Како негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) влијаат на луѓето преку мислите

Со цел подобро да го разберете овој напис, ви препорачуваме да ги прочитате следниве написи:

1. Вовед

Во нашите претходни написи, утврдивме дека поголемиот дел од светската популација е под влијание на негативни енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) или ќе го почувствуваат нивното влијание во годините кои што доаѓаат. Исто така, дадовме совети за тоа како да го препознаете и намалите влијанието од негативните енергии на себе, преку духовно исцелување и духовна пракса.

Една од придобивките на духовното исцелување и духовната пракса, е тоа што можеме да ја сфатиме разликата помеѓу мислите кои произлегуваат од нашиот подсвесен ум, и мислите кои доаѓаат од негативни енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.). Еден практичен начин да ја сфатиме оваа разлика е да следиме дали после духовното исцелување овие мисли исчезнуваат, или дали нивниот интензитет или фреквенција се намалува.

Сепак, во почетните фази на духовната пракса ова ќе биде тешко јасно да се процени разликата. Во прилог на ова говори и фактот дека кога влијанието на негативниот суптилен ентитет е многу силно, понекогаш можеби ќе бидат потребни месеци или години на духовно исцелување и духовна пракса, пред да знаеме за сигурно од каде доаѓаат овие мисли.

Во овој напис наведовме различни видови на мисли кои доаѓаат од негативните енергии и како тие влијаат врз луѓето. Исто така, објаснивме како нивното влијание врз луѓето во голема мера се разликува од нивното влијание врз Боготрагателите. Заедно со секој пример се дадени и некои одговори и начини на духовно исцелување.

2. Како негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) ги зголемуваат желбите во умот

Кога негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) влијаат на нас со зголемување на желбите во умот, тоа најчесто се случува преку следниов механизам.

Негативната енергија испраќа директна команда на подсвесниот ум, напаѓајќи го центарот за инстинкти и желби. На пример: “Сега, пиј алкохол“, “Сега, јади чоколада”,”Сега, гледај филм”, “Сега, слушај музика”, “Сега, земи дрога”, “Сега, имај секс”. Како резултат на оваа команда се случува следново, желбата да дејствува како што е наложено се појавува во лицето и лицето чувствува потреба да ги направи овие чинови.

Доколку лицето се спортивставува на оваа желба, или ако постои Божествена заштита, или ако лицето чувствува Божествена свесност (Чаитанија) или Блаженство (Ананд), тогаш негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) го зголемуваат интензитетот на командата. На пример: “Јади килограми храна; изеди ја целата храна во домот”, “Имај секс со триесет Жени”,  итн. (Командите можеби нема да бидат исти како што се овие наведени овде, но принципот на командата и чувството во умот се исти.)

Автосугестија: Терапевтска реченица или перспектива со која сугерираме сами на себе како позитивно да промениме некоја своја акција (однесување), мисла, реакција (став) или физичка состојба.

Друг метод кој се користи е да се нападне центарот за ’сакам – несакам’ со праќање на мисла во форма на автосугестија, како што се: “Јас обожавам чоколадо”, “Јас обожавам алкохол”, “Јас обожавам месо”. Тогаш центарот за ’сакам’ испраќа впечаток за лицето да го направи чинот. Боготрагател немора да има центар ’сакам – несакам’ развиен за овие работи, но тој или таа, сепак, ќе почувствува дека овој центар постои во подсвесниот ум. Во овој случај негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) вложуваат дополнителен напор, бидејќи во умот на трагачот постои центар за сатвик желби кој се бори против овие желби.

