Застрашувачки натприродни појави – Вовед

Застрашувачки Натприродни Појави – Вовед

 1. Вовед

Застрашувачки Натприродни Појави – Вовед
Околу 2000-та година, SSRF истражувачкиот центар доби многу необични фотографии од своите трагачи, а доби и предмети кои што ненадејно и необјасниво се променија. Промените се однесуваа на спонатани согорувања, пукнатини, гребнатини, дамки, дупки, и други деформации. Слични промени беа забележани во просториите на  SSRF истражувачкиот центар, помеѓу личните работи и во домовите на трагачите.

Во првиот момент трагачите беа збунети од овие шокантни промени, затоа што за нив немаше очигледна надворешна причина. Неговата Светост Др. Атавле веднаш објасни дека овие предмети биле изложени на напади од страна на негативните енергии од духовната димензија и дека тоa е причината за настанатите промени. Од тогаш ги проучуваме овие феномени по пат на развиено шесто сетило и со помош на биофидбек опрема. Илјадници вакви бизарни и спонтани промени на предмети, за кои што не постоеше никаква надворешна причина за промените, беа предмет на нашите проучувања.

Во овој дел презентираме мал дел од нашата колекција на предмети (неживи објекти), кои што беа изложени на суптилни напади од страна на негативните енергии, како и духовната наука која што стои зад некои одбрани студии на случаи. Ова истражување го објавуваме за да ја информираме јавноста дека вакви феномени постојат. Тоа можеби ќе одговори на вашите прашања за слични необјасниви феномени кои што ги имате доживеано вие или вашето семејство. Подоцна ќе ги презентираме и нападите врз трагачите поврзани со SSRF на физичко, психолошко и духовно ниво.

2. Зошто SSRF ги доживува овие суптилни напади?

По пат на шестото сетило, откривме дека овие суптилни напади ги поттикнале духовите од највисок ред те. мантриците. Прво се прашувавме зошто релативно мала организација, како што е нашата, ја посочиле и така злобно ја нападнале негативните енергии од највисоко ниво. Како што минуваше времето, почнаа да се откриваат причините.

2.1 Единственоста на SSRF и мисијата на Неговата Светост Др. Атавле

Иако непознато за повеќето од нас, светот се наоѓа среде немилосрдна суптилна битка помеѓу силите на доброто и злото. За време на оваа декада (до 2018. година) дел од оваа битка ќе се пренесе на регионот на Земјата во форма на невидини природни катастрофи и трета светска војна.

Застрашувачки Натприродни Појави – Вовед

Огромни загуби на човечки животи ќе има големиот ефект врз светот и во текот на наредниот милениум, човечката раса ќе се труди да пронајде духовно разбирање, на начин на кој тоа не го правела со милениуми. Кога ќе заврши Армагедон, ќе се отвори патот на воспоставување „Ера на обновената Духовност во човештвото“. Тоа значи дека човечката духовна свест, во текот на наредните илјада години ќе биде целосно различна, затоа што човечката раса ќе се труди да ја пронајде врската помеѓу  физичкото, психолошкото и духовното и ќе тежнее кон повисока духовна свесност. Милениумот што доаѓа ќе биде од голема важност за човечката раса, затоа што тоа ќе биде последната духовна ренесанса во Калијуга се до разградување на Универзумот за околу 400.000 години подоцна.

Несекташките духовни организации предводени од Светците (како SSRF), чии духовни истрежажувања ќе постанат интегрален дел во градењето на фундаменталното духовно знаење. Во оваа нова ера, врз нив максимално ќе влијаат моќните негативни енергии од високо ниво. Највеќе е попречуван Неговата Светост Др. Атавле (со чиј благослов е основана SSRF). Всушност, покрај нападите врз Неговата Светост Др. Атавле на физичко ниво, во овој дел ќе видите дека многу суптилни напади врз предметите се однесуваат на сликите на Неговата Светост Бактараѓ Махараѓ и Неговиот ученик Неговата Светост Др. Атавле.

Тоа е затоа што тоа се Светци, кои што се вклучени во духовната пракса за ширење на Духовноста (самашти садна). Вистинската самашти садна не е секташка и не е исклучителна. Таа ги вклучува и води луѓето во согласност со нивниот духовен пат. Тие се разликуваат од многу Светци на дрги духовни патишта, кои што се вклучени на индивидуалната духовна пракса (вјашти садна). Повеќето вјашти ориентирани Светци, се обидуваат да ја прошират оваа духовна пракса. Меѓутоа, за самашти ориентираните Светци, индивидуата е поважна, те. тие не се фокусираат на тоа колкав е бројот на нивни следбеници, туку на развој на индивидуата во согласност со духовниот пат, кој што на таа индивидуа највеќе и одговара.

