Духовно истражување на пијалаците

Духовно истражување на пијалоците

Во овој дел за сатвик животот, преку духовно истражување, ги споредивме разните видови на популарните пијалаци и нивното влијание врз луѓето. Во следната табела се наброени некои најчесто користени видови на пијалаци (од врвот кон долу) според духовната чистота. Од ова можеме да дознаеме кои пијалаци треба да ги пиеме за да не паднеме под влијание на негативните енергии.

Вид на пијалак Сатва1 Раѓа1 Тама1 Влијание од негативните енергии2
Алкохол (вклучувајќи го и виното) 18 31 51 Високо
Чај без млеко​3 18 31 51 Високо
Газирани пијалаци4 21 46 33 Умерено
Кафе без млеко 18 51 31 Умерено
Чај со млеко 20 49 31 Умерено
Кафе со млеко 21 48 31 Умерено
Растителен чај 21 48 31 Умерено
Овошен сок 31 44 25 Мало
Кокосова вода 31 48 21 Мало
Вода5 31 51 18 Мало
Необерено млеко 31 52 17 Мало
Млеко од индиска крава 33 54 13 Минимално

Извор: Духовно истражување спроведено од страна на SSRF – 21.07.2013. година.

Со кликнување на синиот дел од текстот во првата колона, можете да ги прочитате деталите за спомнатите пијалаци од духовен агол.

Забелешки:

  1. Според духовната наука, целиот Универзум е составен од три основни суптилни компоненти – Сатва, Раѓа и Тама. Сатва е компонента која што ја претставува духовната чистота и знаењето; Раѓа ја претставува акцијата и страста, додека Тама го претставува незнаењето и инерцијата. Суптилните вибрации кои што се емитуваат од било што или било кој, зависат всушност од тоа која компонента е доминантна во нив.
  2. Што се однесува до влијанието од негативните енергии и нашата духовна пракса,
  • Кога ги пиеме пијалаците кои што имаат висок процент на Тама компонента, како што се алкохолот и црниот чај, негативните енергии од духовната димензија врз нас можат лесно да влијаат, затоа што овие пијалаци ја привлекуваат духовната нечистота во нас.
  • Што поголема количина се консумира од пијалакот, со тоа е поголемо влијанието врз лицето. Затоа негативните ефекти повеќе ќе делуваат врз лицата кои што се зависни од црниот чај и алкохолот.
  • За трагачите кои што практикуваат Духовност и се трудат да бидат повеќе Сатвик или духовно почисти, консумирањето пијалаци со преовладувачка Тама компонента ќе влијае негативно на нивниот духовен раст. Покрај тоа, стануваат подложни на негативните енергии, ако тие се обидуваат да ги попречуваат во нивната духовна пракса.
  • За Светците на духовно ниво над 80%, дури и ако се напијат алкохол, тоа врз нив нема да има сериозно влијание, затоа што се во можност да го променат составот на пијалакот. На пример, алкохолот преку метаболизмот преоѓа во вода.
  1. Ова се однесува само на црниот чај а не на растителниот.
  2. Боите содржат преовладувачка Раѓа-Тама компонента поради хемиските адитиви кои што ги содржат, и како такви се главен фактор кој што придонесува за зголемување на оваа компонента. Секој пијалак кој што содржи хемикалии има и поголемо ниво на Тама компонентата.
  3. Водата во основа е неутрална. Меѓутоа таа со леснотија ги впива и позитивните и негативните вибрации.

Користејќи ја био-фидбек направата DDFAO, SSRF исто така го проучуваше влијанието од алкохолот и овошниот сок на Кундалини чакрите кај луѓето. Го тестиравме влијанието од два вида на пијалаци и тоа од алкохол (виски) и овошен сок (портокал) на луѓе за кои се знае дека се опседнати од негативните енергии, и на оние кои не се опседнати. Исто така ги тестиравме на луѓето кои што вршат духовна пракса, наспроти оние кои што не вршат духовна пракса.

Подолу е видеото на SSRF, на кое се прикажани некои од истражувањата со DDFAO на алкохолот. (Наскоро)

//