1-MKD-p-yoya-landing

1. Запознавање со Нејзината Светост Јоја Вале

Духовно ниво: Ако земеме дека духовното ниво на лицето кое го спознало Бога е 100%, тогаш вообичаеното духовно ниво на просечниот човек во денешно време е 20%. Дури 70% од светската популација е под нивото од 35%. Минималното духовно ниво потребно едно лице да стане Светец е 70%.

Во овој напис со нашите читатели ќе споделиме исклучително животно и духовно патување на Светицата, Нејзината Светост Јоја Вале. Од оштетен слух и потешкотии при говорењето уште од рано детство, преку кариера како интернационален модел и уметник, до духовни попречувања предизвикани од негативни енергии, и конечно одрекување од се да би обавувала духовна пракса. Животот на Н.С. Јоја Вале е еден пример за тоа како Бог ги благословува трагачите со духовен раст, ако тие имаат интензивна духовна желба, и се стремат кон тоа да обавуваат редовна духовна пракса, и покрај сите препреки. Во друг напис ја претставивме Н.С. Јоја Вале во порани фази од нејзиниот духовен развој како суптилен уметник и член на духовно истражувачкиот тим на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Во овој напис, благодарни сме што на општеството можеме да му ги прикажеме аспектите на Нејзиното духовно патување, од трагателка до Светица. Во моментот кога се подготвуваше овој напис (октомври 2014 година), духовното ниво на Нејзината Светост Јоја Вале беше 72%. На духовно ниво од 70% лицето достигнува Светост.

2-MKD-Progress-from-model-to-Saint

Овој напис го поделивме на неколку различни поглавиа, за кои веруваме дека ќе им бидат корисни на трагачите по духовноста. Се молиме овој напис да ги инспирира трагачите да прават напори за духовен раст.

2. Детството, адолесценцијата и манекенските денови на Нејзината Светост Јоја Вале

Н.С. Јоја Вале е родена 1980-та година, во Белград, Србија. Преку духовно истражување откривме дека таа е родена од повисокиот регион на Рајот, кој е познат како Учасваргалока на Санскрит јазик. Нејзиното духовно ниво на раѓањето било 50%. Меѓутоа, во текот на нејзините рани години, нејзиното духовно ниво опаднало на 40%.

Забелешка на уредникот: Ова може да им се случи на луѓето кои се родени од повисоките региони на постоење во Универзумот. Духовното ниво опаѓа поради судбината која мораат да ја поминат и заради тоа што генерално постои период во кој не обавувале духовна пракса, а тоа е периодот од раѓањето, па до моментот кога започнуваат да обавуваат духовна пракса во овој живот. Сепак, благодарение на силата на духовната пракса која ја обавувале во претходните животи, тие можат да постигнат брз духовен напредок во сегашниот живот.

Еве неколку слики од нејзините рани години.

Childhood-to-teens-P-Yoya

Доколку сакате повеќе да прочитате за раните години на Нејзината Светост Јоја Вале и нејзината кариера како модел, прочитајте го написот за неа како уметник на цртежи засновани на суптилното знаење. 

