Што е духовно искуство

MKD-subtle-experience

Содржина

1. Дефинирање на искуство и духовно искуство

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), терминот ‘искуство’ го дефинира како она што го доживуваме преку медиумот на петте сетила, умот и интелектот. На пример, искуството додека го јадаме нашето омилено јадење, чувство на љубов кон децата, решавање на проблемите кои ги имаме на работа со помош на интелектот, итн. спаѓаат во категоријата на ‘искуства’. Кога доживуваме нешто што е надвор од разбирањето на петте сетила, умот и интелектот, претставува ‘духовно искуство’. Дури и кога лице може да согледа еден настан преку петте сетила, умот и интелектот, но причината зад тоа е надвор од дометот на грубиот интелект којшто го имаат луѓето, тоа сепак претставува ‘духовно искуство’.

2. Искуство наспроти духовно искуство и како го согледуваме

Искуство Духовно искуство
experience spiritual-experience
Што беше искусено Една жена осети мирис на рози, од еден букет рози Една жена осети мирис на сандаловина без присуство на било каква сандаловина
Извор Очигледен од физичката/груба димензија Неочигледен од суптилната димензија
Медиум преку кој искуството беше согледано Согледано преку 5-те сетилни органи, умот и интелектот. Во овој пример, преку сетилниот орган мирис т.е. носот Согледано преку шесто сетило т.е. преку медиумот на суптилните сетилни органи кои се 5-те суптилни сетилни органи, суптилниот ум и суптилниот интелект. Во овој пример, преку суптилниот сетилен орган за мирис
SSRF го дефинира како свет , кој неможе да се забележи по пат на петте сетила, умот и интелектот, како “суптилен свет” или “суптилна димензија”. Суптилниот свет се однесува на невидливите светови на анѓелите, духовите, рајот, итн. кои можат да се набљудуваат единствено со помош на шестото сетило.

Ние го доживуваме грубиот свет преку петте сетила, умот и интелектот. Соодветно на петте сетила, умот и интелектот, за кои ние сите сме свесни, ние исто така имаме пет суптилни сетила, суптилен ум и суптилен интелект, кои кога се развиени или активирани, ни помагаат да го доживееме суптилниот свет или суптилната димензија. Доживувањето на суптилниот свет е познато како “духовно искуство”.

Во горната слика, можеме да видиме една жена која мириса еден букет рози и го осеќа мирисот на розите. Ова претставува искуство, бидејќи постои јасен извор за мирисот на рози а тоа е букетот рози. Во другата слика, можеме да видиме една жена која го пие утринското кафе, размислува за денот кој и претстои на работа. Одеднаш и без некоја очигледна причина, таа осеќа силен мирис на сандаловина. Таа првично го отфрла, бидејќи не може да види од каде доаѓа и продолжува да го пие нејзиното кафе. Меѓутоа, мирисот продолжува да ја следи до нејзината работа и се задржува со неа во текот на утрото. Таа ги прашува луѓето околу неа дали осеќаат некаков мирис, но никој ништо не осеќа. Ова претставува духовно искуство. Во овој случај, жената всушност го осетила мирисот којшто се емитува од суптилната димензија и го искусила мирисот преку медиумот на нејзиниот суптилен сетилен орган за мирис.

Доста голем број од нас можеби имале слично искуство како ова т.е. осетиле мирис без никаков очигледен извор, но сме го отфрлиле, бидејќи не знаеме од каде потекнува. Духовно искуство може да биде искусено преку другите четири суптилни сетилни органи за вкус, допир, звук и визија, и исто така преку суптилниот ум и суптилниот интелект. Оваа екстра перцепција којашто ние ја добиваме, е позната како нашето шесто сетило, или духовно восприемање. Како што споменавме порано, дури и ако едно лице може да согледа еден настан преку петте сетила, умот и интелектот, но причината зад тоа е надвор од дофатот на грубиот интелект кои го имаат луѓето, тоа сепак претставува духовно искуство.

  • Пример за ова, ќе биде кога еден објект се движи без било каква очигледна надворешна причина, којашто може да биде видена од секој со нивното грубо око (т.е. не преку суптилното сетило за вид). Во заеднички идиом, овие искуства се популарно познати како пара-нормални. Овие искуства се нарекуваат ‘перцепции од суптилната димензија’.
  • Дозволете ни да земеме друг пример, за мајка чие дете лежи во критична состојба на интензивна нега по тешка несреќа. Докоторите се обиделе да направат се, но детето не дава никакви знаци на подобрување. Тие не ветуваат ништо. На самиот крај, мајката се обидува сесрдно и континуирано да му се моли на Бога за своето дете кое не е при свест. Потоа чудесно и без било какво медицинско објаснување, следниот ден постои забележливо подобрување во состојбата на детето. Со текот на времето, детето почнува забрзано да се подобрува, и е надвор од опасност. Во овој пример, состојбата на детето и молитвата на мајката се видливи настани, но причинита за подобрувањето не е во согласност со толкувањето на медицината наука, и не може да се објасни со интелектот. Искуства како што се овие, исто така спаѓаат во категоријата на духовни искуства.

