода)
Во овој напис ќе објасниме како да направите Света вода од Светиот пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња.
2. Како да направите Света вода од SSRF миризливите стапчиња
Употребата на Света вода направена од SSRF миризливите стапчиња е корисен духовен лек со кој можеме да си помогнеме самите на себе, кој може да се користи редовно да се добие позитивна енергија, како и да се добие олеснување од нарушувањето на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.).
Света вода се прави со додавање на Свет пепел добиен од SSRF миризливите стапчиња во вода. Светиот пепел е добиен со палење на SSRF миризливите стапчиња и собирање на пепелот.
За да го разберете овој напис ве молиме да го прочитате написот:
- Напис: Како да направите Свет пепел
- Дел во написот: Зошто пепелот добиен од SSRF миризливите стапчиња се нарекува Свет пепел?
За да се нарече нешто или да се здобие со титулата ‘Свето’ важно е да Божествената свест во Светиот пепел додаден во водата биде најмалку 2%. Пепелот добиен со горење на SSRF миризливо стапче ја има оваа потребна Божествена свест.
За да направите Света вода ќе ви биде потребно:
- Свет пепел добиен со палење на SSRF миризиливи стапчиња
- Вода
Процедура
- Започнете со молитва кон Бога, “Нека специфичниот аспект на Бога (Божествен принцип) поврзан со мирисот во SSRF миризливото стапче се активира и духовно ја збогати оваа Света вода.
- Потоа со вашата десна рака земете Свет пепел од садот и додадете го во водата.
Откако Светиот пепел ќе се додаде, водата станува духовно наполнета и се смета за Света вода. Подготвена е да биде употребена како средство за духовно исцелување, за нанесување или прскање.
2.1 Колкава количина SSRF Свет пепел се додава во вода?
Треба да се додаде пропорционална количина на Свет пепел, зависно од тоа колкава количина на Света вода сакаме (треба) да се направи.
- Прстофат SSRF Свет пепел се додава на чаша вода
- Една четвртина лажичка Свет пепел ќе биде потребна за кофа полна со вода.
2.2 Зошто е важно само десната рака да се користи за земање Свет пепел?
Десната рака одговара на Сончевиот Канал (Сурија-нади) од духовно енергетскиот систем на телото и оттука повеќе духовна енергија тече низ десната рака. Според тоа, десната рака е повеќе духовно активна.
Десната рака има повеќе од суптилната, основна компонента Раѓа и со тоа е повеќе моќна во активирањето Светиот пепел.
3. Механизам на делување на Светата вода
Света вода (направена од SSRF миризливите стапчиња) ја добива својата духовно исцелувачка моќ воглавном од SSRF Светиот пепел додаден во водата. Пепелот од SSRF миризливите стапчиња пренесува придобивка од Божествената свест на специфичниот Божествен принцип кој е привлечен од страна на одредениот мирис на секое миризиливо стапче.
SSRF Светиот пепел делува на ниво на Апсолутниот Космички Принцип Оган (Теѓ-татва). Кога ќе се додаде овој Свет пепел во вода, се промешува со Апсолутниот Космички Принцип Вода (Апа-татва) во водата, за да даде комбиниран исцелувачки ефект користејќи ги и двата Апсолутни Принципи. Всушност ефектот е побрз, бидејќи Апсолутниот Принцип Вода ја прави Божествената свест во Светиот пепел по слободно да тече и полесно да се апсорбира.
3.1 Што се случува на суптилно ниво кога SSRF Светиот пепел ќе се додаде во вода?
Следи суптилна слика на Света вода која е добиена по пат на шестото сетило, направена од Светиот пепел од SSRF миризливите стапчиња.
3.2 Ефектот на Светата вода добиена од Светиот пепел од SSRF миризливите стапчиња
- На лицата кои немаат нарушувања од преминати предци или духови
Светата вода дава позитивна енергија на оние луѓе кои немаат нарушувања од преминати предци или духови.
За подобро разбирање ве молиме прочитајте го написот – “Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?
