1. Вовед и коментар на уредникот
Често ни се јавуваат читатели за да не известат за тоа, како веб-сајтот на SSRF им помогнал да надминат разни проблеми во животот. Меѓутоа, понекогаш читателот со нас го сподели животниот пресврт, кој што е многу спектакуларен да не остави во состојба на чиста благодарност, само затоа што сме дел од процесот кој што на луѓето им помага суштински, на духовно ниво. Овде со вас ќе го споделиме случајот на господинот Самир Санга од Ванкувер, Канада, кај кого, кога ја започнал духовната пракса дошло до зачудувачки промени на физичко, психичко и духовно ниво. Следува сведоштвото на неговото искуство, раскажано во прво лице, со негови зборови.
2. Проблеми со кожата и алергии кои што го мачеле Самир
Кога погледнам наназад за својот живот, тој беше исполнет со тешки проблеми кои што ги имав со кожата, алергии на храната, докторите и со деновите во болниците, поради кои што многупати бев депресивен, размислувајќи зошто сето тоа ми се случува.
Два дена по раѓањето добив осип на кожата и алергија на храната. Кога имав 5 месеци, состојбата стана толку тешка, што ме сместија во болница. Мајками мораше да ме преоблекува 2 до 3 пати во текот на ноќта и да ја менува постелнината, затоа што бев сосема мокар од водата која што се излачуваше од кожата. Кога имав 2 години, повторно бев сместен во болница на 2 недели. До третата година неколку пати бев во болница. За да го решат проблемот, ме ставиа на исхрана која што беше заснована на месо, а ми беше забрането кравјо и соино млеко. За тоа време, се преселивме во друга куќа, затоа што докторот мислеше дека сувиот воздухот од греењето во претходната куќа ми ја предизвикуваше егземата и дека парното греење ќе биде подобро за моето здравје. Тоа не помогна, со оглед дека состојбата на мојата кожа не се промени.
Ова е мојата слика кога имав 3 години на која се види осипот преку целото лице.
Кога имав пет години, ми дадоа традиционален кинески лек, кои што се состои од билни мешавини и ми ги вареа како чај. Тоа одлично делуваше и во период од петата година до осмата година, подобрувањето беше видливо и охрабрувачко. Меѓутоа, кожното заболување и алергијата никогаш не беа исцелени во целост, туку само беа во мирување додека го земав лекот. Се помирив со тоа дека никогаш нема целосно да бидам излекуван. Бев алергичен речиси на се, вклучувајќи го и лебот. Моите родители мораа да купуваат оризен леб, затоа што сакав да јадам леб. Можев да јадам само месо, понекогаш овошје и зеленчук и ориз – тоа беше се. Накратко, тоа беше многу строга диета. Не уживав во она во што уживаа другите деца – немаше палачинки, колачиња, чоколади ниту пица – бев алергичен на сето тоа.
На возраст од осмата до петнаесеттата година пробав разни видови на лекови за кожните заболувања и алергијата на храна. Користев многу хидрокортизонски креми, но ниту една не делуваше. Листата на креми беше бесконечна. Секојпат кога ситуацијата стануваше тешка, ми даваа лек кој што се вика преднизон. Тој помагаше болеста за некое време да се стави под контрола, но за кратко време таа пак ќе пламнеше, и јас пак морав да добијам преднизон. Тоа беше маѓепсан круг. Кожата околу очите и очните капаци имаа виолетова боја од постојаното чешање и големите количини на силни креми кои што ги користев.
Во тоа време постојано се прашував, зошто состојбата на кожата одеднаш ми се влошува без видлива причина. Еден ден бев добар и си играв надвор, а наредниот ден бев закован за креветот. Еден ден заминував на спиење чувствувајќи се добро, а тогаш наредното утро ќе имав отечени очи, црвени отоци по целиот врат и лицето, а кожата беше бела и почна да се рони. Моите родите постојано се прашуваа, како може нешто ненадејно да ми се случи, преку ноќ. Немавме објаснување. Премногу промени за кратко време. Тоа беше како кога заминувам на спиење како да влегувам во боксерски ринг од кој излегувам целосно демолиран.
