Влијание на авторите на книгите за Духовноста

1. Вовед во влијанието на авторот од неговите книги за Духовноста

Во написот „Проучување на Духовноста“ нагласивме дека е подобро да ги проучуваме книгите за Духовноста кои ги имаат напишано Светците или Гуруата. Во продолжение на написот ја истражуваме оваа тема малку подетално. На располагање ни се многу книги за Духовноста и за лицето кое има желба сериозно да ја проучува Духовноста тоа претставува проблем. Секој автор го претставува своето видување за Духовноста, а некои од нив можат да бидат во меѓусебен конфликт. Постои и ризик лицето кое ја проучува Духовноста да биде привлечено од текстовите кои содржат малку духовна вистина, а се претставени многу убаво и звучат смислено. Тогаш кој совет да го следиме и да го примениме во пракса? Која е Духовната вредност на следењето на најновиот бестселер на тема за Духовноста кој се појавил во книжарите, ако не провериме кој е автор? Во овој напис расправаме за придобивките и ризиците од читањето на книгите за Духовноста во зависност од нивните автори и прашањето што читателите навистина постигнуваат со читањето на таквите книги.

2. Духовен ефект кој зависи од авторот

Кога спроведовме духовно истражување на оваа тема, ги поделивме сите автори на четири основни категории:

2.1 Каква е духовната корист од книгите

Следните прикажани табели се добиени со суптилна анализа која е спроведена од страна на Неговата Светост Др. Атавле.
Првите наоди се однесуваат на вкупната ефективна духовна енергија во книгата која ја меревме земајќи ги во предвид:

  • Духовната енергија во самите зборови,
  • во звукот на зборовите и
  • духовната енергија која се креира како резултат на акциите од страна на духовното ново на авторот кој ги има врз зборовите и нивниот звук.

Оваа табела ги покажува суптилните читања кои воопштено се однесуваат на сите книги зависно од авторот.

 

Забелешки:

1. Во табелата споредивме две категории на автори бидејќи се слични по дејство на духовните придобивки од книгите и тоа:

  • Духовно просечен автор на книги на општа тема
  • Духовно просечен автор на книги за Духовноста

2. Енергија на зборовите (Шабдашакти): Според духовното праволо дека „допирот, вкусот, формата, мирисот и енергијата секогаш коегзистираат“, секој збор со себе ја носи својата духовна енергија. Вкупната енергија на публикација зависи од зборовите кои се користени.

3. Енергија на звукот (Надшакти): Повторно според горе наведеното духовно правило, звукот исто така ја носи својата духовна енергија.

2.2 Процес на стекнување на знаење кое е потребно за пишување на книги

Потоа отидовме еден чекор понатаму. Случајно избравме по едно издание од секој автор од секоја поединечна категорија, а се поради сфаќањето на процесот на стекнување на знаење и поради спознанието како книгата изгледа набљудувана со суптилно гледање. Сепак, резултатите не се ограничени на тие 3 автори и 3 наведени книги од нашиот примерок, туку говорат за сите автори во секоја од категориите.

Забелешки:

1. Важна забелешка: Не е правена суптилна анализа на книги од оваа категорија затоа што е поистоветувана со следната колона те. „Духовно просечен автор на книги за Духовноста“. Во повеќето случаи кога просечен човек, кој е под духовно ниво на Светец, пишува книги за Духовноста, тој секогаш ќе биде под влијание на некој суптилен ентитет. Тоа може да биде позитивен ентитет од ниско ниво, или запоседнат од страна на негативните енергии. Било кој ентитет да биде во прашање, голема е веројатноста да биде под влијание на негативните енергии. Понекогаш духовите можат да дадат точна информација, но тоа знаење е обвиено со црна енергија.

2. Речиси во сите случаи кога лажен Гуру пишува книги за Духовноста, тој е сигурно запоседнат од страна на помоќните негативни енергии бидејќи тој или таа се основно средство (проводник) за погрешно масовно водење на трагачите.

3. Светец на духовно ниво од 70% е способен да внесе 30% од Апсолутната Вистина во Своите списи. Светец на духовно ниво од 100% е во можност да внесе 100% Апсолутна Вистина. Затоа тоа го сметаме за максимум Апсолутна Вистина кој е можно да го добиеме и пренесеме со зборови. Но меѓутоа, Апсолутната Вистина може во потполност да се пренесе само ако се оди подлабоко од напишаните зборови.

3. Методологија на истражувањата

Priyanka Lotlikar

Пред трагателката во Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), Пријанака Лотликар се ставени три книги. Таа ги нема читано туку со своето високо развиено  шесто сетило ги набљудувала книгите и нивните различни аспекти во духовната димензија. Благодарејќи на волјата на Неговата Светост Др. Атавле, имала можност да добива информации од Универзалниот Ум и Интелект во форма на дијаграми, суптилни слики, како и пишувани форми. Потоа информациите биле проверени и потврдени од страна на Неговата Светост Др. Атавле. Вршејќи ги суптилните анализи на секоја од категориите таа суптилно ги има набљудувано:

a) Ефектот на книгите, кориците и внатрешноста на духовно ниво и

b) Процесот на стекнување знаење кај овие автори.

