Божествени промени кои се манифестираат како жолти нокти

Важна забелешка: Појавата ноктите да добијат жолта боја, како резултат на Божествените промени на телото, е многу редок феномен и се случува на само духовно возвишени луѓе кои постојано вложуваат труд поради духовните придобивки за човештвото. Во сите други случаи, жолтата боја на ноктите настанува од медицински причини.
Многу сме благодарни на Бога и Гуру Принципот што сме сведоци на овие Божествени промени кај Неговата Светост Др. Атавле и што можеме да учествуваме во истражувањето засновано на духовната наука која се занимава со ова единствено духовно случување.

Драги читатели, во наредните написи ќе најдете повеќе информации за Божествените промени кои се забележани кај Неговата Светост Др. Атавле.

1. Вовед – појавата на жолти нокти настаната од Божествени причини

Уште во 2011. година ноктите на Неговата Светост Др. Атавле почнаа да добиваат жолта боја. Бидејќи немало никакви медицински причини кои би довеле до тие промени, а со желба да ги откриеме вистинските причини, се свртевме кон истражувањето засновано на духовната наука. И во минатото кај Неговата Светост Др. Атавле се забележани бројни промени кои модерната наука не можеше да ги објасни. На пример, Неговото тело и предметите што ги допирал ширеле разни пријатни мириси како што е сандаловина и други мириси кои се потполно различни од земските мириси.

Во овој напис со вас ќе ги поделиме разните аспекти од појавата на жолтите нокти на прстите на рацете и на нозете што се појавиле како последица на Божествените промени на телото на духовно возвишеното лице. Ќе го објасниме и духовното значење за појавата ноктите да добијат жолта боја кај Неговата Светост Др. Атавле. Неговата Светост Др. Атавле пуштил ноктите да му израстат со намера да се олесни документирањето на оваа појава.

2. Причини за промени на бојата на ноктите во жолто настанати од божествени причини

Причините за промената на бојата на ноктите во жолто на физичко ниво се различни и можат да вклучат: габична инфекција, болест на белите дробови или сериозна болест на штитната жлезда. Меѓутоа, кога оваа појава се случува од духовни причини, всушност е обратно и таа е од позитивна природа.

2.1 Поради Неговата Божествена мисија

2_MKD_Avatar-Note

Во секој временски период (ера) и дел од тој временски период, Бог се инкарнира повторно да ја воспостави Правдата (Дармата) и Праведноста на Земјата. Боите на физичкото тело можат да бидат различни во зависност од мисијата на Божјата Инкарнација. Како што Неговата Светост Др. Атавле е Параптар Гуру (Гуру чие духовно ниво е над 90%), Тој исто така е и делумна Инкарнација на Бога. Неговата мисија е поврзана со Божественото Знаење. Жолтото е боја на нај вишите извори на Знаење во Универзумот. Како што Тој станал едно со Божественото Знаење, Неговото физичко тело, вклучувајќи ги Неговите нокти, почнало да добива жолта боја.

Неговата Светост Др. Атавле има објавено преку 200 книги за Духовноста и нејзините разни аспекти. Божественото знаење што го добиваат трагачите под Неговото водство, суптилните експерименти и знаењето добиено со анализа заснована на духовното знаење навистина е едноставно. Повеќе од 70% од содржините во книгите што Тој ги подготвил го содржат Божественото знаење кое е објавено по прв пат.

2.2 Манифестирање на енергија потребна за заштита на трагачите

Тешките времиња што ги наведовме во нашиот напис Армагедон се ближат, а еден аспект од Мисијата на инкарнацијата на Неговата Светост Др. Атавле е заштита на трагачите. Жолтата боја на екстремитетите, како што се прстите на рацете, е знак дека во неговото тело се манифестира и активира Божествената Свесност (Чаитанија). Благодарејќи на таа Божествена Свесност трагачите се заштитени од нападите на негативните енергии од вишите нивоа и поради тоа можат да ги преживеат тешките времиња и да продолжат со својата духовна пракса. Без заштита од Бога преку Светците на високо ниво, како што е Неговата Светост Др. Атавле, илјадници трагачи би биле плен за негативните енергии од вишите нивоа така да не би биле во можност да продолжат со духовната пракса во овие тешки времиња.

2.3 Поради природата на Кундалини системот кај духовно возвишеното лице

Прочитајте го написот – Кундалини енергија и како се случува процесот на будење?

Божествената Свесност што е потребна за функционирање на човечките битиа е според Патотот на Кундалини и се вика Ќетна. Активниот дел на Ќетна се вика витална енергија (прана-шакти), а неактивниот дел се вика Кундалини. Кундалини примарно се користи за духовен раст. Кундалини системот се состои од три главни суптилни канали и седум суптилни енергетски центри познати како чакри. Кундалини се активира како резултат на редовна духовна пракса и тогаш Божествената Свесност тече нагоре. Таа тече од најниската чакра, Муладара чакра, преку Централниот канал (Сушумна нади) се до Брамарандра, суптилниот отвор на врвот на главата.

