Истражување на случајот – Др. Марате

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистнска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и по свое убедување.

Накратко:

Др. Пандуранг или П. Марате околу дваесет години работи како лекар по општа пракса во Гоа, Индиjа. Го замоливме др. Марате да ни ја раскаже својата историја на болеста, симптомите и третманот после кој што конечно се излечил. 

Соговорник: Др. Марате, можете накратко да ни ги објасните симптомоте на Вашата болест?

Др. Марате: Почна со грозница, а после една недела имав столица со бела боја. Веднаш сватив дека се работи за жолтица. Болеста продолжи со силни повраќања и бев се послаб. Во текот на таа недела, неможев да мокрам и тешко ги отварав очите. Состојба се толку влоши што морав да бидам сместен во болница.

Соговорник: Разбирам. И која дијагноза лекарите поставија?

Др. Марате: После извршените потребни медицински прегледи, дијагностициран е инфективен хепатит Тип А. Лаички речено, тоа беше случај на тешка жолтица. Добив соодветен третман и ми беше советувано целосно мирување. Лекарот ме уверуваше дека ќе бидам во потполност здрав во рок од шест до осум недели.

Прашање: Дали предвидувањата на лекарот се исполнија?

Др. Марате: Всушност и не се исполнија, состојбата уште се влоши. Билирубинот се зголемуваше од една единица до 25 единици за нешто повеќе од еден месец. Нормалната вредност е под една единица. Зголеменото ниво на билирубинот во крвта укажува на опструкција на жолчните канали во црниот дроб.

1-MKD-chart-marathe

По целото тело чувствував јадеж и чувство на боцкање со игли. Не можев да спијам, а мојата тежина се намали за 15 кг, од 63 кг на 48 кг.

2-MKD-marathe-weight-loss

И покрај совесното придржување на советите од лекарите, нивото на билирубин не се спушташе на нормалната вредност, дури и по 8 недели. Лекарите едноставно не можеа да ја пронајдат вистинската причина на високата вредност на билирубинот. 

Соговорнок: Што направивте потоа?

Др. Марате: Се посоветував со повеќе лекари и се обидов со разни алтернативни терапии како што е ајурведата и хомеопатијата. Кога и тоа не помогна станав очаен. Лекарите рекоа дека направиа се што можеа. 

Соговорнок: Др. Марате, што направивте кога сфативте дека не Ви помагаат ниту најдобрите медицински третмани?

Др. Марате: Со оглед дека ништо не делуваше и покрај големиот труд, се уверив дека причината би можела да биде од духовна природа. Отидов и го запознав истражувачкиот тим во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (Spiritual Science Research Foundation – SSRF) во Гоа, Индиа. Ме одведоа во одделението на SSRF за знаење на духовната димензија. Трагачите во SSRF со развиено шесто сетило ја отчитаа мојата состојба во суптилната димензија. Без никаков допир и спроведувања на било какви физички тестови ја утврдија причината за мојот проблем. Она што ми беше дијагностицирано, како вистинска причина за жолтицата, за мене беше неверојатно. Рекоа дека се работи за силен напад од негатативна енергија што ја предизвикуваше опструкцијата на жолчните канали во црниот дроб. Дури ми направиа цртеж заснован на суптилното знаење.

Еве вака изгледаше:

3-MKD-bile-ducts-marathe

Цртежот заснован на знаењето на духовната димензија: На десната страна е компјутерски цртеж на она што го видоа трагачите од одделението во SSRF за знаењето на духовната димензија.

Со црните ознаки на цртежот е прикажана блокада која што ја создала негативната енергија. Можете да ги видите блокирани сите жолчни канали. Негативната енергија го блокирала правилниот проток на жолчка и билирубинот истекувал во крвта. Тоа го објаснува постојаното високо ниво на билирубинот. 

Соговорник: Др. Марате, после дијагнозата во одделението за знаење на духовната димензија, кој третман ви е препорачан?

Др. Марате: Ми беа предложени два вида на лекување со мерки за духовно исцелување. 

  1. Ми беше советувано повторување на Името на одредено Божество.Тоа беше потребно да го правам секојдневно четири до пет часа дневно, со тоа што е беше можно да го правам во лежечка положба.
  2. Ми беа дадени и други духовни мерки како допир на Свет стап (ќамели стап), Дување Свет пепел (вибути), прскање Света вода (тирта), молитви и најпосле престој во Свето друштво (сатсанг) со Н. С. Др. Атавле за да ја очисти негативната енергија.

Веднаш ги применив во пракса сите совети и почувствував резултати во рок од една недела. Накратко, требаше од таа болест да оздравам за два месеци, но како што духовната причина не беше веднаш идентификувана, поминаа пет месеци додека не бев во можност да продолжам со работа.  

Соговорник: Др. Марате, Ви благодарам што одвоивте време за овој разговор.