Таа исто така го опишува ефектот на книгите на духовно ниво, на лицето кое чита.

4. Ефект од читање книга за Духовноста која е напишана од духовно просечно лице

4.1 Суптилна анализа на книга за Духовноста која е напишана од духовно просечно лице

Следува прикажување на суптилната анализа на Пријанка за тоа што има видено во духовната димензија кога со своето шесто сетило ја анализирала книгата напишана од страна на духовно просечно лице.

 

 

 

4.2 Процес за стекнување на знаење и пишување на книги за Духовноста од страна на духовно просечно лице

Следува прикажување на причините поради кои духовно просечното лице може да добие мисли за пишување на книги.

 

 

Тоа значи кога духовно просечно лице проба да напиша книга за Духовноста, во просек во 70% случаи ќе дојде под влијание на негативните енергии, или некои послаби позитивни суптилни енергии.

 

 

 

Кога духовно просечно лице пишува книга за Духовноста, самиот автор е изгубен во Големата Илузија или Маја. Има бујна фантазија со која книгата и нејзиниот заплет ја прави по интересна. Тоа е причината поради која книгата содржи толку малку сатвик. На сите такви записи доминантно влијаеле мислите од Маја односно Големата Илузија. Писателите мислат дека сите мисли кои ги имаат додека ги пишуваат книгите се значаен израз на интелектот.

Бидејќи овие автори немаат силна основа од духовна пракса, нивните перспективи воглавно се поврзани со Маја, а не со основата на духовната цел на животот, те. спознанието на Бога. Поради тоа Бог не им помага, ниту имаат пристап до Универзалниот Ум и Интелект. Поради тоа што ставот на авторот произлегува  од неговото его. ’Јас ја пишувам книгата, мислите се создадени од мојот интелект’, нивните записи емитираат фреквенции на црна енергија. Поради авторовото его и приврзаноста кон Маја, негативните ентитети, како мантриците во духовната димензија, многу лесно стекнуваат контрола над нив. Записите се преоптоварени со илузорни концепти за Духовноста и го водат читателот на погрешен пат далеку од вроденото сфаќање дека спознанието на Бога е вистинската смисла на животот, а не паѓањето во стапица на Големата Илузија. Во книгите од овој вид затоа недостасува било какво истакнување на улогата на духовната пракса во разградувањето на петте сетеила, умот и интелектот.

Поради тоа преку нивните записи Мајави (илузорни) брановите се распрскуваат во атмосферата. Покрај раѓа-тама фреквенциите, овие книги емитираат и Мајави односно илузорни фреквенции кои ги привлекуваат просечните луѓе и прават тие да сакаат да ги читаат на сопствена духовна штета.

 

5. Ефект од читањето книга за Духовноста која е напишана од лажен духовен водач

5.1 Суптилна анализа на книгата за Духовноста која е напишана од лажен духовен водач

Следува она што Пријанка го видела во духовната димензија после извршеното суптилно отчитување на книгата која ја напишал лажен духовен водач.

 

 

 

5.2 Постапка за стекнување на знаење и пишување книги за Духовноста во случај на лажен духовен водач

Духовното ниво на лажните духовни водачи е околу 50%. Поради тоа тие имаат многу ограничено знаење и вистински, непосредни искуства од Духовноста. Благодарејќи на духовната пракса од некој минат живот или сегашниот живот, тие можеби го достигнале тоа духовно ниво, но и покрај тоа имаат силна желба за слава и богатство. Тоа го користи помоќен дух кој ги опседнува и ги пренесува своите натприродни моќи и таленти на лажниот духовен водач. Моќниот дух полесно ќе ја заврши својата негативна задача преку лицето со повисоко духовно ниво, но кој има его. На овој начин лажниот духовен водач го придобива просечниот човек и создава многу следбеници. Духовно просечниот човек не е во состојба да ја забележи разликата помеѓу вистинскиот и лажниот духовен водач.

Поради двата фактори, лажните духовни водачи имаат високо его – како и духовно просечните луѓе. Поради своето его, своите (сидии) натприродни моќи и големиот број на следбеници, на Мантриците им станува лесно да остварат контрола над нив. Во суштина Мантрикот – моќна негативна енергија, е тој кој преку лажниот духовен водач ги спроведува сите акции, додека овој лажниот духовен водач всушност е само марионета во рацете на Мантрикот.