Само Светците на највисоко духовно ниво имаат способност да се борат со, или ги издржат нападите од моќните негативни енергии на високо ниво од 4-от до 7-от регион на Пеколот (Патал). Како резултат на тоа, само овие Светци максимално ги попречуваат, а во помала мерка влијаат и на трагачите поврзани со Нивната мисија. Моќните негативни енергии од 5-от или 6-от регион на Пеколот, не ја трошат својата енергија за да влијаат на обичните луѓе или Светците кои што не се вклучени во духовната пракса за ширење на Духовноста. Светците вклучени во самашти садна се разликуваат од другите Светци, по тоа што на сите им помагаат да практикуваат Духовност, која што не е секташка. Тие најефикасно ги користат Божјите ресурси и генерално не помагаат на опшеството на физичко и психолошко ниво, како на пример преку донации, социјална работа, итн. туку делуваат чисто на духовно ниво. Тоа е поради тоа што сфаќаат дека, суштинската причина речиси за сите проблеми со кои што се соочуваме во животот е во духовната димензија и дека мoжат да се надминат само со помош на духовни мерки.

2.2 Споредбено значење на случувањата во однос на намерата

Фактори кои одлучуваат за тоа како и зошто сеслучува суптилен напад од негативните енергии
Специфична положба на материјалот фустанот / облеката и фотографијата што е нападната. Ова го вклучува и методот на нападот (горење, дамки, дупки итн.) 30%
Намера зад нападот 70%

За лицето кое што е сведок на таквиот суптилен напад, природно е да биде погодено од него или да се фокусира на вистинското влијание, како да речеме на необјаснивата дупка која што се појавила на облеката или сликата на Божеството која што согорела во пламен. Меѓутоа, по пат на духовно истражување откривме дека намерата зад овие напади има поголемо значење. Негативните енергии ефикасно ги користат своите средства, да ги изведат суптилните попречувања и да го произведат саканиот ефект врз својата жртва, кој што може да биде многу подалекосежен од самиот напад.

Во следното поглавие ќе ги објасниме ефектите од овие напади врз трагачите.

2.3 Зошто се случуваат суптилните напади врз трагачите поврзани со мисијата на Неговата Светост Др. Атавле?

Основните причини поради кои духовите ги попречуваат просечните луѓе се:

  • Барање освета
  • Се обидуваат да ги задоволат своите желби
  • Да изнудат задоволство измачувајќи ги другите
Кој е трагач? Трагач е лице кое што искрено и секојдневно се труди духовно да расте. Духовната пракса на трагачот е интуитивно во согласност со 6-те основни принципи на духоната пракса. Поради интензивната желба за духовниот раст, трагачот секојдневно се труди квантитативно и квалитативно да ја подобри својата духовна пракса.

Меѓутоа, примарната намера за попречување на трагачите е да се уплашат и да направат пречки во нивната духовна пракса. Изгореница, гребнатина или дупка кои што настанале по пат на суптилно попречување, емитуваат црна енергија и таа ги обвива трагачите предизвикувајќи штетен ефект на физичко, психолошко и духовно ниво. Наспроти тоа, кога попречувањето е насочено кон просечно лице, тоа воглавном е за да тоа лице се уплаши или да се подмири сметката на земање и давање. Во некои случаи попречувањето може да биде последица од црна магија која врз него ја фрлил некој кој што го познава.

2.4 Каков е ефектот од суптилните напади врз трагачите?

Кога феномените, како што се изгорени предмети или дупки, ќе се појават како последица на некои хемиски реакции или физички причини, нема психолошки или духовни ефекти на околината. Меѓутоа, кога лицето доживее такви натприродни попречувања од духовите, тие можат да се јават на некое или сите од следните нивоа:

  • Физичко: тежина, гадење, болки во стомакот, темни кругови под очите, чувство на непријатен мирис од предметите, вртоглавица, неуедначена боја на тенот, затнати уши, болки во ушите, силна главоболка, вкочанетост на телото, чувство дека ни трпнат рацете и нозете и чувство на ситни боцкања по нив.
  • Психолошко: страв, неможност за јасно размислување, депресија, самоубиствени мисли итн.
  • Духовно: недостаток на ентузијазам за духовна пракса, желба да ја одложиме духовната пракса, сомнежи во врска со духовната пракса и покрај многуте позитивни духовни искуства во минатато итн.