Кај духовно возвишените луѓе, Кундалини расте и поминува преку Брамарандра понатаму во Униврзумот и така ја чисти околината нагоре. Потоа тече назад преку Брамарандра надолу преку Централниот канал до Муладара чакра. Протокот на Божествената Свесност надолу преку ноктите се емитува во околината. Во тој процес ноктите добиваат жолта боја, затоа што Божествената Свесност е во жолта боја.

3. Некои духовни концепти

За подобро да ги разберете аспектите на галериите од сликите на ноктите од рацете и нозете што добиа жолта боја ќе ви претставиме два духовни концепти.

3.1 Левиот и десниот канал од Кундалини системот

3-MKD_Kundalini-Dormant-and-ActiveВо Кундалини системот постојат три главни канали:

  • Сушумна нади, или Централен канал кој се протега од основата на ’рбетот до врвот на главата,

  • Сончев канал (Пингала нади) кој тече десно од Централниот канал,

  • Месечев канал (Ида нади) кој тече лево од Централниот канал.

Поради природата на Месечевиот канал, суптилната енергија поврзана со Божјиот Принцип на спасението (тарак) и не-манифестираната (ниргун) Божествена Свесност полесно минува преку него. Сончевиот канал, е поврзан со Божјиот принцип на уништувањето (марак) и повеќе делува на манифестирано (сагун) ниво. Преку Принципот на уништувањето Бог ги штити неговите приврзаници од негативните енергии, а преку Принципот на спасение Тој помага на трагачите во духовниот раст.

Можеме да заклучиме дека преку левата рака на Неговата Светост Др. Атавле повеќе тече не-манифестирана енергија, додека преку Неговата десна рака повеќе тече манифестирана енергија.

3.2 Прстите и нивната поврзаност со петте Апсолутни космички елементи

Секој прст е поврзан со одреден Апсолутен космички принцип (татва). Следниот дијаграм го покажува односот помеѓу секој прст и Апсолутниот космички принцип.

4_MKD_Energies-connected-to-fingers

Кога Божествената Свесност тече од рацете на духовно возвишено лице, енергијата од секој прст е различна, затоа што зависи од преовладувачкиот Апсолутен космички елемент во тој прст. Според тоа, како што малиот прст е поврзан со елементот на Апсолутната Земја (Прутвитатва) од него највеќе тече манифестирана Божествена Свесност. Палецот е поврзан со елементот на Апсолутниот Етер (Акаштава) и затоа од него излегува највеќе не-манифестирана Божествена Свесност.

4. Разни аспекти за промената на бојата на ноктите во жолто настанати од Божествени причини

Преку дисплејот на следните слајдови ќе ги поделиме со вас разните аспекти и суптилните промени поради кои ноктите на Неговата Светост Др. Атавле добиа жолта боја. Пред да станат жолти, ноктите на прстите на рацете на Неговата Светост Др. Атавле имаа розова нијанса која се одразува на Духовната љубов (Прити).

5. Како изгледаат жолтите нокти на Неговата Светост Др. Атавле на суптилно ниво?

Во нашиот тим за истражувања засновани на духовната наука учествуваат трагачи со развиено шесто сетило на видот. Благодарејќи на Божјата милост и долгогодишната редовна духовна пракса, тројца трагачи можат да ја видат духовната димензија исто како што ние ја видиме физичката димензија. Една од таквите трагачи, Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале го нацрта цртежот заснован на духовното знаење за сите суптилни вибрации што излегуваат од рацете на Неговата Светост Др. Атавле откако неговите нокти станаа жолти. Неговата Светост Др. Атавле ја проверува точноста на на сите цртежи засновани на духовното знаење за суптилната димензија на Нејзината Светост г-ѓа Јоја Вале, пред нивното објавување.

Точноста на тој цртеж заснован на духовното знаење е 80%, што е значително над вообичаените способности на уметниците што ги цртаат визиите од суптилната димензија.

5_MKD_PP-hand-subtle-pic

6. Како заклучок

Времето што доаѓа ќе биде многу тешко за сите нас. Намерата на Светците на високо духовно ниво како што е Неговата Светост Др. Атавле, е трагачите духовно да напредуваат, затоа што овој период е многу поволен за духовен раст. Кога редовно практикуваме Духовност, Бог нас не заштитува. Да се молиме што повеќе луѓе да започнат духовна пракса и максимално да ја искористат предноста на сегашното време да напредуваат на своето духовно патување.