 Влијанието на желбите кои ги даваат негативните енергии од повисоко ниво
Негативна (Тама-предоминантна) личност На таквите личности е лесно да се влијае. Импресии за желбите во умовите на овие лица, веќе постојат; нивниот ум реагира и одговара позитивно на сугестиите дадени од негативните енергии на повисоко ниво (мантриците). Мантриците во овој случај немора да вложуваат многу напор.
Просечна личност Лесно се препушта на желбите и е несвесна за влијаниата на негативните енергии. Мантриците суптилно и стрпливо продолжуваат да ги додаваат ваквите мисли и со текот на времето (понекогаш и во текот на повеќе животи), просечната личност се претвора во негативна личност.
 Трагач Трагач кој нема преференци за дадената желба Боготрагател немора да има центар на ’сакам – несакам’ развиен за овие работи во потсвесниот ум, но сепак ќе има чувство дека центарот постои. Мантриците прават дополнителни напори, бидејќи во умот на трагачот постои центар за сатвик желби кој се бори против овие желби.
Трагач кој не е свесен дека негативна енергија ги испраќа мислите Осеќа кривица заради тоа што има вакви желби и почесто според истите постапува, и затоа може да осеќа дека духовното ниво му е ниско.
Трагач кој е свесен дека мислата доаѓа од негативна енергија Помалку ќе постапува според ваквите желби и дополнително ќе вложи повеќе труд да примени мерки за духовно исцелување, кога ќе осети зголемување на желбите.

3. Како негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) ги зголемуваат негативните мисли за себе, другите и Духовноста

3.1 Негативни мисли за себе

Во претходниот пример наведовме начин на кој негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) влијаат на луѓето преку негативни мисли, така што во умовите на луѓето всадуваат одредена мисла. По истиот принцип, сугестијата го напаѓа интелектот и центрите за идентификација и интерпретација.

Мислите за себе кои негативните енергии ни ги даваат се, на пример: “Ти си лош трагач. Заслужуваш да патиш. Толку си лош и ти нема спас. Единственото решение за тебе е да се убиеш. Всушност, би требало да ја прекинеш духовната пракса, бидејќи си лоша личност”. Потоа, трагачот во неговиот ум ја добива мислата како: “Јас сум лош трагач. Заслужувам да патам. Ми нема спас. Единственото решение е да се убијам. Би требало да прекинам со духовна пракса, бидејќи сум лоша личност”.

Влијанието на негативните мисли за себе кои ги даваат негативните енергии од повисоко ниво
Негативна (Тама-предоминантна) личност или криминалец Не добива такви мисли од страна на негативните енергии од повисоко ниво (мантрици). Наместо тоа, мантриците испраќаат мисли кои го зголемуваат нивното его.
Лице опседнато од негативна енергија (дух, демон, итн.) Кај таквите лица, поради ваквите мисли, може да дојде до развој на ментални болести и самоубиства.
Просечна личност Кај просечното лице може да дојде до напади на депресија и психолошки проблеми.
 Трагач Трагач кој не е свесен дека негативна енергија ги испраќа мислите Може да стане депресивен, емотивен и неговата духовна пракса може да биде блокирана.
Трагач кој е свесен дека мислата доаѓа од негативна енергија Кога таквите мисли ќе се појават, се предава на Бога и се обидува да примени мерки за духовно исцелување.

3.2 Негативни мисли за другите

Видот на мисли кои негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) ги всадуваат во нашиот ум за другите се, на пример: “Оваа личност е многу негативна”, “Тој има големо его”, “Она што тој го вели токму сега, е его”, “Овој човек е нечесен”, “Тој те мрази и сака да ти наштети”. Обично овие мисли се потполно неосновани. Акцентот е ставен на работите кои не постојат, и се создава впечаток дека ги гледаме дефектите и егото, таму каде ги нема. Но негативната енергија креирала таква импресија и опседнатата личност почнува така да мисли за другите. На овој начин, умот на опседнатото лице станува замагален.

