Содржина
1. Вовед
Вербата во Божјото присуство беше всадена во мене уште додека бев многу млада.
Подоцна, со цел некако да преживееме, во тоа време татко ми реши да и се приклучи на Комунистичката партија на Југославија и од тој момент па натаму во нашата куќа беше забрането да се спомнува Името на Бога.
Мојата баба тајно ме научи како да се молам и ми кажуваше приказни за Бога. Понекогаш тајно ќе ме одведеше во црква.
За време на моето детство се плашев да останам сама дома. Бев постојано болна и секогаш кога ќе имав температура, ги сонував истите страшни соништа и се плашев дека ќе умрам. Во тоа време ми се допаѓаше да спијам со баба ми, бидејќи таа навечер пред спиење на глас му се молеше на Бога. Се сеќавам дека не сакав да заспијам се додека баби не го спомнеше моето име во нејзините молитви, барајќи од Бога да ме заштити. Дури после тоа можев мирно да заспијам. Како резултат на тоа, силна импресија се создаде во мојот ум дека Бог постои и не штити.
Се сеќавам подоцна како возрасна личност, секогаш кога ќе се најдев во некоја ситуација во која бев исплашена, имав силно чувство дека Бог е со мене.
Покрај тоа, долго време имав чувство дека животот има некоја друга, некоја повисока цел, но не можев никако да разберам која е. Барав низ многу книги и одев на различни предавања, но она што таму го пронаоѓав беше само еден мал дел од она што навистина го барав.
2. Како ја започнав духовната пракса
Во 2007 година, во мојот град SSRF одржа предавање за Духовноста. За прв пат присуствував на еден ваков настан. Тие зборуваа за Бога на начин на кој можев да разберам. Тогаш дознав што значи пеење на Божјото Име и веднаш започнав со пеење. Многу брзо ги почувствував придобивките од пеењето и имав желба да пеам се повеќе и повеќе. На предавањето исто така, слушнав и за веб-сајтот на SSRF кој по предавањето веднаш го посетив.
Бев импресионирана кога прочитав дека овој веб-сајт настанал благодарение на Милоста на Неговата Светост Др. Ѓајант Балаѓи Атавле кој представува извор на инспирација за SSRF и неуморно работи за доброто на човештвото и ги води сите духовни истражувања на SSRF.
Имав силна желба да станам дел од тимот на трагачите од целиот свет кои се вклучени во создавањето и функционирањето на веб-сајтот и кој тоа го прават дел од нивното служење на Апсолутната Вистина (Сатсева).
SSRF веб-сајтот ми даде одговори на тоа кои се вистинските причини за различните проблеми во мојот живот и ми даде практични решенија како можам да ги надминам.
3. Духовни искуства и сознанија за важноста на духовната пракса
Мојата духовна пракса ја започнав во 2007 година, и набрзо ги доживеав моите први духовни искуства.
- Едно утро, тргнав на Сатсанг и како што си одев по улицата помирисав прекрасен мирис на сандаловина. Се свртев да видам од каде доаѓа овој мирис, но не можев ништо да забележам. Мирисот ме следеше цело време додека патував со автобусот. Ги прашував луѓето околу мене дали чувствуваат некој убав мирис, но нивниот одговор беше не. Длабоко вдишував и имав желба овој мирис да трае вечно.
Ова искуство го споделив на Сатсангот. Напреднатите трагачи тогаш ми рекоа дека сум имала духовно искуство и ми објасниа дека Бог ни дава духовни искуства за да ни покаже дека сме на вистинскиот пат и да ја зголеми нашата вера во духовна пракса.
-
Една вечер се враќав сама од некое патување. Забележав дека пеењето почна да се случува само од себе (автоматски), некако од внатре. Бев целосно смирена и опуштена. Откако пристигнав дома, бев изненадена бидејќи времето поминало некако брзо. Гледав во часовникот и сфатив дека доста време поминало за време на моето патување, а не бев свесна за времето како порано кога нестрпливо размислував за време на патување ‘Кога еднаш ќе стигнам дома’.
-
Еднаш кога отидов до бањата да ги измијам рацете, механички погледнав во огледалото. Го видов насмеаното лице на Неговата Светост Др. Атавле. Ги затворив очите и пак ги отворив повторно да погледнам, а Тој уште се смееше. Јас исто така се насмеав.
Од тој ден па натаму, секогаш кога ќе поминам во близина на тоа огледало ќе се сетев на тоа духовно искуство и насмеев.
Духовните искуства ја зајакнаа мојата вера во духовните принципи и ме мотивираа да продолжам да ги практикувам. SSRF ми помогна да ги разберам подобро претходните духовни искуства и да отворам врати за нови. Од тој момент, мојот живот почна да добива сосема нов тек.