Интензитетот на попречувањата е пропорционален со духовната емоција (бав) на трагачот. Ако духовната емоција на трагачот е висока, моќните духови го попречуваат по пат на медитација како медиум или по пат на натприродни сили со помош на неманифестирана енергија. Да претпоставиме дека имаме случај на спонтано горење предизвикано од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии итн.), дури и ако изгорената површина е мала, од неа се емитува повеќе црна енергија.

Меѓутоа, исто како што бурниот облак има сребрен раб и SSRF трагачите се под водство на Неговата Светост Др. Атавле ги искористија негативните натприродни случки да изнудат нешто позитивно.

  • Одлучоста и верата на трагачите зајакна: Трагачите кои што беа погодени од суптилните напади ја користеа својата духовна пракса и мерките за духовно исцелување за да ги надминат нивните штетни ефекти. Тоа само ја зајакна нивната вера во духовната пракса, која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста.
  • Совладани се техниките за духовно исцелување: Трагачите научија многу нови техники за духовно исцелување и продолжија да ги презентираат во делот за духовно исцелување.
  • Проучување на овие феномени: SSRF доби можност да ја проучи оваа негативна и темна страна на духовната димензија.

2.5 Зошто овие суптилни напади се насочени кон Неговата Светост Др. Атавле?

Како што напоменавме, повеќето напади од негативните енергии од високите нивоа беа насочени кон Неговата Светост Др. Атавле. Кога моќна негативна енергија влијае врз фотографија, не е нападната фотографијата туку лицето на неа. На пример, ако е оштетена сликата на Неговата Светост Др. Атавле, и Тој лично ќе го почувствува нападот. Ова се случува во согласност со духовниот принцип дека зборот (името на нешто), допирот, формата, вкусот, мирисот и енергијата поврзана со тоа коегзистираат. Овој принцип се користи и во негативна смисла во црната магија со користење на слика на лицето врз кое се фрла магијата.

Наопадите врз Неговата Светост Др. Атавле се изведени со намера да ја прекинат Неговата мисија и специфично се изведени:

  • Да го Убијат,
  • Да ја намалат Неговата витална енергија (Пран-шакти) и да се предизвикаат големи физички непријатности.

Бидејќи Светците од висок ред имаат многу мало его, нивниот ум и интелект не можат да бидат погодени. Меѓутоа, бидејќи се сеуште живи, нападите можат да бидат насочени на физичкото тело и на виталната енергија. Ве молиме прочитајте го написот – Од што се состојат човечките суштества? (тело, ум, интелект, душа)

Следнава табела ни дава видување за интензитетот на суптините напади, кои што ги има доживеано Неговата Светост Др. Атавле и способноста да ги издржи ваквите напади во споредба со духовно просечен човек.

Ефект од суптилен напад врз просечен човек во споредба со Неговата Светост Др. Атавле

Регион на пеколот од кој доаѓа негативната енергија која напаѓа 2. Регион на пеколот (патал) 2. Регион на пеколот (патал) 4.-6. Регион на пеколот (патал)
Тип на лицето / слика на нападнатото лице Духовно просечно лице Слика на Неговата Светост Др. Атавле Слика на Неговата Светост Др. Атавле / директни напади на Неговата Светост Др. Атавле
Фреквенција на нападите Еднаш Повторени напади Повторени напади
Намера Да го уплашат лицето Да го уплашат трагачот Да го убијат Неговата Светост Др. Атавле
Резултат Сериозна повреда / смрт на лицето Некои ефекти на Неговата Светост Др. Атавле Намалување на просечната витална енергија на Неговата Светост Др. Атавле

Следнава табела е подготвена врз основа на духовното истражување и ја претставува просечната вредност на витална енергија на Неговата Светост Др. Атавле, во текот на минатата деценија.

Ниво на витална енергија (пран-шактина Неговата Светост Др. Атавле во текот на минатата деценија

Година % на витална енергија1
2000 и порано 1402
2001 – 2005 60
2006 – 2010 403

Фусноти:

  1. Нивото на витална енергија на просечниот човек е 100%.
  2. Духовно развиените луѓе генерално имаат повеќе витална енергија. Во случајот на Неговата Светост Др. Атавле, поголемиот дел од Неговата витална енергија (која што беше 140% пред 2000. година) беше насочена на физички и суптилни мерки за ширење на Духовноста.
  3. Кога виталната енергија ќе се намали на 30% настапува смрт. Во моментот кога е правено ова отчитување засновано на знаењето на духовната димензија, на 10. Февруари 2010. година, нивото на витална енергија на Неговата Светост Др. Атавле беше 34%.

