Како да се облекуваме – духовен ефект од облеката што ја носиме

1-MKD-How-to-dress-spritual-effect-of-clothes

За подобро разбирање на овој напис, ве молиме да ги прочитате следните написи:

  1. Сатва, Раѓа и Тама – три основни суптилни компоненти во Универзумот 
  2. Водич за живот на сатвик начин 

1. Вовед – како да се облекува

Што ќе облечам денес?

Многу од нас ова често се прашуваат, додека другите го облекуваат она што им е при рака.

Воглавно ја бираме облеката зависно од временската прогноза или од тоа каде одиме. Постојат безброј други влијаниа, како што е моменталниот моден стил, дали облеката добро ни стои, расположението, дали се брзаме итн. што се влијае на конечната одлука.

Преку овој процес минуваме секојдневно, меѓутоа, ретко при облекувањето или купувањето на облеката го земаме во предвид и нејзиното духовно влијание врз нас. Всушност, повеќето од нас (што ги вклучува и производителите на облеката) не се свесни за духовното влијание на облеката што ја носиме. Во овој напис ќе ги споделиме сознаниата до кои дојдовме преку духовното истражување, како облеката што ја носиме може духовно да ни наштети или да имаме придобивки од неа.

2. Истражување на облеката засновано на духовната наука 

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) спроведе духовно истражување за облеката и начините на облекување, користејќи го развиеното шесто сетило. Истражувањето го спроведоа трагачи кои го користат високо развиеното шесто сетило, развиено со текот на долгогодишна духовна пракса (Садна) и што е најважно под водство на Неговата Светост Др. Атавле. Тие ги перципираат, те. восприемаат духовните вибрации, коишто се емитуваат од разни видови на облека врз основа на одредени аспекти како што се бојата, формата и материјалот, и ги запишуваат читањата кои што ги добиле по пат на шестото сетило. Некои трагачи имаат развиено шесто стило на видовитоста, така да навистина можат да видат разни духовни вибрации. Со цртањето на духовните цртежи, ни овозможуваат увид во оваа димензија, светот надвор од нашето вообичаено забележување. Во овој сет од написи ќе прикажеме многу духовни цртежи, нацртани врз основа на знаењето за духовната димензија, кои ќе ни дадат подобар увид за влијанието на облеката што ја носиме.

3. Смисла на облеката од духовна перспектива

Свесни сме за смислата на облеката што ја носиме, од физички и од психолошки аспект. Гледајќи од духовна перспектива смислата на облеката е двојна:2-MKD_Note-black-energy

1. За впивање и емитување на сатвикот: Зависно од тоа како се облекуваме, облеката може да делува како рецептор за впивање на Божествените фреквенции од атмосферата околу нас. На тој начин можат да се пренесат позитивните вибрации и чистотата во нашата свест.

2. Заштита од влијанието на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.): Ако облеката што ја носиме е во можност да користи позитивна енергија, тогаш е во можност и да не заштити од негативните енергии. Доколку облеката е Тамасик по природа, тогаш ја привлекува негативната енергија или духовите од духовната димензија.

Што треба да имаме во предвид: Негативните енергии од духовната димензија го користат секое зголемување на раѓа-тама вибрациите во околината. На вештачката облека преовладува раѓа-тама и затоа таа ги привлекува негативните енергии.

4. Облеката и духовното влијание

Секој предмет има свои разни и единствени духовни вибрации. Вибрациите на облеката зависат од разни фактори како што се видот на ткаенината, формата, бојата, дизајнот, начинот на шиење, итн. Што повеќе тие фактори се Сатвик, поголема е Сатва компонентата во финалниот производ те. во облеката. Овој напис зборува за тоа како да ја зголемиме чистотата во нашата облека, па со самото тоа и да ја намалиме тама компонентата којашто е предизвик за духовното незнаење, инерцијата и попречувањето од негативните енергии.