4. Премин преку судбината
Имав чувство дека различните настани во мојот живот почнаа побрзо да се одвиваат. Беше невозможно да се помине преку сите овие настани, но по некое чудо ги поминував. (Забелешка на SSRF уредникот: Кога еден трагач со интензивна желба започне духовна пракса, Бог му/и помага да ја проживее својата судбина побрзо и полесно.)
Живеев во семејство, со сопругот и четири деца. Имав работа која бараше голема одговорност. Понекогаш работев и по 24 часа на ден. Незнам како но имав енергија тоа да го издржам. Проблемите кои ги имав со мојот сопруг од самиот почеток на нашиот брак, сега станаа се почести и потешки. (Забелешка на SSRF уредникот: И ова се случувало поради судбината.)
Поради дневниот стрес на работа и дома, колоидни цисти се појавиа на мојата тироидна жлезда. Преку пеење и молитви успевав да се смирувам за да не добијам нервен слом. Цистите на жлездата не исчезнаа и морав да посетам доктор. Тој ми кажа дека овие цисти се создадени како последица на постојаната изложеност на стрес, но дека мојата состојба се уште не е алармантна. Тој, исто така ми кажа дека со вежбање само-контрола би можела да го спречам понатамошното развивање на болеста и дека за тоа е потребно да најдам ‘време за себе’.
Сфатив дека Бог веќе го направил тоа ‘време’ за мене. Од тој момент почнав да обавувам многу по интензивна духовна пракса, под водство на SSRF
Покрај пеењето и молитвите, го применував и третманот со солена вода двапати на ден – наутро и навечер. Грижите и стравовите кои произлегуваа од мојата напорна работа се намалија откако почнав да применувам аутосугестии кои ми беа препорачани од напреднатите трагачи. (Забелешка на SSRF уредникот: Марија тогаш почна со процесот на отстранување на недостатоци на карактерот и отстранување на егото, аспекти на духовна пракса на патот на Милоста на Гуруто во тоа време.)
Ситуацијата дома се влошуваше се повеќе, и се почесто кавгите со сопругот завршуваа со физичка пресметка. Во тие ситуации, моето пеење и молитвите кон Бога да ме заштити, се зголемуваа. Многу пати кога повикував за Божја помош – Бог ме заштитуваше. Ова искуство уште повеќе ја зголеми мојата вера во Бога и моето копнеење по Бога растеше се повеќе и повеќе.
И така трчајќи од една ситуација во друга, доживеав сериозна сообраќајна несреќа. Се сеќавам само додека паѓав под камионот плачејќи извикав,”О Боже, што да правам” и Го слушнав како ми вели “Викај!” и јас викав. Луѓето околу мене ме слушнаа и го запреа камионот. Завршив во болница. Сите се чудеа како останав жива. Единствено само јас знаев дека ‘чудото’ кое ме спаси беше Бог.
5. Суровата судбина е ублажена со духовна пракса
По тој настан, решив да ја напуштам работата и да се разведам. Отидов во друг драг кај една пријателка и заклучно со јуни 2012, почнав нов живот – живот исполнет со цел – спознавање на Бога. Сето мое слободно време, почнав да го користам само за духовна пракса.
Се приклучив на тимот на трагачи по Бога кои работат на веб-сајтот на SSRF, како дел од нивното служење на Бога. Моето служење при Апсолутната Вистина вклучува кооридинирање преводи на текстови за Српскиот SSRF веб-сајт.
6. Започна трансформацијата
Додека обавував духовна пракса под водство на SSRF, научив кои практични чекори можам да ги преземам за да поттикнам фундаментални промени во себе, како би го направила својот живот побогат и исполнет со цел и за да духовните искуства останат по трајни.
Како многу други трагачи, духовното патување кое го започнав под водство на SSRF стана највозбудливото и најисполнително патување за кое целиот мој живот копнеев.
7. Престој во SSRF истражувачкиот центар
Во Јули 2012 година, заедно со група трагачи отидов во SSRF истражувачкиот центар и останав таму два месеци. Кога стигнавме, трагачите од SSRF центарот не дочекаа со насмевки полни со љубов. Се чувствував како да сум ‘дошла дома’.
Иако незнаев да зборувам на англиски јазик, наскоро дознав дека тоа не е толку важно, бидејќи јазикот на комуникација тука беше јазикот на љубовта. Зборувавме со очи полни со љубов. (Забелешка на SSRF уредникот: Бидејќи трагачите се поврзани со истата цел, која е спознавање на Бога во овој живот поради што во SSRF центарот за истражување засновано на духовната наука се чувствува многу духовна љубов без очекување.)
