Судбина и Карма – закон на кармата

Судбината се крие зад многу случувања во нашиот живот и почнува со раѓањето во одредено семејство. Се раѓаме во семејство во кое се погодни условите да се проживее судбината и во која имаме значајна сметка на земање и давање (Карма) со секој член на семејството. Значи, судбината во овој живот е само дел од Кармата (сметка на земање и давање) од сите претходни животи.

Законот на кармата вели дека секое добро дело создава заслуги, додека секое лошо дело создава грев. Според тоа, секој треба да преземе врз себе одговорност за резултатите на своите дела. Кога некој  стори некому добро дело, тоа му се враќа во некоја форма на добрина (во форма на среќа). Кога некој некому наштети, тоа создава негативни резултати во вид на некое страдање и не може да се поништи со извинување.

Овој закон на кармата е неизбежен. Тоа нешто е како третиот Њутнов закон кој вели: “На секоја акција одговара спротивна, еднаква реакција“.

За време на својот живот ние, или ја подмируваме старата сметка, или создаваме нова. Кога сметката не може да се подмири за време на овој живот се пренесува во наредниот живот.

Освен тоа, односите и полот на некое лице можат да се менуваат во наредните животи. Така на пример, таткото на некое лице може да биде родено како ќерка на тоа исто лице во наредниот живот.

Следуваат некои примери како се создаваат и подмируваат сметки како дел на нечија судбина. Тие објаснуваат како духовната пракса може да ги поништи ефектите на судбината.

 

 

Според духовната наука, повеќето членови на нашето семејство се луѓе со кои имаме позитивни, или негативни сметки од претходните животи. Причина за тоа е фактот дека мораме да бидеме во близина на тие лица за да можеме да ги доживееме среќата и страдањето.

Преку ова гледаме како Духовноста може да биде корисна дури и за оние кои немаат никакви духовни аспирации и само сакаат да уживаат во световните задоволства. За да и овие световни односи би биле плодни, мораат да бидат заштитени од судбината.