- На лицата кои имаат нарушувања од преминати предци или духови
Позитивната енергија од Светата вода ја уништува црната енергија пренесена од предците или духовите од регионот на Чистилиштето(Бувалока) и првиот регион на Пеколот (Патал). Редовната употреба на Света вода го оневозможува нарушувањето од преминати предци или духови од пониските нивоа кои влијаат на луѓето. Кога применувањето на Света вода е во комбинација со духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, тоа обезбедува моќна заштита од духовите од пониските нивоа. Со текот на времето, негативните ентитети се принудени да заминат. Во речиси сите случаи, каде просечниот човек е под влијание од страна на нивните преминати предци или заеднички духови (Бут) од првиот регион на Пеколот, тие наоѓаат одржливо ослободување од проблеми поттикнати од овие основни духовни причини. Во случаи на напади на од страна на духови од повисоките нивоа, црната енергија е отфрлена. Главно оружје на духовите е нивната црна енергија, вознемиреноста претрпена од страна на лице кое било нападнато од страна на предок или дух како главоболка, конфузија, депресија, итн. е ублажена со попрскување на Света вода по лицето кое е под влијание. Редовна духовна пракса е најдобриот начин да се добие Божествена заштита и да се придобие одржливо ослободување од проблемите предизвикани од духовите од повисоките ниво.
Кога лице ја користи Светата вода како единствен духовно исцелувачки лек и само за една пригода, тогаш тоа добива привремено ослободување од неговите симптоми предизвикани од духовите. Сепак, употребата на Света вода може да се повторува безброј пати, според нашите потреби и околности.
4. Како се зголемува придобивката од Светата вода
- Духовна чистота на Светиот пепел: Доколку Светиот пепел користен во правењето на Света вода е загаден со Раѓа-Тама поради неисправното ракување, чување или напад од страна на преминати предци или духови користа која произлегува од него ќе се намали. За подобро разбирање ве молиме прочитајте го написот ‘Како треба да постапуваме со Светитот пепел’.
- Верата на корисникот: Светата вода дава подобри резултати како духовно исцелувачки лек, ако лицето (корисникот) го користи со вера.
- Духовно ниво на корисникот: Колку е повисоко духовното ниво на лицето кое ја користи Светата вода како духовно исцелувачки лек за само-помош толку подобра е нејзината ефикасност.
- Духовно ниво на исцелителот: (ако тој ја користи како мерка за духовно исцелување). 95% од ефектот на Светата вода како мерка за духовно исцелување се препишува на духовното ниво на личноста кое попрскува со водата.
5. Компаративна сила/корист од Светата вода
Компаративна сила/придобивка од Светата вода
Тип на Света вода |
% на Божествена свест |
---|---|
Вода + Свет пепел од SSRF миризливите стапчиња |
2 |
Наполнета вода (вода + пеење)1 |
5 |
Наполнета вода (вода + пеење) +1 Свет пепел од SSRF миризливите стапчиња |
5.001 |
Фусноти:
1. Ова се однесува на максимумот со кои водата може да се наполни со Божествена свест (Чаитанија). Може да се наполни до 5% кога Светец на духовно ниво од 90% ќе дојде во контакт со водата.
Како што можете да видите од табелата погоре, максимумот со кој може да се наполни водата со Божествена свест е 5%. Ова е кога се наполнува од страна на лице кое е на духовно ниво на Светец од 90% или преку допир, поглед или мисла. Додавањето на Свет пепел откако водата е наполнета со Божествена свест од страна на Светец, има многу мала дополнителна корист. Сепак, за повеќето луѓе, поради недостаток на духовна способност, тие не можат да ја наполнат водата со Божествена свест преку нивното пеење колку што Светиот пепел може.
6. Како треба да постапуваме со Светата вода добиена од SSRF миризливите стапчиња?
Бидејќи Светата вода делува на духовно ниво, нејзината ефикасност е директно пропорционална со нејзиниот сатвик и почитувањето и верата со која се третира и ракува. Ве молиме прочитајте го написот ‘Како треба да постапуваме со Светитот пепел (Вибути) добиен од SSRF миризливите стапчиња’ за да добиете идеја за тоа што треба и што не треба да правиме при ракувањето со Светиот пепел.