1-MKD_self-awareness

1. Вовед во важноста на самосвесноста

Во нашата прва секција од оваа серија на написи, дискутиравме за важни основни информации за она што го сочинува карактерот на одредено лице и зошто недостатоците на карактерот најверојатно ќе го намалат нечиј капацитет за раст и развој како човечки суштества. Недостатоците на карактерот се една од главните причини зошто сме несреќни. Ако поради нечија судбина, едно лице мора да доживее болка, тогаш недостатоците на карактерот се еден од главните медиуми преку кој ние ја доживуваме оваа несреќа. Уште поважно за оние кои навистина се во потрага по духовен раст, недостатоците на карактерот можат сериозно да го ограничат нивниот капацитет да растат, без оглед на тоа кој духовен пат да следат. Еднаш откако едно лице ќе доживее подобро ментално здравје и стабилност (т.е. со помалку недостатоци на карактерот) е полесно за него или за неа да оствари брз духовен напредок и да постигне идеална личност со практикување духовност.

2. Што е самосвесност?

Секој кој е посветен на само-подобрување, личен развој или повисоката цел на духовниот раст, треба активно да биде во потрага по разбирање на самиот себе. Ова е затоа што само кога некој ќе разбере што му недостасува, може тој или таа да ги фокусираат своите напори на она што треба да подобри.

Дефениција на самосвесноста?

  1. Самосвесноста е капацитетот кој едно лице го има за интроспекција и
  2. тоа вклучува стекнување на разбирање и увид во нечии предности, квалитети, слабости, недостатоци (дефекти), идеи, мисли, верувања, идеали, реакции, одговори, реакции, ставови, емоции и мотивации.
  3. Интроспекцијата, исто така, вклучува и проценување на тоа како едно лице го доживуваат другите и
  4. Како другите се погодени врз основа на нечие однесување, реакции и постапки.

Психолозите често самосвесноста ја делат на два различни вида, или јавна или приватна.

  1. Јавна самосвесност: Овој тип се јавува само тогаш кога луѓето се свесни за тоа како тие се перципирани од другите. Јавна самосвесност обично се јавува во ситуации кога луѓето се во центарот на вниманието, како на пример кога даваат презентација или кога разговараат со група на пријатели. Овој тип на самосвесност често ги принудува луѓето да се придржуваат кон општествените норми. Кога ние сме свесни дека сме посматрани и проценувани, ние често се обидуваме да се однесуваме на начини кои што се општествено прифатливи и пожелни. На кратко, го прикажуваме нашето најдобро однесување кое можеби нема да биде одраз на нашата вистинска личност. Јавната самосвесност, исто така, може да доведе до “анксиозна евалуација” во која луѓето стануваат потресени, вознемирени или загрижени за тоа како тие се перципирани од другите.
  2. Приватна самосвесност: Овој тип се случува кога луѓето стануваат свесни за некои аспекти на самите себе, но само на приватен начин. На пример, гледањето на вашето лице во огледалото е еден вид на приватна самосвесност. Чувството во вашиот стомак кога сте заборавиле да учите за важен тест или чувството кога вашето срце трепери кога ќе видите некој кој многу ве привлекува, се добри примери за приватна самосвесност. Членовите на потесното семејство и пријателите се запознаени со некои аспекти на нашето приватно “jaс”, бидејќи пред нив ние го спуштаме штитот. Оттука, тие стануваат непроценливи помошници помагајќи нам во проценувањето на нас самите.

Како што практикуваме да стануваме се посвесни за самите себе и за тоа како сме перципирани од страна на другите, учиме многу повеќе нијанси на нашите карактеристики и тоа на минутно ниво. Оттука, ние сме во подобра позиција да ги надминеме нашите недостатоци на карактерот и да сфатиме каде лежат нашите сили. Во следните точки, ќе разгледаме некои од начините за тоа како едно лице може да ја зголеми својата самосвесност.

3. Како да се зголеми самосвесноста – Со посматрање на самиот себе

За да го разбереме нашиот карактер, треба да ја разбереме природата на нашиот ум. Умот е составен од два дела – свесен и потсвесен ум. Потсвесниот ум е огромен и импресиите кои се длабоко вкоренети внатре, не се лесни за откривање и анализирање. Сепак, не толку често во текот на денот нечиј ум избувнува и реагира на некои настани и ситуации негативно. Како резултат на тоа, едно лице чувствува одредена доза на немир и емоции како како што се несигурност, страв или бес. Повеќето од нас работат неволно преку секојдневниот живот, не земајќи ниту момент да паузираат и направат интроспекција, за тоа зошто ја доживеавме оваа емоција на прво место. Всушност, преку такви ситуации во секојдневен живот на едно лице, умот, со самото негативното реагирање на ситуациите и настаните го отвора прозорецот и му дава на лицето увид во неговата природа. Ако некој е буден и објективен во неговата перцепција, тој може да го следи патот низ прозорецот којшто умот му го отвора. Како резултат на тоа, преку овој процес лицето почнува да се здобива со поголема самосвест за тоа како неговиот ум работи и како истиот реагира на различни стимули. Ова е познато како метакогниција, што значи да се има свест и разбирање за сопствениот мисловен процес. Овој посебен тип на личен развој се однесува на тоа да се постане свесен за сопственото тело и својата ментална состојба на постоење, вклучувајќи ги своите мисли, дела, идеи, чувства и интеракции со другите. Поради ова, тоа е првиот чекор во надминување на негативните емоции и реакции.