Егземата највеќе го зафаќаше лицето, лактите, кожата под колената и зад ушите. Лекарите рекоа дека овие проблеми ќе ги имам цел живот, и дека тие подоцна нема да бидат толку изразени во животот и дека ќе поминат, но никогаш во целост. Чувствував дека беа многу неодредени, затоа што зборуваа дека можеби ќе бидам и сосема во ред, но кога тоа не го знаеа.
Помеѓу шеснаесеттата и дваесет и третата година, иако егземата беше многу видлива, состојбата се подобри. Кожата не ми беше многу лушпава и очите не ми беа спуштени толку како порано. Алергијата на храната малку се намали, и не беше постојана. Понекогаш можев да јадам пченица, потоа следната година не можев, потоа пак можев, а после некое време пак не можев. Сето тоа немаше никаква смисла.
Потоа, 2007. година, кога имав 24 години, состојбата на кожата брзо се влоши. Бидејќи алопатските лекови не делуваа кај мене, побарав алтернативни средства за лекување. Овој пат се свртев кон натуропатијата. Лекарката ме стави на високо протеинска диета и ми рече дека малку треба да се здебелам и да станам посилен, а таа ќе работи на отстранување на егземата. Меѓутоа и тој наин на лекување не даваше позитивни резултати, па брзо ја напуштив нејзината програма за лекување.
Потоа отидов кај познат доктор, кој имаше диплома од Био-енергетска медицина и користеше Електро-дермален скрининг (EAV) заснован на признатата наука Невро-Спинален Биоинжинеринг (NSBE) и Контактна рефлексна анализа (CRA). Со помош на Контактната рефлексна анализа, тој ја постави дијагнозата стрептококна инфекција која што, по неговите зборови, беше причина за екцемот. Телото се обидуваше да се ослободи од стрептококата, а вообичаените патишта за отстранување на токсините од моето тело не функционираа. Тој рече дека телото се обидува да ја отстрани стрептококата преку кожата и дека тоа го предизвикува егземата. Докторот помогна крвта да се прочисти од стрептококата и мојата состојба драматично се подобри. Му бев многу благодарен за помошта.
Меѓутоа, и ова беше со краток здив, затоа што веќе следната година, во есента 2008. година, мојата состојба пак се влоши. Кога го достигна максимумот, беше застрашувачки. Одеднаш, додека бев на настава на факултетот, тешко се разболев. Бев приморан да ја прекинам наставата. Кожата толку многу ми се сушеше, така што цел ден бев врзан за креветот. Дури и туширањето беше тешко, затоа што движењето на телото ја повредуваше кожата која што пукаше и крвавеше.
Најлошо беше кога кожата на лицето почна да се лупи поради интензивниот јадеж и чувството на топлина, што ме тераше да ги чешам и двете страни на лицето. Кожата се лупеше и крвавеше заедно со матната течност која што се цедеше од неа. Потоа ќе се исушеше и изгледаше во ред, но после неколку часа ненадејно, чувството на јадеж ќе ме натераше повторно да се почешам. Тоа изгледаше како некакви попречувања кои што се јавуваа на неколку часа. Циклусите на крвавење, влажнење, краставост, сушење постојано се јавуваа. Сето тоа беше мошне непријатно и болно.
Несоница и ноќни мори: Во исто време почнаа проблемите со спиењето. Дури и кога ќе заспиев, имав ужасни ноќни мори од кои што се будев облеан во пот. Тогаш станував, се сушев или преоблекував и повторно се враќав на спиење, а потоа сето тоа се повторуваше. Пак ќе се пробудев испотен поради друга ноќна мора. Неможев да заспијам до раните утрински часови, а потоа ќе спиев само неколку часа.
После тоа се уште не можев да станам од кревет, затоа што и понатаму бев многу изморен од проблемите со кожата. Лежев во креветот до доцна попладне пред да соберам енергија за да станам. Тогаш, додека да се истуширав и нешто јадев, веќе беше темнина. Додека другите луѓе се спрема за спиење, јас бев целосно буден. Се чувствував осамено затоа што многу малку комуницирав со луѓето, освен по некој збор со моите родители и брат ми кога ќе беа дома. Секој ден беше ист – цела ноќ буден шетав дома, гледав телевизија до 4 часот или 5 наутро, а потоа заминував на спиење.
