Препис на интервјуто со г-ѓа Џанави Рамеш Шинде на 3-ти јануари 2006-та година

Вовед

Г-ѓа Џанави е дваесет и осум годишна трагачка која дипломираше комерцијална уметност на Софија Колеџ, Мумбаи, Индија. Нејзиниот татко е архитект кој по професија работи во Бахреин, а нејзината мајка е домаќинка. Нејзината мајка е многу заинтересирана за духовноста. Џанави е во брак со г-дин Рамеш Шинде, трагач кој е целосно посветен на духовната пракса.

Забелешка: Ве молиме следете го линкот на крајот од написот за да видите пример на Божествено знаење добиено преку оваа трагачка.

MKD_janhavi

 

П: Како развивте интерес за Духовноста?

О: Бидејќи мајка ми е наклонета кон духовноста, тој поим не беше нов за мене. Меѓутоа, она со што ме запозна Н.С. Др. Атавле, беше сосема ново за мене. Тој ме научи да ја гледам уметноста од сосема поинаков агол. Тој ме запозна со “духовната уметност”. Тоа беше димензија на уметност која добро се вклопуваше со темата на која формално дипломирав, но нејзиниот пристап беше сосема различен. Освен тоа, успешната реализација на било кој проект бараше следење на духовните параметри. Тој необичен и извонреден пристап го пробуди мојот интерес за духовноста во вистинска смисла на зборот.

П: Можете ли да ни ја кажете разликата во пристапот?

О: Основната разлика во пристапот е да за се што создаваме во уметноста го прашаме Бога. Тоа не е случај како “Направив така, бидејќи ми се свиѓаше”, туку “Направив онака како што Бог очекуваше од мене”. Сите мораме да разбереме дека Бог знае многу повеќе од нас.

П. Имајќи го сфатено овој концепт, како практично го цртате она што “Бог сака да го цртате?”.

О: На пример, при изготвувањето на цртеж на Божество, не ја користиме нашата имагинација туку, наместо тоа медитираме неколку минути, па потоа го движиме моливот по хартијата, постојано проверувајќи дали правецот е како што треба, така да точно нацртаме она што Бог сака да го нацртаме. Понекогаш се потребни и до шест месеци да завршам еден цртеж заснован на духовното знаење. Меѓутоа, конечниот резултат е единствен, бидејќи цртежот заснован на духовно знаење е многу сатвик. Тој, всушност во себе содржи висок процент на Божествениот принцип.

П: Дали се сеќавате на денот кога за прв пат примивте Божествено знаење за уметноста?

О: Могу добро се сеќавам!  Тоа беше на 15-ти септември 2005-та година.

П: Како се започна?

О: Се започна по донесувањето на скулптура од Божеството Шри Ганеш во духовниот центар (Ашрам) каде јас престојував. Оваа скулптура на Божеството е единствена, бидејќи беше извајана од страна на трагачот г-дин Гурудас Кандепаркар, преку обемно духовно истражување под целосно водство на Н.С. Др. Атавле. Исходот од тоа беше создавање на скулптура, која речиси 100% одговара на вистинскиот принцип на Ганеш (онолку блиско колку што е тоа можно во денешеното време на Калијуга).

Во тоа време бев вклучена и во изготвување на книгата “Духовна уметност – Средство за спознавање Бога”. На 15-ти септември 2005-та година, запишував некои белешки, кога одеднаш достигнав многу високо ниво на концентрација. Во таква состојба на умот, почна проток на мисли кој беше сосема нов за мене. Но повеќе од мислите беше Блаженството поврзано со тие мисли кое ме преплави.

П: Што осеќавте во тој момент?