Едно лице генерално реагира негативно на ситуации и настани како резултат на импресии на недостатоци на карактерот т.е. лични дефекти во потсвесниот ум.

Self-awareness-by-observing-oneselfАјде да земеме еден пример, Анета се почувствувала немирно кога нејзиниот шеф ја пофалил нејзината колешка. Таа, продолжила да мисли на инцидентот во текот на денот кој само го зголемил нејзиниот немир. Таа беше обземена од негативната мисла дека “Без разлика на тоа колку и да се трудам, никогаш не бивам забележана”. После добар сон, таа заборави на инцидентот и продолжи со својот живот. Алтернативно, доколку Анета беше свесна за чувството на немир и истото го интроспектираше (анализираше) како – зошто таа се осетила така; таа би можела да се здобие со увид во нејзиниот ум и разбере кој нејзин недостаток на карактерот се манифестирал со цел да предизвика таков немир. Соодветно на тоа, во иднина таа би можела повеќе да биде ориентирана кон решението за да ја избегне вознемиреноста предизвикана од таквите инциденти и да стекне стабилност.

Како што Анета станува се посвесна за интроспекција на нејзините чувства и емоции во такви ситуации, така кон нејзиното станување посамосвесна ќе има понатамошни чекори. На пример:

  • Колку долго нејзиниот немир продолжува пред да таа постане свесна за тоа?
  • Дали тогаш таа би можела да стави крај на тоа и да го контролира чувството на немир?
  • Дали таа се обидува да оди подлабоко и да научи повеќе за себе и нејзините недостатоци на карактерот?
  • Каде на друго место овој вид на немир се случува? Кој друг бива вклучен при тоа?

4. Како да се зголеми самосвесноста – Некој ни дава повратни инфорамации или ни ги кажува нашите грешки

“Крсте, исклучи ја таа музика”, викна татко му. “Во оваа куќа  нема ниту еден момент мир со тебе кога постојано пушташ таква гласна музика”. Крсте под мустак опцу и намуртено ја намали гласноста на музиката.

Никогаш не е лесно да се земат негативни повратни информации од другите за нашите акции или нашиот живот. Во такви времиња, мислите како “Зошто тие не можат да ме разберат” ,”Јас не сум таков”, “Не сакам ниту да слушнам за тоа”, често ќе се појавуваат вонашиот ум.

Да речеме дека Крсте за момент застанал и погледнал на ситуацијата објективно; веројатно би научил една или две работи за тоа како другите го перципираат. Кога другите луѓе ни даваат некои повратни информации, колку и да би биле тие строги, тоа ни дава индикација за тоа како ние сме перципирани од страна на другите. Ако некој доживеал болка како резултат на нашите акции, најверојатно тоа е поради некој недостаток на карактерот во нас кој предизвикува нашата акција да влијае негативно на другите.

5. Како да се зголеми самосвесноста – Набљудувајќи ги грешките на другите, а потоа интроспекција

Self-awareness-through-observing-othersБојан и Ирена се расправаат за домаќинските задолженија. Ирена инсистира на тоа дека Бојан не води доволно грижа за домот, додека Бојан продолжува да дава неубедливи оправдувања за тоа зошто тој не бил во можност да ги заврши домаќинските задолженија на време. Кога нивниот пријател Марко ја слушна нивната расправија, тој сфатил дека тој е истиот како Бојан. Сега како трето лице и кое не е емотивно вклучено, Марко можеше објективно да види дека неубедливите оправдувања на Бојан беа детски и нелогични, и ја иритираа неговата сопруга Ирена. Гледајќи го влијанието на ова, Марко направи ментална решеност да ја надмине неговата сопствената мрзеливост и да и помогне на својата сопруга дома без било какви изговори.

Ова е еден пример за тоа кога едно лице опсервира ситуација која вклучува други луѓе, и како лицето се здобива со поголемо разбирање на себеси. Бидејќи едно лице не е емотивно вклучно во ситуацијата, истото е пообјективно, а со тоа и способноста за учење е поголема.

6. Нашите соништа, исто така, можат да ни кажат многу за нас самите

Понекогаш, посилни импресии во нашиот потсвесен ум се јавуваат во нашите соништа до тој степен што ние сме во состојба да го запамтиме сонот, па дури и да научиме за нашиот ум. Една трагателка имаше сон во кој таа доживува страв пред да оди на сцената за да одржи предавање. Таа се разбуди во пот и не можеше да се врати да спие повеќе од еден час. Ваквите видови на соништа се вредни за интроспекција, бидејќи тие би можеле да фрлат малку светлина врз подлабоки прашања во нашиот потсвесен ум.

7. Заклучок

  • Станување самосвесен е првиот чекор во надминување на недостатоците на карактерот
  • Самосвесноста може да се постигне преку набљудување на сопствените грешки, замолување на другите за повратни информации, објективно набљудување на туѓите грешки и преку некои соништа.
  • Секогаш кога едно лице станува емоционално нестабилно, немирно или вознемирено, истото треба да постане свесно како на подлабока интроспекција, што обично овозможува увид во некои недостаток на карактерот кој бил активиран.
  • Треба да бидеме отворени кога станува збор за учење и разбирањето на самите нас и да имаме храброст да земаме повратни информации од другите. Со ова, ние објективно можеме да ги анализираме нашите грешки и да наоѓаме практични решенија за промена на подобро.