3. Позитивно влијание на духовната пракса врз оштетениот слух и говор

Н.С. Јоја Вале има тешко оштетување на слухот, но таа не дозволи тоа да се одрази на нејзиното духовно патување. Со текот на времето, нејзиниот слух и говор се подобрија како резултат на нејзината духовна пракса. Кога Н.С. Јоја Вале имаше десет месеци, доби обострано воспаление во двете нејзини уши. Ова воспаление подоцна прерасна во мастоидитис, и мораше да оди на мастоидектомија. Тоа е процедура при која се отстрануваат мастоидните воздушни клетки. Меѓутоа, пост-хируршки компликации ја доведоа до 100% оштетување на слухот. Н.С. Јоја и нејзината мајка г-ѓа Драгана Кисловски веднаш преземаа иницијални чекори да се надмине нејзиното оштетување на слухот. Во врска со ова, Н.С. Јоја се сеќава “Поради оштетување на слухот, подоцна научив да зборам. Кога бев околу 1-2 години, се трудев да изговарам неколку зборови, но тоа ќе резултираше само во движење на усните без звук. Макотрпно, мајка ми ме научи да кажам ‘мама’. Подоцна, иако не можев да слушнам речиси ништо, почнав да го разбирам говорот на лицето кое беше оддалечено од мене неколку метри, така што научив да читам од усните.” Подоцна на возраст од шеснаесет години Н.С. Јоја се впушти во светот на високата мода како модел, но тоа дојде и со свои предизвици. Модните ревии се придружени со музика и моделите при одењето мора да го пратат и ритамот; предизвикот беше во тоа што Н.С. Јоја не можеше ништо да слушне. Н.С. Јоја се сеќава: “Како последица, моите припреми и тренинг во моделирањето беа предизвикувачки задачи. Додека бев во Токио, јапонците беа збунети и се прашуваа како можам да се бавам со манекенство покрај оштетениот слух, но сепак ми даваа шанса. При мојата прва ревија во Токио, имаше громогласен аплауз од публиката. Тоа навистина го обележи почетокот на мојата кариера како модел”. Н.С. Јоја секогаш имала позитивен поглед на животот. Оштетениот слух не ја спречи таа да води нормален секојдневен живот, и подоцна, да ја обавува својата духовна пракса. Кога имала петнаесет години, нејзината мајка била изненадена кога Н.С. Јоја и кажала дека оштетениот слух е нејзина судбина и дека таа ќе ја прифати.

Забелешка на уредникот: Всушност, квалитетот на прифаќање и не откажување покрај препреките, е едно од обележјата на духовно патување на Н.С. Јоја.

По започнувањето на духовна пракса, благословот на Н.С. Др. Атавле и неколку Светци многу придонесоа за тоа нејзиниот слух и говор да се подобрат. Ја замоливме Н.С. Јоја да ни каже нешто повеќе за тоа., Н.С. Јоја: “Во август 1999-та година, додека бев во Атланта, Сад, Н.С. Др. Атавле ме информираше дека мојот слух и говор ќе се подобрат за 30% ако редовно обавувам духовна пракса. Од октомври 1998 година, пред да отидам во Индија, почнав да пеам на бројаница и тоа шест кругови пеејќи “Исусе господе” и “Шри Гурудев Дата”. Мојот говор малку се подобри. До моментот кога ја посетив Индија во декември 1999-та година, мојот говор значително се поправи. На 2-ри јануари 2000-та година го посетив Н.С. Бау Масуркар, еден индиски Светец од Синдудург во Махараштра, Индија, кој има мајсторство во нумеролошката наука. Кога тој зборуваше, на неколку секунди можев јасно да го слушнам. Без изненадена и почнав да плачам. Тоа беше првиот пат кога можев толку јасно да слушнам, и тоа подоцна неколку пати се повтори. Во јуни 2001-ва година, отидов да му се поклонам на еден Светец од Мумбаи во Индија, Н.С. Јошибаба кој имаше способност да поништува духовно вознемирувачки енергии. Тој ми даде терапија за подобрување на мојот говор. Таа терапија беше на духовно ниво и со тоа беше надвор од разбирањето на интелектот. Тоа беше обред при кој беше потребно на една мала дрвена табла да се стави лажичка прегорен шеќер, и со лижење на шеќерот Н.С. Јошибаба суптилно го изведе обредот, и ја благослови таблата пред да ми ја даде. Во текот на следните неколку години, мојот говор значително се подобри. Денес, во 2014-та година, сите можат да ме разберат и тоа без многу напор од нивна страна. Ова подобрување настана без било каков лекарски третман. Н.С. Јоја вели дека во 2014-та година, нејзиниот слух се подобрил од 0% до 10%, а нејзиниот говор од 30% до 80%. За ваквиот напредок, особено кога е во прашање нејзиниот говор, нема рационално објаснување. Докторите кои ја лечеа, беа изненадени.