Овде имавме многу прилики да препознаеме различни форми на оваа љубов: кај колегите трагачи – во грижа да не ни недостасува нешто што може да ни треба, во очи полни со разбирање кои секогаш беа подготвени да помогнат, и во учење многу нови работи и делење на искуства кои ни помогнаа во нашата духовна пракса. Цело време се чувствував освежено и блажено. За прв пат почувствував што значи ‘состојба без мисли’. Додека пеев, забележав дека мојата концентрација беше многу подобра. Мојот ум можеше многу побрзо да влезе во состојба без мисли. Тогаш можев многу полесно да ги видам грешките кои ги правев и кои дефекти ги предизвикуваа овие грешки. И се што требаше да направам е да се помолам искрено од дното на моето срце. Сето тоа време чувствував огромна благодарност и имав интензивна желба да му служам на Бога и се што правам треба да биде во служба на Апсолутната Вистина.
8. Средба со Неговата Светост Др. Атавле
Кога за прв пат Го видов бев импресионирана. Додека ни се обраќаше, осетив некоја чудна поврзаност со Него и имав некоја внатрешна желба да станам и бидам природна како Него.
Чувствував таква балгодарност, што плачев секој ден од духовна емоција (Бав). Додека престојував во центарот, имав прилика да посетам доктор за сите мои здравствени проблеми. Додека ме прегледуваше, докторот забележа дека на јазикот ми се појавил знакот ‘Om‘.
Присуството на Божествениот симбол на моето тело ме исполни со духовна емоција на благодарност уште повеќе. (Забелешка на SSRF уредникот: Таквите Божествени промени се случуваат поради духовната емоција на трагачите кои се на овој пат на Милоста на Гуру принципот Ве молиме прочитајте го написот нашиот напис за Божествените промени на духовно возвишените лица за подобро да го разберете овој феномен.)
Го посетив SSRF истражувачкиот центар уште два пати. Секоја посета беше поинаква и секој пат ќе научев нешто ново. Научив да ја препознам разликата помеѓу мисли кои доаѓаат од Бога и мисли кои доаѓаа од негативни енергии. После применувањето на духовно исцелувачки мерки овие мисли брзо исчезнуваа. Силата и зачестеноста на овие мисли брзо се намали. Многу лесно можев да го препознам изворот на овие различни мисли: Се што е позитивно, е од Бога, а се што е негативно доаѓа (потекнува) од негативни енергии.
Научив дека негативните енергии можат многу лесно да ги искористат моите недостатоци на карактерот (лични дефекти), емотивна природа и его за да го дестабилизираат мојот ум и да ја попречат мојата духовна пракса. Со Божјата Милост преку интензивниот процес на отстранување на недостатоци на карактерот и егото, научив како ова брзо да го препознам и да применам духовни мерки.
На пример, во минатото кога ќе направев грешка, веднаш ќе се вознемирев и продолжував да размислувам за грешката и последиците. Имав негативни мисли за себе, се затварав и паѓав во депресија. Со редовна духовна пракса и примена на мерки според советите на SSRF, мојот пристап кон животните ситуации се подобри. Сега кога грешам, полесно ги приваќам своите грешки и правам повеќе напори да не ги повторувам истите грешки. И најважно од се, повеќе не паѓам во депресија. Наместо да се оптеретувам со негативни мисли, сега можам само да ја набљудувам ситуацијата како трето лице и да го пронајдам Божјото учење во тоа.
Во текот на овој процес забележав дека се менувам и дека од затворената, нерасположена, несигурна и депресивна личност која бев, станав по отворена, љубопитна, весела и подготвена да им помогнам на другите. Интензивно му се молев на Бога, барајќи од Него да ги искористи овие квалитети кој Тој ги разви во мене за мојот понатамошен духовен раст и за духовен напредок на други трагачи. И Бог тоа го правеше. Требаше да направам само еден мал чекор кон Бога, а се останато Бог ќе направеше. (Забелешка на SSRF уредникот: Во Март 2014 година Неговата Светост Др. Атавле рече дека Марија е во постјана состојба на духовна емоција која може да се види од изразот на нејзиното лице.)
Со вршење духовна пракса, Бог ме увери дека длабоко во секој од нас постои највозвишената форма на среќа наречена Блаженство а ние треба само да се потрудиме да дојдеме до таа природна состојба на Блаженство, состојбата која секојдневно ја доживувам.
Неизмерно сум благодарна на Бога за оваа Милост (Благодат)
– Г-ѓа Марија Видаков, Србија, Европа