4.1 Видови на ткаенини

Природните влакна како што се свилата и памукот имаат поголема способност да ги привлечат, впијат и задржат Божествените фреквенции од атмосферата. Од друга страна, облеката сошиена од вештачки влакна, најлон, терилен, рајон, полиестер, има намалена способност за привлекување на Божествените фреквенции. Овие материјали привлекуваат раѓа-тама фреквенции од атмосферата, и создаваат можност за влијание на негативните енергии.

4.2 Начин на шиење

Сечената облека со многу мали дупки на неа, настанати со шиењето привлекува негативни вибрации од атмосферата. Затоа е подобро да се носи облека која е минимално шиена. Токму од оваа причина повеќето жени во Индија носат традиционална облека сари, фустан од 8 метри свила, која се смета за највеќе сатвик фустан. Од истата причина, облеката од правоаголни делови од ткаенина, приближно 4-5 метри должина, обвиткана околу половината и нозете која ја држи јазол на половината, која што ја носат Индусите или доти донесува многу поголема придобивка од облеката со зашиени копчиња.

Исто така, облеката што се шие рачно со  пеење на Божјото Име има поголема можност за привлекување на позитивни духовни вибрации. Облеката која е премногу искината и има многу дупки по неа, привлекува негативни вибрации.

4.3 Боја на облеката

Белата, жолтата и сината боја имаат поголема способност за привлекување на позитивните духовни вибрации. Причината за тоа е што тие се Сатвик бои. Од друга страна црната боја најмногу ги привлекува негативните попречувачки вибрации. Кога се носи црна и бела боја во комбинација, меѓусебно се одбиваат на духовно ниво и со тоа ги привлекуваат негативните вибрации.

Ве молиме прочитајте го написот бои и зошто не би требало да се носи црнина на погреб.

Шарената облека исто така привлекува тама преовладувачки вибрации. Боите меѓу себе треба да бидат комплементарни.

4.4 Дизајн и модел на облеката

Моделот, големината или фреквенцијата на моделот на ткаенината, многу влијаат дали од облеката ќе се емитуваат позитивни или негативни духовни вибрации.

  • Сатвик дизајните како што се листовите, цвеќето, точките и линиите се со поголеми придобивки
  • Сатвик дизајните воглавно немаат посебно истакнати ознаки
  • Дизаајнот не треба да биде претеран

  • Мрачни и насилни дизајни, како што се черепите и слично ги привлекуваат негативните енергии
  • Вертикалните пруги на кошулите се подобри од хоризонталните. Темните пруги имаат негативни вибрации

  • Облеката во една сатвик боја без дизајн воглавно привлекува позитивни вибрации

Видете ги сликите на почетокот на написот.

4.5 Состојба на облеката

Состојбата на облеката исто така игра одредена улога во духовното влијание врз нас.

Неперената облека ги привлекува негативните енергии. На пример, голема позната компанија за фармерки препорачува нивните фармерки да не се перат. Гледајќи од духовна перспектива, нечистотијата и потта кои се таложат на облеката создаваат Раѓа-Тама вибрации. Од друга страна, перената облека не е наполнета со вибрациите и нечистотијата од лицето која што инаку ја носи, затоа способноста за привлекување на Сатва компонентата е висока.

Носењето искината облека е исто така еден од новите трендови помеѓу младите генерации. Меѓутоа, искинатата облека ги привлекува негативните енергии.

Кога станува збор за стара и нова облека, новата сигурно е попогодна за привлекување на Божествената енергија. На пример, новата оперена облека од свила полесно ќе ги привлекува Божествените фреквенции отколку старата оперена облека од свила.

