Духовна техника – Нијас

MKD_Nyas-landingНијас е духовна техника за само исцелување со која преку медиумот на прстите собрани и прилепени на врвот заедно, го насочуваме протокот на енергија. Позицијата нијас е позиција при која за време на пеењето на Божјото Име, ја фокусираме нашата духовна енергија со тоа што ги насочуваме прстите собрани и прилепени на врвот кон одреден енергетски центар.

1. Нијас – насочување проток на енергија кон една Кундалини чакра (центар на духовна енергија)

На пример, ако мерката за духовно исцелување би била да држиме нијас на Челната чакра или трето око (Ајна-чакра), тоа ќе изгледа вака.

Nyas_1

2. Нијас – насочување проток на енергија кон две Кундалини чакри

Ако мерката за духовно исцелување би била да држиме нијас на Челната чакра (Ајна чакра и на срцевата чакра (Анахата чакра), тоа ќе изгледа вака.

Nyas_2

Како функционира духовната техника нијас

Духовната техника нијас треба секогаш да биде придружена со пеење на Божјото Име. Со пеењето ја упиваме Божествената енергија на аспектот на Бога, Чие Име го пееме. Со држењето нијас, ние ја канализираме Божествената енергија добиена од пеењето на Божјото Име кон тој одреден духовен енергетски центар и на таа енергија понатаму се шири на сите органи во тој дел на телото.

Ако вашата рака почне да ве боли при применувањето на духовната техника, односно при држењето нијас, можете да ја спуштите вашата рака и да ја одморите за некое време, или можете да ја промените раката.