 

 

 

Црниот облак го претставува влијанието на Мантрикот на мислите кои доаѓаат од Бога на ниво на не-манифестиран принцип. Поради високото его лажните духовни водачи, или лажните Светци тие не добиваат никаква помош од Бога. Бидејќи изворот на знаењето потекнува од Мантрикот, тоа е проткаено со суптилна црна енергија. Значи, пред лажниот духовен водач, или лажниот Светец почне да пишува, околу него се шири црна енергија поради изворот на знаењето и поради тоа што го запоседнал Мантрикот. Црната енергија делува и на оној кој ја чита книгата напишана од лажниот духовен водач. За жал, духовно просечниот човек нема суптилна способност да сфати дека е под влијание на црна енергија. Просечниот читател чита само на психолошко ниво, па го привлекува забавното читање и понекогаш останува верен на учењето од книгата, како и идните книги од истиот лажен духовен водач.
Кога од пет трагачи е побарано да ја посетат и суптилно да ја анализираат авторовата веб страница, трагачите чувствуваа мачнина, главоболка и добиа чувство дека не сакаат да ја гледаат авторовата слика. На веб страницата и производите кои се нудат исто така е застапена црната боја. Во суштина, црната боја е исклучително тамасик и дава можност на духовите да ја пренесуваат црната енергија.

 

6. Ефeкт од читањето книга за Духовноста која е напишана од Светец

6.1 Суптилна анализа на книга за Духовноста која е напишана од Светец

 

 

Светците имаат можност да пристапат до Божјото знаење од Универзалниот Ум и Интелект врз основа на нивната духовна пракса и го пренесуваат знаењето на духовно просечните луѓе по пат на книги. Светците немаат никаква световна корист како слава и заработка на пари од пишувањето на книги врз основа од добиеното духовно знаење. Исто така, тие не очекуваат дека нивните книги ќе го променат светот. Тие тоа го работат како своја духовна пракса по Божјата волја и благодарејќи на нивната духовна љубов кон човештвото. Така луѓето кои сакаат да напредуваат духовно имаат план (пат) на својата духовна пракса за да ја достигнат крајната цел на животот (спознавање на Бога). Светците пишуваат книги кои се засноваат врз основната цел на животот, а тоа е исполнување на судбината и (осознавање на Бога). Тоа е нивната единствена намера. Целата добивка од продавањето на книгите се користи за да се помогне на луѓето во духовниот раст. Така нивните намери во потполност се поклопуваат со Божјите. Во нивните книги никогаш не се зборува како да се биде успешен во Големата Илузија (Маја), туку напротив, како да ја пребродиме приврзаноста (врзаноста) кон Маја (Големата Илузија).

Резултатот на ова е дека книгите пишувани од страна на Светците се популарни единствено кај трагачите по Вистината (Бога). Никогаш не стануваат најдобро продавани книги (бестселери).

 

6.2 Процес за стекнување на знаење и пишување на книги за Духовноста во случај на Светец

 

Кога Светците пишуваат книги, се што напишаат се заснова на духовното искуство кое сами го доживеале. Како пишуваат од своето лично искуство, а се наоѓаат во возвишена состојба на Блаженство и Спокој, така во тоа што го напишаат има многу не-манифестирана Божествена Свесност (Чаитанија). Од таа причина кога тие употребуваат духовен термин, тоа не е само интелектуален израз, туку нешто што непосредно го доживеале. Таквата книга емитува Божествена Свесност (Чаитанија), а присутна е и Божествената Намера (Санкалп), со која благодарејќи лицето доживува мир додека чита. На вистинските Светци не им е потребен медиум од суптилен ентитет за да дојдат до информации.
Читателот има корист на духовно ниво од оваа знаење од перспектива за постигнување на неговата основна духовна цел во животот. Со читањето на книгите напишани или составени од страна на Светците исто така се случуваат духовни исцелувања.

 

 7. Резиме

  • Кога се пишуваат книги за Духовноста тие секогаш се мета на негативните енергии. Авторовите мисли постојано се под влијание на суптилните енергии. Ако авторот нема цврста основа од духовна пракса, не може да го одбрани протокот на мислите од дејството на негативните енергии.
  • Авторите на ниско духовно ниво поради своето его и желба за слава стануваат привлечна мета за духовите, кои делуваат преку нив.
  • Бог не им помага на авторите кои не вршат духовна пракса за Спознавање на Бога. Не им помагаат ниту духовно напредните битија од суптилниот свет, затоа што тие се водат по Божјата волја. Значи, од духовната димензија преостануваат само негативните енергии кои имаат слободен терен кај авторите на ниско духовно ниво.
  • За жал читателите се тие кои се на губиток. Книгите напишани од страна на лицата на ниско духовно ниво и лажните Духовни Водачи/Светци во суштина ги водат луѓето во уште поголема врзаност за световното и Големата Илузија (Маја). Покрај тоа тие зрачат црна енергија која кај читателите предизвикува долготрајни проблеми.
  • Само книгите напишани од страна на Гуруата и Светците се добри за нашиот духовен раст. Тоа се единствените книги кои го поминуваат тестот на времето преку милениумите. Се препорачува да се прочита написот Кој е Светец?