2.6 Последици од овие суптилни напади на ниво на човештвото

Негативните енергии се посветени на тоа да го измачуваат и дестабилизираат човештвото. Од друга страна, Светците и Нивните слики се складишта на Божествена свеснот (Чаитанија) на Земјата и тие помагаат да се зголеми нивото на сатвикот во светот. Тоа посебно е случај кај Неговата Светост Др. Атавле, кој што е вклучен во духовната пракса за ширење на Духовноста. И сликите на Божествата кои што се насликани според упатствата на Светците, емитуваат поголеми количества на Божествена свесност. Тоа е затоа што Светците можат да пристапат до Универзалниот Ум и Интелект и можат да ги водат уметниците во дефинирање на фините нијанси и детали во изгледот на Божествата, кои што конечно резултираат со тоа да сликата поседува поголема количина на принципот на одредено Божество. Овие слики на Божества произведуваат поголеми количини на Божествена свесност на Земјата, отколку сликите кои се насликани од обичните уметници.

Како резултат на тоа, напаѓајќи ги сликите на Божествата и Светците, моќните негативни енергии ефикасно ги  намалуваат духовните придобивки, кои што трагачите и целото човештво ги имаат од тие слики. Така тие се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на Божествената свесност.

Ако нападот е цел на една слика, сличен ефект е постигнат на истиот вид на слики во домовите на другите трагачи. Меѓутоа, овој ефект на слични слики е занемарлив во споредба со сликата која е изложена на нападот.

2.7 Дали просечниот човек има проблеми поради ваквите суптилни напади?

Овој вид на суптилни напади од страна на негативните енергии од повисоко ниво, се многу ретко насочени кон просечните луѓе. Во многу ретки случаи негативните енергии можат да влијаат врз просечните луѓе од злоба, за да ги заплашат. Веројатноста да се се случи ова е следнава:

  • За лицата кои практикуваат индивидуална духовна пракса – 1 на 100,000,
  • Лицата кои практикуваат духовна пракса за ширење на Духовноста – 1 на 1000,
  • Во согласност со факторот време – светот се наоѓа во преиод на самракот и промена на периодите (ерите) и е среде суптилната битка.

Иако шансите се мали овој феномен да му се случи на просечниот човек, добро е да се знае нешто за него. Тоа е слично на принципот кој што стои зад нашата љубопитност, за тоа каква е површината на Месечината или на Марс, иако е многу мала шансата дека човекот навистина ќе ги посети.

3. Како да се препознаат деформациите кои ги направиле негативните енергии од оние кои ги направил човекот?

Можно е да се рзликуваат случките кои што се случиле поради делувањето на негативните енергии од оние кои што се предизвикани од познатите хемиски реакции или физички средства на следниот начин:

  • Нема надворешно влијание: Настаните / феномените се случуваат без никакво надворешно влијание или рационално објаснување.
  • Брзина на појавувањето: Главната карактеристика на случките или феномените кои што ги предизвикуваат негативните енергии е брзината и ненадејното појавување без никакаква надворешна стимулација.
  • Промени кај предметите: Деформитети кај предметите како што се дупки, автоматски го менуваат формата или големината со текот на времето, без било какви надворешни причини, како што се носење облека или кинење.
  • Механизам кој што стои зад случката: Начинот на кој што духот од повисоко ниво нешто прави е многу различен од нормалните хемиски реакции. На пример, негативните енергии за да направат дупка, тие можат да полеат суптилна киселина, која што го гори материјалот, како што е ткаенината. Меѓутоа, тоа може да се забележи само помош на развиено шесто сетило.

Првите три помеѓу наброените точки, можат да се идентификуваат со помош на интелектот. Меѓутоа, последната точка може да се спознае само по пат на шестото сетило.

4. Колку трае ефектот од овие напади?

Ефектот од натприродните појави и феномени, кои што негативните енергии ги прават на предметите, може да остане засекогаш, но за долготрајноста на овие напади воглавном зависи од моќта на негативната енергија која ги направила. Во некои случаи примената на духовни мерки, може да го намали или поништи ефектот од овие напади. Во други случаи, секоја понатамошна употреба на предметот може да предизвика силни попречувања, поради што понатамошна употреба не се препорачува. Тогаш најдобро ќе биде тој предмет да се фрли во море.

5. Што можеме да направиме за да се заштитиме?

Во случај да се случи негативна натприродна случка, со цел да му наштети на некое лице, најдобриот одговор е тоа лице да врши редовна духовна пракса, која ќе биде во согласност со шесте основни приципи на духовноста. Тоа се попречувања кои што се спроведени со духовни средства како што се црната магија, опседнатоста итн.

Ве молиме прочитајте ги написите за: Духовното исцелување и Духовната пракса.