2.-MKD_H.H3. Што е шесто сетило и како го согледуваме невидливиот свет?

Ви препорачуваме да го погледнете написот за шестото сетило во кој се дадени детални објаснувања за тоа како ги согледуваме духовните искуства и суптилниот свет кој е бесконечен во споредба со нашиот познат свет.

4. Духовни искуства поврзани со петте суптилни сетилни органи и петте Апсолутни космички елементи

Светот е составен од пет Апсолутни Космички Принципи (Панчамахабута). Овие Космички Принципи не се видливи, но го сочинуваат сето создание. Како духовно напредуваме, нашето шесто сетило се активира, и постепено почнуваме да добиваме искуства од овие Апсолутни Принципи, почнувајќи од најгрубите до најсуптилните. Така ние сме во состојба да ги искусиме во редослед на Апсолутните елементи Земја (Прутви-татва), Вода (Апа-татва), Оган (Теѓ-татва), Воздух (Вају-татва) и Етер (Акаш-татва) преку нашите суптилни сетила за мирис, вкус, визија, допир и звук, соодветно.

Следнава табела дава примери на позитивни и негативни духовни искуства кои можеме да ги согледаме преку нашето шесто сетило, односно преку медиумот на петте суптилни сетила.

Суптилен орган Шесто сетило Апсолутен космички елемент кој е вклучен Пример за духовно искуство
Позитивно искуство негативно искуство
Мирис Апсолутен елемент Земја Осеќање мирис на сандаловина без присуство на очигледен извор Осеќање мирис на урина околу куќата без причина
Вкус Апсолутен елемент Вода Сладок вкус во устата, иако ништо не сме јаделе Доживуваме горчлив вкус во устата
Визија Апсоултен елемент Оган Визија на Божество или аура Визија на дух
Допир Апсолутен елемент Воздух Чувство како некој да ни става рака на главата, иако сме сами Да бидеме нападнати од страна на дух (демон, ѓавол, негативна енергија итн).
Звук Апсолутен елемент Етер Слушање звуци на ѕвона или школки без присуство на ѕвона или школки Слушање на чудни заканувачки гласови, иако сме сами

Кога едно лице согледува нешто преку суптилен сетилен орган, на пример мирис, изворот може да биде од позитивна енергија како Божество или негативна енергија дух.

5. Духовно искуство и духовно ниво

Степенот (соодносот) на нашиот познат свет во споредба со суптилниот свет или суптилна димензија е еден према бесконечност.

Како што нашето духовно ниво се зголемува, ние сме во состојба да добиваме духовни искуства на повисоко и посуптилно ниво.

Табелата подолу го покажува минималното духовно ниво потребно за да може да се искуси секое од овие индивидуални суптилни сетила, доколку нечие шесто сетило се гледа чисто како функција на духовното ниво. На пример, може да се осети мирис преку суптилното сетило за мирис на духовно ниво од 40%.
3Додека овој графикон служи како водич за објаснување на директната врска помеѓу духовното ниво и видовите на искуства преку различните суптилни сетила, важно е да се напомене следново:

  • Кога некој ќе добие духовно искуство на суптилен мирис, тоа не мора да значи дека тој има постигнато духовно ниво од 40%. Иако ова е чест случај, може да биде моментален или минлив пораст на духовно ниво или способност, којшто се јавува поради интензивната духовна пракса како што е Пеење на Божјото име, да се биде во друштво на Светци, итн.
  • Но може да има и други фактори кои придонесуваат за искуство. На пример, ако дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) сака едно лице да осети мирис на урина околу куќата за да го исплаши, може да ја искористи својата духовна енергија за тоа да се случи. За такво искуство не е потребно да се зголемува духовното ниво на лицето.
  • Не значи дека сите лица на духовно ниво од 40% нужно ќе доживеат суптилен мирис. Духовното ниво на едно лице е вкупниот резултат на делувањето на многуте атрибути, шесто сетило е само еден од нив. Ве молиме погледнете го написот за духовно ниво.
  • Исто така, не значи дека тие лица можат 100% да ги согледаат сите варијанти на суптилни мириси кои што постојат или дека тие можат да ги согледаат цело време и во секое време.
  • Исто така, не значи дека едно лице на духовно ниво од 40% или повисоко, нужно ќе осети суптилен мирис. Едно лице може да достигне Светост (т.е. духовно ниво од 70%) без некогаш да имало искуство преку петте суптилни сетила. Една од причините за не добивање на такво искуство би можело да биде, дека ова лице веќе ги имало овие искуства во минатиот живот, па не е потребно сега да ги доживее. Сите Светци меѓутоа, имаат шесто сетило кое се однесува на суптилниот ум и суптилниот интелект.