Забелешка на уредникот: Н.С. Јоја има тешко оштетување на слухот, но таа не дозволи тоа да се одрази врз нејзиното духовно патување. На крајот, нејзиниот слух и говор се поправија како резултат на нејзината духовна пракса. Ова искуство ја зголеми нејзината вера во духовна пракса. Наместо да биде среќна поради тоа и да се одмара и потпира на нејзината манекенска слава, таа го вложи сиот свој труд да постигне духовен раст.

4. Сатсанг со повеќе Светци

Н.С. Јоја Вале била во сатсанг со многу Светци и од Нив добила непроценливо знаење.

5. Сопруг и духовен партнер на Н.С. Јоја Вале

Духовното и животно патување на Н.С. Јоја е благословено со тоа што имала прекрасно духовно партнерство и брак со Н.С. Сириак Вале. Тие меѓусебно се подржуваа во нивното духовно патување, и  во 2013-та година, и двата достигнаа Светост.

Забелешка на уредникот: Во Калијуга, исклучително е ретко маж и жена подеднакво да се посветат на духовна пракса. Уште поретко е маж и жена да достигнат Светост.

Н.С. Јоја Вале ни раскажа како се запознале: “Една недела пред мојот 18-ти роденден во 1998-ма година, посетив една дискотека во Токио, Јапонија, заедно со некои пријатели од модната индустрија. При играњето за момент погледнав во очите на еден млад човек. Почувствував како да го знам од порано. Влеговме во разговор воглавном за уметноста и нешто за Бога. Тој чувствуваше дека со леснотија може да ги разбере сите мои цртежи, кои подоцна му ги покажав. Така започна нашата врска. Еднаш додека бевме во посета на еден парк, имав силно чувство на Божјото присуство таму. За време на таа посета Сириак на момент видел како сјае светлина во и околу мене, но тогаш ништо не спомна. Подоцна го доведов во својот дом и го запознав со мајка ми. Сириак во нашиот дом помина три часа и цело време беше задлабочен во духовен разговор со мајка ми. Откако тој замина и реков на мајка ми дека сакам да се омажам за него. Мајка ми беше среќна, бидејќи осеќаше дека сум сигурна во врска со Сириак, и нејзиниот впечаток беше дека тој е добра личност. Често поради манекенските ангажмани во различни делови од светот, мораше да се раздвоиме. Јас бев на ангажман во Милано, Италија, а Сириак се врати во Франција, но се трудевме да не бидеме долго време раздвоени. Осум месеци подоцна, во февруари 1999-та година, кога отидов во Милано поради друг манекенски ангажман, и Сириак дојде со мене. Бидејќи во тоа време имаше попречувања од суптилни тела на преминати предци, му беше советувано да ја пее заштитната пеаница “Шри Гурудев Дата“. Додека тој ќе ја пееше оваа пеаница, преку моето шесто сетило можев да видам некоја вознемирувачка енергија околу него; но јас не се плашев од неа. Всушност, направив цртеж заснован на способноста на суптилниот вид, на кој го прикажав механизмот на делувањето на пријатните и непријатните енергии врз него. Двајцата заедно многу патувавме, и постепено се повеќе и повеќе се сакавме.

Modeling_21

Н.С. Јоја Вале и нејзиниот сопруг Сириак Вале во Париз 1999-та година, додека и двајцата беа модели. Францускиот телевизиски канал М6 направи документарец за нивната уникатна љубов и живот, после кој следеа многубројни интервјуа за списанија во Франција и Србија. 