О: Во тој момент мојата прва мисла беше “Сето ова се случува поради благословите од Шри Ганеш”. Само што влезе таа мисла во мојот ум, бев благословена со визија на бела скулптура од Шри Ганеш. Сјајната бела светлина  која се емитуваше од скулптурата зрачеше кон мене. Под влијание на оваа Божествена светлина моите очи и целото мое тело искусија еден поинаков вид на свежина, и, исто така, имав необично, но пријатно чувство во главата. Во истиот момент, мојата духовна емоција се пробуди и солзи радосници почнаа да ми течат по образите. Во оваа состојба на духовна будност, непрестано му се заблагодарував на Божествототo Шри Ганеш.

П: Дали морате да го повикате принципот на Божеството Ганеш секој пат, за да примите знаење или знаењето едноставно доаѓа автоматски.

О: Тоа не се случува така што јас го повикувам Принципот на Ганеш, па знаењето автоматски почнува да тече. Ниту пак знаењето тече автоматски. Всушност, само кога ќе се појави сомнеж во врска со одредени работи или ќе се зголеми љубопитноста за одредени работи се повикува Принципот на Ганеш, и протокот на знаење започнува во форма на детални одговори на прашањата во мојот ум. Еднаш откако протокот ќе почне, добивам знаење и за сродни теми. Значи, љубопитноста е клучен фактор тука. Како што Н.С. Др. Атавле често би рекол, “Само љубопитните заслужуваат знаење”.

Ако погледнам назад, би рекла дека Бог ја создава љубопитноста во мојот ум. Велам дека оваа љубопитност е инспирирана од Бога, бидејќи знаењето кое го добивам на крајот се испоставува дека е најпотребно за она што го работам како мое Служење на Вистината (Сатсева). Во овој случај тоа беше составувањето на книгата “Духовна уметност – Средство за спознавање на Бога”. Како резултат на тоа, не примив многу Божествено знаење после завршувањето на книгата.

П: Што мислите, кој го дава тоа знаење и како знаете дека е Божествено?

О: Нема никаков сомнеж дека Бог го дава тоа знаење. Видете, Божествените мисли се исполнети со Блаженство. Во нивниот проток има континуитет и постојаност. Во такви моменти во себе можете да осетите вакум. Свеста за околината едноставно исчезнува. Во одредени моменти можете да доживеете суптилна свежина.

“Дали знаењето кое го добивам е навистина Божествено или мојот ум си игра со мене?” – таквото сомнение воопшто не е невообичаено. До одреден степен, потребно е да се заштитиме од измама, односно неточно знаење пренесено од духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Меѓутоа, заштитени сме бидејќи Н.С. Др. Атавле, лично ја утврдува веродостојноста на добиеното знаење.

П: Во каква форма се прима Божественото знаење? На пример, дали се добива сликовито преку визија или само по пат на мисли?

О: Не постои фиксен модел. Тоа е комбинација од слики, како и мисли.

П: За кои теми примивте Божествено знаење?

O: Божественото знаење воглавном се однесува на духовната уметност и портрети на Божества. До сега примив Божествено знаење за духовните вибрации и нивната специјалност, духовни бои и возраст на Божества, итн.

П: Дали знаењето ви доаѓа во текот на целиот ден или постои некое посебно време и место?

О: Како што реков порано, овој проток на Божествено знаење е заснован на “законот понуда-побарувачка”. Не постои посебно време или место. Бидејќи го кажав сето ова, седењето во близина на сатвик скулптура од Божеството Ганеш, направена под водство на Н.С. Др. Атавле, помага протокот да почне.

П: Колку знаење примате во еден ден?

О: Просечно, во еден ден добивам знаење за две до три теми.

П: Додека примате Божествено знаење, во каква состојба сте воглавном.

О: Воглавном во состојба на Блаженство. Сепак, повремено додека примам Божествено знаење осеќам вртоглавица, понекогаш задишана, и имам тежина во главата.

П: Кој труд го вложивте за да ја постигнете оваа состојба во која сте во директна комуникација со Бога?

