Предци – Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?

Забелешка: За подобро да го разберете овој напис, ви препорачуваме да го прочитате написот ’Живот после смртта’.

Ова прашање е често поставувано. Луѓето размислуваат за блиските и драгите лица кои се преминати и не можат да замислат дека тие намерно им создаваат проблеми во животот. Наведуваме две основни причини зошто суптилните тела на преминатите предци прават разни проблеми на своите потомци.

  • Поради неисполнетите желби и
  • Поради неможноста да напредуваат после животот и да ги достигнат вишите позитивни региони, или подрегиони.

Попречувања поради неисполнетите желби

Во овој случај, суптилните тела на предците ни создаваат разни попречувања, затоа што имаат неисполнети желби или потреби. Овие желби и потреби може да вклучуваат:

  • Лутина насочена кон потомците кои своето наследство не го користат во согласност со желбите на предокот.
  • Предци кои се врзани за семејството и уште сакаат работите да се одвиваат на нивен начин.
  • Предци кои се зависни од некои телесни желби како што се цигарите, дрогата, сексот, храната, итн. Тие ја користат преостанатата сметка на земање и давање помеѓу себе и своите потомци за да ги опседнат и ги исполнат своите желби. Суптилните тела на преминатите предци прават разни попречувања на своите потомци наместо на другите со кои имаат сметки на земање и давање; тоа е поради тоа што врската помеѓу крвните сродници е најсилна.

Попречувања поради повикот на предците да им помогнеме

 

Кога човек умре, виталната енергија се ослободува назад во Универзумот. Физичкото тело останува на Земјата, додека суптилното тело патува до суптилните региони кои зависат од неговите доблести, или гревови, како и од неговото духовно ниво. За разлика од регионот на Земјата, единствениот параметар кој е важен во животот после смртта е духовното ниво, или духовната чистота на суптилното тело. Физичкото тело и разните световни аспекти, како што се парите, угледот, работата, колку добри контакти сме оствариле, итн. немаат апсолутно никаква важност во духовната димензија, или суптилниот свет.

 

Суптилното тело, како што е прикажано на дијаграмот, станува ’тешко’ поради гревовите и преголемото его. Затоа тоа останува во нижите суптилни региони на постоењето како што е Чистилиштето. Ако мааните и гревовите се поизразени, суптилното тело оди во еден од регионите на Пеколот. Од друга страна, суптилното тело станува ’полесно’, поради добрите дела (доблестите) и интензивната духовна пракса. Колку е повисоко духовното ниво, до толку е полесно на суптилното тело побргу да напредува до вишите позитивни региони на Универзумот.

Суптилното тело на возвишениот трагач веднаш го прескокнува Чистилиштето поради духовната пракса и оди кон вишите суптилни региони на постоењето како што е Рајот (Сваргалока). Само суптилните тела на оние преминати предци кои имаат духовно ниво преку 60% се во состојба да стасаат до вишите суптилни региони, како што е Рајот, и можат да пристапат до Божјата заштита која им е неопходна да се бранат од нападите на духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.). Помалку од 5% од светската популација спаѓа во оваа категорија.

Прикажаната табела што следува, е анализа на светската популација според духовното ниво:

5-MKD_Breakdown

(Ве молиме, обрнете внимание на написите за степенот на духовниот развој и анализа на светската популација според духовното ниво.)

Ова значи дека огромно мнозинство од суптилните тела на нашите предци (преку 95%) после смртта ќе заминат во регионите под Рајот, како што е Чистилиштето или некој од регионите на Пеколот. Голем процент од светската популација е на духовно ниво под 30%. Кога умрат, тие ќе имаат малку духовна сила за да си помогнат себе си во нижите суптилни региони. Тоа значи дека нема да бидат во состојба сами себе духовно да си помогнат за да напредуваат кон вишите позитивни суптилни региони.

Во нижите суптилни региони, тие страдаат поради мааните и гревовите и на знаат како да си помогнат себе си. Нив исто така ги напаѓаат и мачат помоќните духови кои ги контролираат и користат за разни цели. Суптилните тела на преминатите предци се обидуваат да стигнат до позитивните региони, или под-региони на Универзумот, но не можат тоа да го постигнат без духовна помош.

Суптилните тела кои се на духовно ниво преку 30%, можат да си помогнат само ако вршат духовна пракса, но и тоа е ретко ако немаат силно вградена импресија да вршат духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста. Сите други начини на духовна пракса се неефикасни и всушност не гарантираат духовна помош на суптилното тело на предокот.

Сите тие непријатности што ги трпат суптилните тела на наште предци во нижите региони на Универзумот зрачат од нив како фреквенции или вибрации од тие непријатности кои што патуваат преку разни суптилни региони како и преку регионот на Земјата. Членовите на нивните семејства, или нивните потомци имаат највеќе слични фреквенции и поради таа причина тие се најпогодни да ги примаат тие фреквенции.

Само во регионот на Земјата ние имаме можност да направиме нешто за суптилните тела на нашите преминати предци. Нивните сродници од разните други суптилни региони горе-долу се во иста положба, така да не можат да им помогнат. Во сегашните времиња, како што повеќето потомци не се доволно духовно развиени за да можат суптилно да ги почувствуваат негативните енергии, предците ја користат духовната енергија, за да ги попречуваат животите на своите потомци за да можат потомците да ги забележат нивните потреби. Според тоа, непријатноста што ќе ја направат суптилните тела на преминатите предци, е всушност да ги соопштат своите страдања. Кога потомокот ќе сфати дека проблемите нема да престанат и покрај секој труд, тој понекогаш тражи духовно водство. Ако успее да добие и примени соодветен духовен совет, тоа не ја осигурува само потребната заштита на потомокот од суптилните тела на неговите преминати предци, туку на суптилните тела на преминатите предци исто така им осигурува неопходно поттикнување за нивното патување напред во духовната димензија.

Во зависност од природата и духовното ниво на предокот осцилира и степенот на непријатноста. Суптилните тела на добрите предци ќе прават непријатност само до степен кој на потомокот ќе му даде свест за неговите потреби. Од друга страна, суптилните тела на предците што сакаат да се одмаздат можат да предизвикаат големи непријатности на своите потомци.

  • Суптилното тело на преминатиот предок кое сака да ги исполни своите желби може да ги вознемирува потомците со слични желби.
  • Суптилното тело на преминатиот предок кое сака да напредува во вишите суптилни региони, ќе ги бара и вознемирува потомците кои вршат духовна пракса.