Влијанието на негативните мисли за другите кои ги даваат негативните енергии од повисоко ниво
Негативна (Тама-предоминантна) личност или лице опседнато од негативна енергија (дух, демон, итн.) Може агресивно да се однеусва кон друго лице и вербално или физички да го нападне.
Просечна личност Просечната личност е екстровертна и лошо мисли за другите, било дали тие мисли се исправни или не, и секогаш вината ја префрла на другите. Можеби ќе се труди да не дојде до директна конфронтација, но ќе има отпор и ќе продолжи лошо да мисли за другите, или ќе зборува лошо за нив позади нивниот грб. Исто така, може да влезе во расправии со овие лица.
 Трагач Трагач кој не е свесен дека негативна енергија ги испраќа мислите Трагачот е интровертен и сфаќа дека е погрешно да има такви мисли. Ако трагачот не сфати дека мислите доаѓаат од мантрикот, почнува да се осеќа лошо поради таквите мисли. Трагачот исто така, може да развие лоши чувства кон другите трагачи, може да се издвои од другите, или развие супериорност, и неговата духовна пракса би можела да биде успорена.
Трагач кој е свесен дека мислата доаѓа од негативна енергија Ќе направи дополнителни напори да примени повеќе мерки за духовно исцелување и исто така, ќе вложи повеќе труд да се отстранат таквите дефекти.

3.3 Негативни мисли за духовноста

Мислите кои негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) ги всадуваат против духовната пракса, вклучувајќи и нечија Сатсева (Служење на Апсолутната Вистина) се, на пример: “Духовната пракса е лажна”, “Не постои Бог”, “Бог те мрази”,  “Гуруто е лажен и тој те мами”, “Гуруто/Бог ги сака другите повеќе од тебе”, “Неправедно те третираат”, “Сатсевата која ја обавуваш не е сатсева“, “Ширењето на духовноста е невозможно”. Тие исто така, можат да испратат интелектуални сомнежи со цел да ја побијат духовната наука, на пример: “Месото е добро затоа што има железо. Ако не јадеш месо ќе се разболиш. Науката тоа го има докажано и духовната наука е погрешна”.

Негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) исто така, испраќаат мисли изопачувајќи ја духовната наука, со цел тоа да доведе до тамасик однесување, како што е: “Ништо страшно нема да се случи ако не се истушираш или не ја исчистиш куќата. Ова се само работи на грубо ниво. Суптилните работи се многу поважни, па сето тоа немора да го направиш”. Или тоа би можело да биде мисла, да се предизвика неправилна духовна пракса, како на пример: “Треба само да седиш и да пееш, не треба да обавуваш сатсева, бидејќи пеењето се случува од внатре, а сатесевата е надворешна и на грубо ниво. Не треба да обавуваш сатсева, бидејќи си ја надминал. Веќе осеќаш Блаженство”.

Во поекстремини случаи на изопачување на духовната наука, негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) може да испратат и мисли кои го убедуваат лицето дека негативното дело, е всушност позитивно, како што се: “Треба самиот да се насочуваш. Со тоа што ги следиш другите, не си поврзан со Бога, туку со тоа лице. Секое лице треба да биде сам свој водач”, или “Дрогите даваат духовни искуства и дрогите се духовна алатка за раст”. Што се однесува до ширење на духовноста, негативните енергии исто така можат да испратат неточни мисли за тоа како Духовноста треба да се шири и пренесува на другите. Можат да дадат мисли да се обавува сатсева (и ширење на Духовноста на психолошко ниво, што неминовно води кон грешки. Исто така можат да дадат мисли кои доведуваат до погрешна проценка на љубопитни луѓе (на пример, испраќаат пораки дека едно лице е трагач, кога тоа не е, или обратно, дека лицето не е трагач, а всушност е).

Влијанието на негативните мисли за Духовноста кои ги даваат негативните енергии од повисоко ниво
Негативна (Тама-предоминантна) личност или лице опседнато од негативна енергија (дух, демон, итн.) Ќе се однесува како атеист, религиозен фанатик, или квази духовна личност (која следи модерни религиски трендови), и ќе се противи на учењата за духовна пракса или ќе се обиде да го стопира ширењето на Духовноста.
 Трагач Трагач кој не е свесен дека негативна енергија ги испраќа мислите Ќе обавува духовна пракса со прекини, или можеби ќе обавува духовна пракса на неправилен начин, и духовната пракса може да биде од послаб квалитет поради сомнежи (слаба духовна емоција, послабо предавање).
Трагач кој е свесен дека мислата доаѓа од негативна енергија Ќе направи дополнителни напори да примени мерки за духовно исцелување, да се моли, да направи интроспекција за начинот на кој обавува сатсева (служење на Вистината) и ќе бара помош при сатсева.

