Забелешка за читателите: За подобро разбирање на овој напис, ве молиме да се запознаете со темата: Што се тоа цртежи засновани на духовното знаење?

Во овој напис со помош на цртежот заснован на духовното знаење ќе ги објасниме суптилните вибрации кои што ги привлекува и емитува алкохолот. Цртежот го нацрта Г-ѓа Јоја Вале, трагач со развиено шесто сетило на видовитоста. Го провери и потврди Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле. После проверката со развиеното шесто сетило, утврдено е дека овој цртеж е точен 80%.

1-MKD-Alcohol

Следуваат клучните точки за алкохолот од духовна перспектива:

  • Способност за привлекување негативна енергија: Алкохолот е раѓа-тама пијалак. Соодветно на тоа, кога се зема, го намалува сатвикот и истовремено ја зголемува суптилната тама компонента.1MKD_Note-black-energyЗаедно со привлекувањето на црната енергија (3) како што е прикажано на сликата погоре, алкохолот исто така ги привлекува негативните енергии. Се создава суптилна обвивка од црна енергија околу умот и интелектот на лицето што го пие алкохолот, правејќи го лесна мета за влијание на негативните енергии.
  • Ја зголемува духовната ранливост: Со земањето на алкохол, контролата над умот и интелектот полесно се губи. Негативните енергии го искористуваат тој губиток на контрола и навлегуваат во нашата свест. Дури и кога испиеме само едно пиво, тоа е доволно да се намали сатвикот во нас и ја зголеми тама компонентата, со што стануваме погодни за напади од негативните енергии.
  • Опседнувањето станува поверојатно: Кога лицето сака алкохол, самата склоност кон алкохолот се искористува од страна на духовите или преминатите предци, кои што имаат склоност кон алкохолот и затоа тежнеат да го опседнат лицето. Кога веќе еднаш духот го опседне лицето, лицето почнува се повеќе да го сака алкохолот. Тоа му помага на духот да ја одржи контролата над лицето и се впушта во уживање во алкохолот преку тоа лице.
  • Влијание од алкохоличарот врз неговото семејство: Кога негативните енергии го опседнат лицето, преку него можат лесно да ги задоволуваат своите страсти. Луѓето во пијана состојба прават ужасни работи против членовите на семејството, пријателите и општото добро. Агресивното однесување на алкохоличарот (зависникот од алкохол) воглавно се одвива поради ентитетот што го опседнал лицето, кој што го искористува и ја зголемува постоечката маана (недостаток), т.е. агресивноста кај алкохоличарот.
  • Духовен квалитет на виното: Од духовна перспектива, виното исто така спаѓа во истата категорија, како и сите други алкохолни пијалаци, затоа што незначително е помалку тамасик во споредба со пијалаците како што се вискито и вотката.
  • Спречување на проблемите: Доколку лицето почине без претходно да ја надмине зависноста од алкохолот, желбата продолжува. Единствената разлика е тоа што, лицето повеќе нема физичко тело за да ја задоволи својата желба за алкохолот. Поради своето суптилно тело во животот после смртта, лицето се обидува да опседне некое друго лице, за да ја задоволи својата желба преку опседнатото лице. И така циклусот продолжува. Затоа треба да се ослободиме од таквите зависности во животот, за да не бидеме робови на центарот за желби, кои што остануваат во под-свесниот ум после смртта.
  • Решение за надминување на зависноста од алкохолот: Преку духовното истражување, дознавме дека проблемите со зависностите во 96% од случаите, се предизвикани од духовните фактори. Единствениот ефикасен начин за надминување на проблемите предизвикани од духовната димензија се духовните мерки. Во нашиот напис, истражување засновано на духовната наука, јасно ја изложивме духовната програма во 3 чекори, за да им помогнеме на луѓето во надминување на зависностите, како што е зависноста од алкохолот, со минимални нуспојави.

Со користење на апаратот, познат како DDFAO, SSRF исто така ги истражи ефектите од пиењето алкохол и овошен сок, врз Кундалини чакрите кај луѓето. Го тестиравме влијанието од овие два пијалаци, алкохолот (виски) и овошниот сок (од портокал), врз луѓе за кои знаевме дека се опседнати со негативните енергии и врз оние кои не се опседнати. Истиот тест го спроведовме со луѓе кои што вршат духовна пракса, споредувајќи ги нивните резултати со резултатите од луѓето кои не вршат духовна пракса.

Подолу е видеото на SSRF, на кое се прикажани некои од истражувањата со DDFAO на алкохолот. (Наскоро)

//