“Во ноември 1999-та година, Сириак ме запроси во Токио. Во текот на тој период, еднаш додека пеев “Исусе Господе” имав визија од своето венчавање со Сириак. Исто така, имав и интензивна желба да го запознам Н.С. Др. Атавле, и сакав да се венчам во Негово присуство. И Сириак и јас размислувавме за тоа да имаме Ведска свадбена церемонија, бидејќи осеќавме дека во тој обред има огромна духовна придобивка. Па така ја прашавме г-ѓа Шерон Кларк Секвеира, трагателка која во тоа време ни беше духовен водач, и која беше во контакт со Н.С. Др. Атавле, дали би можеле да се венчаваме со Ведска церемонија. Одговорот кој го добивме направи нашиот живот да сјае во ново светло. Н.С. Др. Атавле не покани во Индија и дури рече трагачите во Индија ќе се погрижат за организацијата околу нашата венчавка. Во Индија пристигнавме на 24-ти Декември 1999-та година, со мојата мајка и г-дин Махеш Мехта, трагател кој ни се придружи при патувањето во возот до Гоа, каде треба да се одржи нашето венчавање. Кога за прв пат го запознав Н.С. Др. Атавле, се почувствував многу пријатно. Таа вечер после советите кои ги добивме од Н.С. Др. Атавле, кога Му се поклонив на нозете, осетив состојба на Блаженство. Нашето Ведско венчавање беше закажано за следниот ден.

Vivah_1

 Н.С. Јоја Вале и Н.С. Сириак Вале денот на нивната ведска венчавка, 25-ти декември 1999-та година во Гоа, Индија

“Во август 2000-та година, Сириак и јас имавме граѓански брак во Ница (Франција), на кои присуствуваа нашите семејства. После венчавањето сфативме како времето кое го поминавме со Н.С. Др. Атавле, беше од непроценливо значење за нас, и како тоа позитивно влијаеше врз нас на повеќе нивоа. Како резултат на тоа, и двајцата осетиле како сега духовно брзо се развиваат и дека развиваат подлабоко чувство кон духовниот живот, и во тоа напредување станаа “пар за пример” во духовна смисла.

6. Духовен раст преку Сатсева

Во еден поранешен напис пишавме за талентот на цртање кој Н.С. Јоја Вале го покажа порано во нејзиниот живот и почетните чекори како медиум да ја црта духовната димензија. Во ова поглавие ја прикажуваме транзицијата на Н.С. Јоја Вале од уметник до медиум, и на крај до суптилен уметник кој ја црта духовната димензија заради спознавање на Бога.

6.1 Уметнички цртежи

Додека била млада, Н.С. Јоја Вале, создавала цртежи на различни теми, од ангели до семејниот живот и љубов. Таа воглавном цртала од уметничка гледна точка. Скецирала готово се што и донесувало радост. Во продолжение е прикажан цртеж кој таа го нацртала на 8-ми ноември 1998-ма година, наречен “Мајка и Ќерка”.

artistic_1a

На 13-ти мај 1998 година во Токио, на друг цртеж (прикажан во продолжение) го нацртала нејзиното искуство на чувство на Божествена присутност со нејзиниот иден сопруг (денес Н.С. Сириак Вале). Таа му дала име “Во твоето присуство можам да го доживеам Бога”.

artistic_2

Меѓутоа, овие цртежи воглавном беа ограничени на уметноста во световна смисла. Тие не и помогнаа многу на Н.С. Јоја во нејзиниот духовен раст.

6.2 Цртежи како медиум

Негде во тоа време, без Н.С. Јоја да биде свесна за тоа, суптилни ентитети започнале да ја користат нејзината уметничка вештина да проектираат свои уметнички форми. Н.С. Јоја станала медиум за тие суптилни ентитети. Во тоа време, Н.С. Јоја не можеше да препознае дека цртежите што ги црта, всушност емитуваа негативни вибрации. Суптилните ентитети од пониските нивоа и негативни енергии често ги користат луѓето кои имаат одредена способност на шесто сетило да ја перципираат духовната димензија, да ги задоволат своите сопствени желби и цели. Во продолжение претставивме пример за два такви цртежи кои таа ги нацртала како медиум. Следниот цртеж кој е направен на 12-ти септември 1998-ма година, се вика “Искуство на духовна енергија и Блаженство”.

