Како постепено да се зголемува пеењето

Пеење на Божјото Име е основа на духовната пракса која ја препорачува Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF). Важно е постепено да го зголемуваме пеењето и тоа квантитативно и квалитативно. Тоа го правиме за да го поттикнеме духовниот развој и ги доживееме духовните искуства од повисок ред.

Да ги погледнеме одблиску чекорите или насоките преку кои трагачите обично поминуваат на овој пат на духовна пракса. Во зависност од своето духовно ниво, потребно е од неколку месеци до две години да се помине секој од чекорите.

Chanting during the initial stages

 

Многу од нашите читатели, после читањето на овој веб-сајт, го почнале   пеењето на Божјото Име по првпат во животот. Обично првпат можеме да пееме само неколку минути на ден. Со цел да ја започнеме и одржиме оваа духовна пракса, се препорачува на почетокот да пееме барем 10 минути дневно.

 

 

Chanting when one is idle

 

Следниот чекор е да станеме свесни на моментот во кој не работиме ништо корисно и да се сетиме на пеењето. Тоа може да биде додека чекаме некој, или додека чекаме во некој ред.

 

 

 

Chanting while performing physical activities

 

После ова треба да се трудиме да го одржиме пеењето додека вршиме физички активности како што е бањање, готвење, шетање, патување со автобус, или со воз итн. Тоа се секојдневни активности кои се вршат од навики и не мораме да размислуваме за нив додека ги вршиме. На овој начин можеме да пееме додека вршиме физички активности.

 

 

Chanting while performing mental activities

 

Следниот повисок степен е пеење на Божјото Име додека вршиме ментална активност која во секојдневниот живот не е многу важна, како на пример читање весници, гледање телевизија, итн. Затоа во тие моменти можеме да пееме ментално.

 

 

После ова следниот напреден чекор е способност да пееме додека вршиме ментални задачи кои ни се важни во секојдневниот живот, како читање или пишување на официјални документи. Во текот на вршење на такви задачи активни се очите, интелектот и рацете така да можеме да пееме ментално.

Ве молиме видете го написот кој објаснува – Како е можно непрекинато да се пее додека вршиме било која активност.

Во сегашните времиња, покрај пеењето на Божјото Име според религијата во која сме родени, Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF) препорачува секој да спроведе барем 2 часа во пеење на заштитната пеаница “Шри Гурудев Дата“ поради проблемите со суптилните тела на преминатите предци.