Депресија: Оптоварен со проблемите со кожата, алергиите на храната, несоницата и ноќните мори, полека почнав да запаѓам во депресија. Физички бев толку слаб и мислев дека наскоро ќе умрам. Постојано имав негативни мисли. Мислев дека, и ако ми биде подобро, физичкото тело е толку оштетено што за една година ќе добијам рак и секако ќе умрам. Чувствував дека ми останува уште малку време на Земјата. Тоа беше застрашувачка мисла и сето тоа многу повеќе од она што можев да го поднесам. Физичкото страдање, но и постојаните вознемирувачки мисли кои што беа страшни, ме доведуваа до лудило.
Се вратив кај истиот доктор што ме лекуваше пред една година, користејќи ја Контактно рефлексната анализа. Кога ме виде како изгледам рече – не знам што да направам. Тоа беше изјава на еден од најугледните доктори во Канада во областа на алтернативните видови на лекување. Рече дека треба да одам во болница за да ја стават мојата состојба под контрола, за да тој може да започне со третманите. Сепак, овој пат немаше стрептококна инфекција и изгледаше дека нема причинител. Се сеќавам дека во тој момент ја изгубив надежта, затоа што најдобриот доктор во Канада рече дека неможе ништо да направи. Се вратив на употребата на стероидна крема која што помагаше егземата да се намали, но беше далеку до излекување.
Потоа почнав да посетувам ајурведски лекар,кога мојата состојба беше најлоша. Тоа беше веднаш после посетата на докторот за Контактно рефлексната анализа. Ајурведскиот лекар подоцна ми се довери дека се уплашил кога го виде моето лице, затоа што никогаш порано не видел нешто слично. Ми препиша мешавина од билки. Тоа ми помогна до одредена мерка, но мојата состојба никако не беше под контрола. Се на се, бав кај алопатски лекари, ја користев традиционалната кинеска медицина, посетував натуропат, докторот кој што имаше сертификат од био-енергетската медицина, ајурведски лекар, но сето тоа имаше само ограничен и привремен ефект. Изгледаше дека го пробав секој лек кој што постоеше.
3. Пресврт
Во јануари 2009. година еден ден тешко станав. После туширањето, едвај слегов со компјутерот во собата. И понатаму мислев дека ќе умрам млад. Физички, емотивно и ментално бев целосно исцрпен. На Интернет почнав да барам природен начин да се лекувам, затоа што науката не можеше да ми помогне. Побарав “природно лекување на егземата“. Се појави линк кој што зборуваше за тоа дека егземата може да се исцели со духовни мерки. Бев толку љубопитен и веднаш кликнав на линкот кој што ме упати на веб-сајтот на SSRF на кој што беа опишани две студии на случаи на Џон и Мадав Гадгил, кои што исто така имале егзема, која што не поминувала се додека не ја примениле духовната мерка за исцелување – пеење на Божјото Име. Написот понатаму зборуваше дека негативните енергии (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) и суптилните тела на преминатите предци беа предизвикувачи во овие случаи. Во тој момент, одвнатре знаев дека конечно ја најдов причината за заболувањето на кожата и алергиите, кои што ме мачеа уште од детството. Тоа беше единственото објаснување кое што преостана. Ниту класичната ниту алтернативната медицина не успеаа да ме излечат. Затоа причината мораше да биде од духовна, а не од физичка природа. Се логирав на на веб-сајтот на SSRF и прашав што конкретно треба да пеам. Веднаш ми одговорија на моето прашање и ми советуваа да го пеам Името на Бога според религијата во која што сум роден и пеаницата Шри Гурудев Дата.
Во почетокот ми беше тешко подолго време да пеам. Пеев (го повторував Божјото Име) по 15 минути дневно двете пеаници, или вкупно 30 минути. Потоа секоја наредна недела се трудев да го зголемувам пеењето. За два месеца пеев околу 6 часа во текот на денот. Секој ден можев се повеќе и повеќе да пеам во континуитет. Во почетокот кога почнав да пеам ништо не се случуваше. Состојбата на кожата беше иста и во тоа време алергиите беа многу изразени. Бев на многу ограничена храна и не можев да јадам многу, затоа што состојбата на кожата ми се влошуваше. Додека продолжував со пеењето чувствував дека состојбата не се поправаше.