Исто така од графиконот можете да видите дека суптилните сетила за допир и звук се осеќаат на повисоко духовно ниво. Причината за ова е тоа што тие се посуптилни меѓу петте суптилни сетила.

6. Што е важноста на духовните искуства?

Следните точки ја сумираат важноста и главните придобивки на духовните искуства:

6.1 Развивање на верувањето и вербата во теоретскиот аспект на духовната наука

Во однос на цитатот на врвот од оваа страница, интелектуално или теоретско знаење во зборови има само 2% важност додека 98% важност лежи во искуството на овие зборови. Кога едно лице ќе почне да врши соодветна духовна пракса  врз основа на основните принципи на духовната наука, лицето прави духовен напредок, и добива духовни искуства. Духовната пракса го премостува јазот помеѓу теоретското знаење добиено од книги и духовните искуства.
4Теоретска информација (интелектуално знаење) само им помага на оние кои се љубопитни за духовната наука да стекнат некое верување. Тоа е неопходен чекор во етапите на духовниот развој, меѓутоа кога се добиваат духовни искуства, се развива вера во теоретското знаење.

Ве молиме прочитајте го написот – Етапи во духовниот раст.

Токму заради оваа причина духовните искуства се дискутираат за време на духовните средби (сатсанзи). Трагачите кои што присуствувааат на духовните средби сфаќаат дека она што е научено како духовно знаење не е само информација, туку дека тоа всушност може да се доживее.

6.2 Свесност за духовен напредок

Духовните искуства потврдуваат дека ние како трагачи по Бога, усвојуваме соодветна духовна пракса и постепено добиваме духовни искуство од повисоко ниво, бидејќи ние духовно напредуваме. Тие делуваат како пресвртница и не охрабруваат на нашиот духовен пат. Да претпоставиме дека прекинуваме со нашата духовна пракса, ние не можеме да продолжиме да добиваме духовни искуства. Со стагнација во духовната пракса, нема да можеме да добиваме духовни искуства од повисоко ниво. Со стагнација во духовната пракса, мислиме на вршење духовна пракса година за година, без да ја зголемиме квалитативно и квантитативно. На овој начин Бог ни дава знак дека треба постепено да ја зголемуваме нашата духовна пракса понатаму.

Ве молиме прочитајте ги написите ‘Духовната пракса треба да се врши секојдневно’ и ‘Редовно зголемување на нивото на духовна пракса’.

Забелешка: При вршењето духовна пракса според одредена патека, ако не добиеме било какви духовни искуства за три години, тогаш треба да прашаме духовно возвишено лице т.е. Светец, дали нашиот избран пат е исправен или не е. Ве молиме прочитајте го нашиот напис ‘Кое Божјо Име треба да повторуваме?’ според религијата на раѓање како предложен прв чекор во вашето духовно патување.

6.3 Егото се намалува кога ќе ја сфатиме семоќта на Бога

Во раните етапи на духовното патување, трагачот може да слушне како другите трагачи раскажуваат за нивните духовни искуства, различноста и длабочината на духовните искуства може да бидат фантастични. Тогаш трагачот сваќа колку е безначаен во споредба со Бог кој на секој од нас ни дава единствени духовни искуства, за да се зајакне нашата вера. Како резултат на тоа, нечие его за сопствените способности бива намалено во споредба со способноста на Бога. Намалување на егото е примарен услов за духовен раст.

7. Зошто е важно да се запишуваат духовните искуства?

  • Со запишувањето и објавувањето на духовните искуства, другите трагачи по Бога може да се запознаат со различните видови на духовни искуства добиени како резултат на духовната пракса.
  • Ја засилува важноста на духовната пракса во умот и интелектот и не уверува дека треба да истраеме во нашата духовна пракса.
  • Доколку добиеме единствено искуство, тогаш постои можност да се посомневаме во него. Меѓутоа ако знаеме за нечие слично духовно искуство, тогаш верата се зајакнува. Сфаќаме дека зад тоа лежи наука која не поттикнува да ја проучуваме духовната наука.
  • Ние, исто така можеме да ја збогатиме нашата сопствена духовна пракса со истражување што точно беше направено од страна на тој одреден трагач од гледна точка на духовната пракса да се образложи причината за духовното искуство.

