Што се препорачани пеаници?

Препорачаните пеаници служат за надминување на проблемите чија главна причина се наоѓа во духовната димензија. На некој начин имаат дејство како духовни средства за исцелување и поради тоа се различни од пеаниците за духовен раст.

Полесно ќе го разбереме овој концепт преку една аналогија. Кога сме болни, одиме кај лекарот кој поставува дијагноза за специфичната медицинска причина и ни препорачува лек во зависност од дијагнозата. На пример:

  • Во случај на инфекција се препишува антибиотик кој ја ублажува болеста уништувајќи ги бактериите кои ја предизвикуваат инфекцијата.
  • Во случај на висок крвен притисок, се препорачуваат анти-хипертензивни лекови кои делуваат во неколку фази ублажувајќи ја хипертензијата, те. високиот крвен притисок.

Важно е да напоменеме дека без оглед на тоа каде лековите се откриени, или произведени и без оглед на културното наследство, или религијата на пациентот, тие имаат универзално дејство на сите.

Слично на тоа, преку истражувањата засновани на духовната наука пронајдовме специфични пеаници кои дејствуваат како специфични лекови за ублажување на одредени духовни проблеми. На пример, пеаницата ’Шри Гурудев Дата’ е специфичен духовен лек за проблемите како што се неможноста на склопување на брак, дисхармонија во бракот, неможност на зачнување, итн., кои претставуваат манифестирање на проблемите кои се предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Разни пеаници кои се препорачуваат за ублажување на специфични физички и ментални болести се дадени на нашиот сајт.

Важно е да се напомене дека ефективноста на горе споменатите пеаници е универзална и е надвор од границите на културите и религиите.