4. Како негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) ги зголемуваат мислите на гордост и его

За да ги зголемат нашите мисли на гордост и его, негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) испраќаат мисли, како што се: “Ова го направи многу добро”, “Сите ќе го видат”, “Ќе те фалат”, “Сите гледаат во тебе”, “Добро изгледаш”, “Ти си толку паметен”.

Овие мисли можат да се јават во врска со многу различни работи, па дури и во вркса со мали неважни работи. Во случај на трагачи, негативните енергии даваат посилни сугестии, на пример: “Најсилен си од сите”, “Најпаметен си од сите”, и “Никој во светот неможе да го направи ова подобро од тебе”.

Влијанието на мислите поврзани со гордоста и егото кои ги даваат негативните енергии од повисоко ниво
Негативна (Тама-предоминантна) личност Почнува да се чувствува далеку посупериорно од другите, и може да има чувство дека е непобедливо.
Просечна личност Ќе се однесува егоистично во секојдневниот живот, ќе биде хипокритична и ќе се труди да го сокрие егото.
 Трагач Трагач кој не е свесен дека негативна енергија ги испраќа мислите Може да мисли лошо за себе, може да изгуби мотивација да се труди да го намали егото, поради чувството дека, и покрај напорите, егото е сеуште тука, и така неговите напори да го намали егото можат да бидат забавани.
Трагач кој е свесен дека мислата доаѓа од негативна енергија Ќе вложи дополнителни напори да примени повеќе мерки за духовно исцелување и ќе вложи повеќе труд во процесот на отстранување его.

5. Како негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) даваат многу лоши и агресивни мисли (мисли да се скрши нешто, да се тепаат луѓе, убиство, силување или слично)

Со цел луѓето да извршат навистина агресивни дела, негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) влијаат на тој начин, така што во умот на лицето создаваат и проектираат визија на делото. Лицето гледа како делото веќе се случува во неговиот ум и потоа е мотивирано да го направи тоа дело.

Во прилог на визијата, негативните енергии можат да испратат и чувство на задоволство кое произлегува од делото, што значи дека тие на лицето му дозволуваат да доживее лажно чувство на задоволство додека го замислува стореното дело.

Влијанието на агресивните мисли кои ги даваат негативните енергии од повисоко ниво
Негативна (Тама-предоминантна) личност На крајот претепува, силува или убива некого.
Просечна личност Може да биде агресивна до помал степен, има желба да скрши нешто или влегува во тепачка.
 Трагач Трагач кој не е свесен дека негативна енергија ги испраќа мислите Постои шанса сепак да се однесува агресивно на некој начин, но во ограничена мера поради Божествена заштита.
Трагач кој е свесен дека мислата доаѓа од негативна енергија Ќе направи дополнителни напори да ги блокира таквите мисли и да не дејствува според нив.

6. На кратко – чекори кон намалување на влијаниата на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) врз умот

Непознато за поголемиот дел од човештвото, но голема битка се води помеѓу доброто и злото  во суптилните региони од 1993 година. Низ историјата, повремено, суптилните сили на злото собираат доволно духовна енергија да се обидат да воспостават демонско кралство во Универзумот. Еден од начините на кои тие му создаваат проблеми на човештвото преку оваа суптилна битка, е со сеење на мисли поврзани со неправедно однесување, што ги оддалечува луѓето од желбата за духовен раст и ја зголемува Раѓа и Тама компонентите во животната средина.

Бидејќи повеќето луѓе не се свесни за оваа суптилна битка, тие не сфаќаат дека мислите кои тие ги имаат, може да потекнуваат од негативни ентитети од духовната димензија. Единствено само преку редовна духовна пракса едно лице почнува да ги препознава таквите појави, учи како се надминува нивниот ефект и е заштитено од нив.