4.6 Должина на фустанот

Во текот на последните десетина години должината на фустаните се намали, иако тоа се смета за модерно, има свои недостатоци од духовна перспектива. Облеката може да послужи како заштитна обвивка од негативните енергии. Кратката облека не само што буди сексуални желби кај спротивниот пол, туку го привлекува вниманието на духовите и негативните енергии во непосредна близина. Жените кои што носат кратка облека ги привлекуваат негативните енергии кои суптилно ги вознемируваат за да ги исполнат своите сексуални желби. Во SSRF најдовме многу случаи, во кои жените беа сексуално злоупотребувани од суптилните ентитети, со или без нивно знаење

4.7 Стил

Стилот на облеката има многу аспекти, еден од нив е формата на облеката. Облеката треба да биде удобна и не премногу тесна. Ако е претесна, тогаш се создава триење помеѓу ткаенината и кожата кое што создава звучни бранови во суптилниот воздух, со што се предизвикуваат попречувачки бранови од атмосферата кои се придвижуваат кон лицето. Удобната поширока облека овозможува суптилен проток помеѓу ткаенината и кожата, а со самото тоа и поголема можност од атмосферата да се привлече и задржи Божествената свесност (Чаитанија).

Ставањето фалти на облеката што ја носиме е уште еден аспект, од кој зависи дали постои протокот или се задржува енергијата. Да го земеме за пример сари. Духовното истражување покажа дека постои причина зошто сарито од предната страна е со фалти. Од фалтите се поттикнува проток на енергија кон земјата и го штити телото од негативните енергии кои што се емитуваат од суптилниот регион на Пеколот (Патал).

Модата се менува секоја сезона, зависно од тоа што дизајнерите ќе дадат како нов тренд. Духовното истражување покажа дека преку стотина години сари од 8 метри свила, и сари од 7 метри свила, е фустан кој највеќе им одговара на жените.

Прочитајте го написот – Што да се облече? – сари или здолниште?

4.8 Позајмување на облека – духовно табу

Позајмувањето на облека, обувки, капи од пријателите, може привремено да помогне за да се зголеми гардеробата, меѓутоа духовните недостатоци ја надминуваат преданоста.

Во денешниот свет голем дел од популацијата е под влијание од негативните енергии и нивните вибрации можат да останат на облекат како попречувачка енергија. Носењето облека од лице кое што е опседнато од страна на негативните енергии може да биде многу штетно од духовен агол. Со оглед дека немаме способност со шестото сетило да препознаеме кој е под влијание или опседнат од негативните енергии, најдобро е да се воздржиме од позајмување на облека.

Прочитајте го написот – Колку луѓе се опседнати или се под влијание на демонските енергии.

Можеме да доживееме слично влијание кога купуваме ’половна’ облека. Меѓутоа, доколку немаме друга можност, се препорачува задолжително да ја прочистиме пред да ја облечеме.

Прочитајте го написот – Отстранување на суптилниот мирис од облеката.

5. Заклучок – како да се облекуваме

Во овој напис се запознавме со основните начини на кои облеката може да влијае врз нас на духовно ниво. Ако барем делумно се придржуваме на овие насоки, еден чекор сме поблизу до сатвик живеењето. Некои аспекти што се наведени во овој напис можеме веднаш да ги примениме во пракса, како што е избегнувањето носење на црна облека. Што побргу ги усвоиме ваквите промени во начинот на облекување, побргу ќе ги доживееме придобивките.

Меѓутоа, некогаш нема да биде лесно да се придржуваме до сите претходно наведени ставки. Важно е да се сфати дека секој труд кој што го вложуваме во зголемувањето на сатва компонентата во себе, помада на нашата сеопфатна чистота, па со тоа траба да се водиме и додека избираме облека.

Истрајно практикување на духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса го поттикнува развојот на нашето шесто сетило. Сето она што го наведовме, со шестото сетило можеме да го почувствуваме по пат на вибрации. Кога еднаш ќе го достигнеме нивото да ги чувствуваме суптилните вибрации, ќе бидеме во состојба да донесуваме одлуки за секојдневните активности кои ќе не насочуваат кон тоа да водиме сатвик живот.