Имаше моменти кога состојбата нагло ќе се влошеше, но продолжував да се потсетувам дека промените нема да се случат преку ноќ. Во почетокот имав добри и лоши денови. Како минуваше времето, добрите денови беа повеќе во однос на лошите. И чудесно, кожата почна да заздравува. Кожните проблеми почнаа видно да се намалуваат отприлика за три недели пеење. За речиси четири месеци, се чувствував излечен од алергијата на храна, а кожата само на неколку места, како на пример на грбниот дел на вратот, беше сува.
Кожата почна да ја добива својата влажност, темната нијанса исчезна од моето лице, а раните почнаа да се зараснуваат. Дури и косата што беше падната почна повторно да расте. Поминаа малку помалку од две години од кога почнав да пеам и состојбата на мојата кожа драстично се подобри. Повеќе нема сувотија, влажнење, дехидрација и крвавење. Што се однесува до мене, присуствував на чудо и бев во самото негово средиште!
4. Други придобивки од започнувањето на духовната пракса
Тоа беше само почеток на моето лекување. После приближно три недели, почна да се намалува и алергијата на храна, што во тој момент тоа не го ниту сфатив. Мајка ми, без мое знаење, за да ја провери алергијата на храната, ставаше и состојки во храната на кои што бев алергичен. Почнав повторно да јадам интегрални житарки како што е јачменот и роти (леб без квасец). Полека сфатив дека алергијата на храна почна да исчезнува.
После околу четири месеци, почувствував дека закрепнав од алергијата на храна и дека кожата ми е сува на само неколку места, на пример на грбниот дел на вратот. Во јуни 2009. година отидов во храмот на Шри Кришна со други двајца трагачи во SSRF од областа на Ванкувер. Тоа беше само после неколку месеци на пеење. Додека чекавме во ред за храна, мислев дека поради моите алергии на храна, нема да можам да јадам. Чувствував непријатност и размислував, додека другите ќе јадат, јас само ќе седам и гледам.
Додека стоев во ред, Раин и Кристен ми рекоа дека моите алергии на храна можеби навистина се повеќе духовен отколку физички проблем. Ми предложија да се помолам пред јадењето и да му понудам храна на Бога. Така ставив ориз, црн грав, дал и роти на чинијата и искрено се помолив. Одеднаш, како да знаев дека сум заштитен. Јадев и ништо не ми се случуваше! Немаше реакции, ерупција на кожата, ништо. Се чувствував добро. Тој ден, како да самото сознание дека Бог ме штити, беше доволно негативниот ентитет да не може да влијае преку храната.
Минувањето преку ваквата ситуација, за мене само по себе беше духовно искуство. Она што навистина го научив, е дека на секој проблем треба да гледам од повеќе аспекти, те. за да го решам проблемот треба да ги применам решенијата на физичко, психолошко и духовно ниво. Многу сум му благодарен на Н. С. Др. Атавле, кој што го води истражувачкиот тим во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Овој тим подготвува и објавува непроценливо знаење за целиот свет. Искрено се молам на Бога и Гуруто моето искуство да го доближи до луѓето за важноста за примената на духовна пракса и да читателите на веб-сајтот на SSRF, добијат придобивки од оваа знаење како што добив и јас.
Коментар на SSRF:
- Вистинската причина за сите проблеми со кои што Самир се соочуваше уште од детството, беше негативната сметка на земање и давање со суптилното тело на преминатиот предок.
- Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), сака посебно да му се заблагодари на Самир, што го сподели ова значајно искуство, како сведоштво за моќта на духовната пракса. Друг квалитет на Самир е неговата добра волја и брзина, да ја овозможи секоја информација која што беше потребна да се напише овој напис. Преку разговорот со него, во неговиот глас и мејловите јасно се чувствување неговата благодарност. SSRF му посакува се најдобро на Самир во духовниот пат и новиот живот.