8. Кои се ограничувања на духовните искуства во однос на духовната пракса?

Покрај сето кажано и направено, духовните искуства не ја подобруваат нужно или зголемуваат духовната пракса. Дури и ако луѓето би биле сведоци на некое чудо, не мора да значи дека тие ќе почнат да вршат духовна праска. 30% од луѓето и покрај тоа што имаат духовни искуства престануваат со активната духовна пракса или стагнираат на истото духовно ниво. За активно вршење на духовна пракса, едно лице треба да развие уверување дека ‘Јас морам духовно да се развивам во овој живот’. Духовните искуства нужно не му помагаат на интелектот во ова уверување. За ваквиот став да се развие, потребно е да ја проучуваме духовната наука за да се осигуриме со одржлива духовна пракса. Било која духовна пракса треба да ја вршиме со отворен ум, којшто не се заснова на однапред створени ставови.

9. Зошто понекогаш не добиваме духовни искуства и покрај духовната пракса?

Причините за ова се како што следува:

  • Духовните искуства се индикатори за нашиот духовен напредок. Меѓутоа нашиот духовен напредок можеби нема да започне веднаш штом ќе почнеме со нашата духовна пракса. Причината за ова е дека нашата духовна пракса воглавном се користи за да се намали интензитетот на нашата сериозна негативна судбина или акумулирана сметка (санчит), наместо само за духовен напредок. Како резултат на тоа, духовен напредок не се случува на почетокот, а со тоа и не добиваме духовни искуства. Сепак, упорната (истрајна) духовно пракса ни овозможува да ја надминеме оваа почетна фаза.
Овде го искористивме терминот ‘негативна судбина’ за да ја означиме судбината која резултира во искуство на несреќа. Еден пример за сериозна негативна судбина може да биде средба со сериозна несреќа. Така, кога едно лице почне да врши (обавува) духовна пракса, почетната духовна пракса може да се искористи во намалувањето на интензитетот на оваа одредена судбина, односно средбата со сериозна несреќа. Така трагачот, непосредно пред средбата со несреќата може да добие претчувство да забави или да оди во некоја друга насока, со што се намалува интензитетот на несреќата и сериозноста. Трагачот, тогаш може да преживее мали или воопшто никакви повреди. Да се развие вера во Бога или кога нашата вера почнува да се поколеба, да го поткрепи тоа Бог ни дава духовни искуства. Ако нашата вера е силна, тогаш нема да ни бидат потребни искуства. Ве молиме прочитајте го написот ‘Етапи во духовниот раст’ кој ни покажува како духовните искуства ја засилуваат нашата вера.

 

10. Примери на духовни искуства

10.1 Духовни искуства на суптилен мирис (поврзани со Апсолутниот Елемент Земја)

spiritual experience of foul smell Прочитајте за духовното искуство на Шилпа како таа осетила непијатен мирис непосредно пред духовната средба (сатсанг)
spiritual experience of a bad fish smell Прочитајте за духовното искуство на Маниша за лошиот мирис на риба
spiritual experience of a fragrance from Holy ash Прочитајте за духовното искуство на Вамси како осетил мирис на Свет пепел (Вибути) додека му служел на Бога (Сатсева)
spiritual experience of fragrance from a sweet (candy) wrapper that had been touched by H.H. Dr. Athavale Прочитајте за духовно искуство на Шон и како осетил сладок мирис од омотот на бонбона кој бил допрен од Неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле
spiritual experience of a subtle fragrance emanating from a spiritual centre of SSRF Прочитајте за духовното искуство на Шилпа за суптилниот мирис кој се емитувал од духовниот центар на SSRF на оддалеченост од 11км
spiritual experience of a subtle fragrance of sandalwood Прочитајте за духовното искуство на Др. Кашид и како тој осетил мирис на сандаловина, иако немало очигледен надворешен извор

10.2 Духовни искуства на суптилен вкус (поврзани со Апсолутниот

Елемент Вода)

spiritual experience of unexplained bitter taste Откријте ја духовната наука зад духовното искуство на Јогита за необјаснетиот горчлив вкус на вода во нејзиното шише за вода
spiritual experience of a weird taste of blood in the mouth Духовното искуство на Јогеш за чудниот вкус на крв во устата кој беше предизвикан поради суптилен мантрик
spiritual experience of subtle fragrance and taste of sandalwood Прочитајте за духовното искуство на Маја како таа осетила суптилен мирис и вкус на сандаловина додека читала написи објавени од страна на SSRF
spiritual experience of subtle taste of sweetness Прочитајте за духовното искуство на Тереза како таа осетила суптилен вкус на сладост додека одела по улица