Искуство на непријатен суптилен мирис пред сатсанг

1-MKD-Shilpa-MИскуствата од духовната димензија можат да бидат позитивни и негативни. До сега, поголемиот дел од искуствата кои ги имаме документирано во оваа секција под која спаѓа и овој напис, се однесуваа на позитивни искуства. Во овој конкретен случај, имаме трагателка на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), која имала негативно суптилно искуство во форма на лош мирис.

Како дел од нивната духовна пракса, трагачите се среќаваат еднаш неделно, и на тие неделни средби имаат прилика да учат, и на кои се дискутира нивниот труд и препреки со кои трагачите се среќаваат на својот духовен пат. Ова, исто така, помага да се одржи нивната духовна пракса, правејќи ја конзистентна и прогресивна. Таквата неделна средба се нарекува сатсанг

“Лично доживеав квалитативно подобрување во својата духовна пракса во деновите кои следуваа после одржаниот сатсанг. Поради мојата работа, често патував на различни места во САД, и во Индија, меѓутоа, каде и да бев, се трудев барем преку интернет да присуствувам на неделните сатсанзи. Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), има свои центри за трагачите на различни места во САД и Индија, и тоа ми овозможуваше да присуствувам на сатсанзите кои SSRF ги одржуваше во текот на моите патувања”.

“На еден од моите доделени проекти, мораше да го посетам Блумингтон, Илиноис, Сад, и за време на мојот престој таму имав желба да присуствувам на неделниот сатсанг кој се одржува во тоа место. Еден ден после работа, со нетрпение очекував да присуствувам на неделниот сатсанг, кој требаше да се одржи во домот не еден од трагачите. Меѓутоа, непосредно пред почетокот на сатсангот, одеднаш осетивме непријатен мирис кој се ширеше низ просторот. Поради мирисот, почнавме да осеќаме мачнина и немир. Бидејќи не постоеше очигледен извор или причина за мирисот, се посомневавме дека тоа е дело на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Ние, веднаш преземавме духовни мерки, како би го надминале попречувањето. Спроведовме еден вид на духовен третман за духовно прочистување на просторот во домот, со прскање на Света вода (Тирта), (т.е. вода помешана со Свет пепел) насекаде околу и низ домот. Непосредно после прскањето Света вода по домот, осетивме дека лошиот мирис исчезна. Суптилниот невидлив притисок кој се осеќаше во атмосферата, исто така, попушти. Почнавме да осеќаме леснотија во воздухот и можевме да продолжиме со сатсангот без никакви понатамошни пречки”.

– Г-ѓа Шилпа Магдум, Блумингтон, Илиноис, Сад

Духовната наука зад ова искуство не непријатен суптилен мирис

Една од главните цели на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн) е да создадат препреки и потешкотии во духовната пракса на трагачите. Попречувањата се со зголемен интензитет кога станува збор за колективна духовна пракса, како што е сатсанг или кога трагачите се обидуваат да шират духовност. Оружјето кое негативните енергии најчесто го користат во тие случаи е вознемирувачка црна енергија која е духовна по природа. Негативните енергии користат разни медиуми за ширење на вознемирувачка енергија и во овој случај тие го користеле медиумот на лош мирис. За да се манифестира лошиот мирис, духовите го користеле Апсолутниот елемент Земја (Прутвитатва).

Ве молиме погледнете го написот – Која е целта на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн) и нивното постоење?

Механизмот на влијанието преку медиумот на непријатен мирис

Непријатниот мирис има непосреден ефект на мозочните клетки и создавата обвивка од црна енергија околу умот и интелектот, и на тој начин предизвикува немир. Како последица на тоа, настанува блокада при процесот на размислување, што предизвикува ментална нестабилност и конфузија. Поради ова, присутна е намалена концентрација при било што трагачот и да работи или обавува, што доведува до намалување на капацитетот на трагачот да ја врши својата работа т.е. да обавува духовна пракса. Полека, овој лош ефект се шири низ свеста на трагачот и ја црпи неговата витална енергија (Прана-шакти). Преку ваквите попречувања, духовите се обидуваат да створат ментално нарушување, сомнежи и страв кај трагачите.

Превентивни мерки кои можат да се преземат за заштита од непријатниот мирис предизвикан од духовите

Сите обиди на попречувања и вознемирувања од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) се неуспешни во присуство на Божествената Енергија. Како што видовме во претходно споменатиот случај кога Света вода беше попрскана околу домот, непријатниот мирис создаден од страна на духовите, веднаш беше уништен и, исто така, беа отстранети сите траги на вознемирувачка црна енергија во атмосферата.