Донации

//

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) 2006. година ја започна мисијата на објавување на ризницата на непроценливото духовно знаење во целиот свет. Од април 2013. година, SSRF почна да ги објавува написите и на македонски јазик.

Со поставувањето на било какви финансиски предуслови за читателите во нивното настојување да дојдат до тоа знаење би го ограничиле пристапот на тесен круг луѓе. Знаењето што го објавуваме ни е дадено од Бога. За да биде достапно за сите луѓе кои се интересираат за Духовноста, го направивме и ќе го правиме и понатаму бесплатно.

Работата на SSRF е можна единствено благодарејќи на Божјата милост, која обезбедува неопходни средства за оваа огромна задача. Покрај финансиските губитоци, никогаш не ни недостасуваа средства. Една од причините е тоа што многу луѓе ширум светот кои ја ценат вредноста на работата на нашата организација даваат донации – големи и мали, во прилог за целта на SSRF.

Во продолжение се дадени некои придобивки од давањето донации на SSRF:

  • Кога го понудиме имотот за цели кои имаат благослов од Светец, добиваме можност да вежбаме жртвување. Жртвувањето е важен чекор во духовната пракса, затоа што помага да се намали нашата врзаност.
  • Донациите дадени за световни цели, како што се донациите на училиштата и болниците, или давање на просјаците ги зголемува заслугите. Трагачите по Бога не сакаат ниту заслуги ниту гревови, со оглед дека заслугите обезбедуваат место во Рајот, а не Конечно избавување. За оние кои имаат желба да се ослободат од циклусот на раѓање и умирање, подобро е да ги даваат донациите на Светците.
  • Донациите дадени на Светците не создаваат сметка на земање и давање. Во суштина, давањето на такви донации ја порамнува сметката на земање и давање и ја намалува судбината.

Ве покануваме да го дадете својот придонес.

Ако сакате да дадете донација на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), можете тоа да го направите по пат на Paypal копчето подолу. Доколку сакате да изберете друга метода на плаќање ве молиме погледнете ги расположливите опции за страницата за донации внатре нашата Log in секција.

Пред да дадете донација, ве молиме да се запознаете со условите за давање донации на SSRF.

Со давањето донација, вие потврдувате дека ги прифаќате овие услови.


AUD
EUR
USD

Исто така ги повикуваме сите наши читатели да учествуваат во финансирањето на активностите на SSRF, така што ќе ги дадат своите донации за одредени проекти. Ве молиме да обрнете внимание на тоа дека некои од овие проекти временски се ограничени. Кога ќе ја приложите својата донација после рокот, вашите пари можат да бидат насочени кон општите активности на SSRF.

Ако имате било какви прашања, или сакате повеќе информации за донациите, ве молиме да ги погледнете честите прашања што ги поставуваат читателите за донациите на SSRF, или стапете во контакт со нас преку бенефициите ’Поставете прашање’ во рамката на својот SSRF кориснички налог. На располагање вие и електронската пошта: [email protected]/mk

Го цениме вашиот придонес. Заедно можеме да направиме промена.