О: Ако прашувато за трудот кој е вложен со посебна цел да примам Божествено знаење, мојот одговор е “Никаков, ниту најмал”. Во почетокот ниту се трудев, ниту имав желба да добивам Божествено знаење. Меѓутоа, подоцна Бог малку ја промени мојата природа преку медиумот на скулптурата од Шри Ганеш. Квалитетите кој ги развив под водство на Н.С. Др. Атавле, се одговорни за почетокот на овој процес. А некои од тие квалитети се:

  • Љубопитност: Служењето на вистината (Сатсева) која ја обавував ме донесе во непосредна близина со Н.С. Др. Атавле, Тој ќе одговореше на секое мое прашење, колку и да беше смешно, до најситен детал, па така од Него научив многу законитости не само за Духовноста, туку и за уметноста. Да не ги поставував тие прашања, никогаш немаше да научам. Сега, наместо Н.С. Др. Атавле, Божеството Шри Ганеш одговара на моите прашања.
  • Молитви и признанија: Според Н.С. Др. Атавле, скулптурата на Божеството Шри Ганеш, е само развиена (Свајамбу). Откако оваа скулптура е донесена во духовниот центар во Девад, се случи квалитативно подобрување во моите молитви и внатрешни признанија. Самата негова присутност ја зголеми мојата желба за Бога.
  • Благодарност: Поради духовните искуства кои Тој ми ги даде, изразував благодарност не само на Божеството Шри Ганеш, туку и на г-дин Гурудас Канде паркар, трагачот вајар кој ја направи скулптурата.

П: Од кога имате духовно водство од Н.С. Др. Атавле?

О: Под водство на Н.С. Др. Атавле обавувам сатсева (Служење на Апсолутната Вистина), од 1996-та година. Би сакала да споделам едно од моите поранешни искуства кој оставиа траен впечаток на мене.

Еден ден, додека правев портрет на Божество, не можев да ги добијам пропорциите на еден екстремитет. Без разлика на тоа колку и да се трудев, ништо не функционираше. Дури користев и модел за да ја направам скицата како што треба. Баш во тој момент Н.С. Др. Атавле влезе во собата. Откако му го раскажав мојот проблем, Тој само се сконцентрира на неколку секунди и ми даде појдовни точки на хартијата на која скицирав, и тоа беше тоа. Мојот проблем беше решен. Решението со кое се борев неколку часа со сите мои инструменти и модел, буквално беше на врвот од Неговиот молив. Иако Тој не е обучен за уметник, изгледа како да го знае секој најситен детал на секоја форма од уметноста. Ваквите искуства ме инспирираат да ја продолжам мојата духовна потрага, преку уметноста.

П: Доколу би истакнале една карактеристика на вашата личност, поради која сте биле благословени со овој Божествен дар, која би била таа?

О: Љубоптиност.

П: Дали осеќате будење на духовна емоција додека примате Божествено знаење?

О: Да, во повеќето случаи!

П: Дали некогаш сте се сметале себе за посебна, поради тоа што примате Божествено знаење, и ако е така, како се ослободивте од ваквите мисли од кои расте егото?

О: Би лажела ако не би рекла дека ваквите мисли не ми доаѓале. Меѓутоа, секој пат кога ќе се појавеа мисли од ваква природа, доволно сум благословена многу брзо да го увидам духовното штетно влијание врз мене. Веднаш изразувам благодарност и за дарбите и за знаењето и за тоа што сум предупредена за моите егоцентрични мисли. Потоа го предавам извршувањето на сите мои дејствиа на Бога и се молам. Исто така, непрестано му нагласувам на својот ум дека основната цел спознавање Бога, е се уште далеку.

П: Дали има некои промени во вашиот/духовен живот откако почнавте да примате Божествено знаење?

О: Дефинитивно. Пеењето и молитвите се подобрија квалитативно и квантитативно. Моето пеење сега е усогласено со моето дишење. Исто така, добивам подеднакво Блаженство и од другите видови на сатсева (Служење на Апсолутната Вистина). Како резултат на тоа, се повеќе има блажени моменти во мојот живот, како квалитативно така и квантитативно.

2

 

 

Ве молиме кликнете овде за да прочитате Божествено знаење примено од оваа трагачка.