medium_1a-protective

Следниот цртеж наводно требаше да прикаже позитивни духовни вибрации, но емитуваше високо духовно попречување.

medium_2a-protective

Речиси сите нејзини цртежи емитуваа вознемирувачки вибрации. Можете да видите како се осеќате додека гледате во двата претходни цртежи. Од време на време во текот на тој период, таа добиваше интензивни мисли, а имаше и визии. Црташе и негативни и позитивни слики. Меѓутоа, се сеќава дека после цртањето се чувствувала исцрпено и без енергија. Неможеше да сфати која е причината за тоа. Дури откако го запозна Н.С. Др. Атавле, таа почна да сфаќа што всушност се случува. Тој и објасни како и цртањето како медиум може да биде штетно, бидејќи при цртањето врз нас можат да влијаат негативни енергии и тоа може да ја исцеди нашата духовна енергија. Понекогаш можеме да добиеме лажно (илузорно) чувство дека цртежот е позитивен, но тоа е илузија која ја ствараат негативните енергии. Кога тие цртежи ќе се согледаат преку шесто сетило, се гледа дека тие емитуваат негативност. Таквите цртежи може да изгледаат привлечно, па дури и да бидат познати како тренд, но во реалноста негативните енергии ги користат овие цртежи да со вознемирувачките духовни вибрации влијаат на посматрачите на уметнички слики кои наизглед не делуваат како да се негативни. Затоа, Н.С. Др. Атавле и рече на Н.С. Јоја да престане да црта за повеќе од една година и да му се спротивстави на поривот да црта со цел да се извлече од канџите на суптилните ентитети кои ја користат како медиум. И покрај тоа што понекогаш беше тешко да му одолее на поривот Н.С. Јоја го послуша Н.С. Др. Атавле и наместо да црта започна искрена духовна пракса да го пее Божјото Име.

Забелешка на уредникот: Оваа способност да послуша и следи духовен авторитет и да ги остави своите желби на страна на самиот почеток од нејзиното духовно патување, е сведоштво на внатрешни трагачки квалитети кој ги имаше Н.С. Јоја.

6.3 Изработка на цртежи со користење на суптилна способност за духовен растеж

По период од една година, Н.С. Др. Атавле и рече дека може да почне да црта. Разликата беше во тоа што овој пат нејзината способност како суптилен уметник беше поткрепена со редовна духовна пракса и водство од Н.С. Др. Атавле кој е Параптар Гуру. Така, од 2000-та година, Н.С. Јоја доживеа трансформација во своите цртежи кои нејзиното шесто сетило и способноста да го гледа суптилниот свет ја водеа прогресивно кон повисоки нивоа. Точноста на нејзините цртежи засновани на суптилното знаење во претставување на духовната димензија и целата нејзината суптилност, постојано растеше како што таа настојуваше и беше истрајна во нејзината духовна пракса под водство на Н.С. Др. Атавле. Во SSRF центарот за истражување засновано на духовната наука, Н.С. Др. Атавле ги проверува цртежите засновани на знаењето за суптилната димензија што ги нацртале уметниците кои можат да ја видат суптилната димензија. Тие се оценуваат во проценти, кои зависат од тоа колку точно суптилната визија на уметникот претставува она што всушност се случува во духовната димензија. Факторите кои се земаат во предвид се способноста да се видат суптилните духовни вибрации, способноста да се видат илузорните вибрации без тие да влијаат на уметникот, способноста точно да се претстават боите, итн. Во SSRF цртежите засновани на духовно знаење треба да имаат минимална точност од 40%, да би се земале во предвид за објавување. Просечните уметници кои ја гледаат суптилната димензија имаат точност од 5% до 9%. Всушност создавањето цртежи засновани на нејзиното шесто сетило ја однесе Н.С. Јоја напред во духовноста преку Духовниот Пат на Знаење (Нијанјога). Таа го проучува Божјото знаење кое го добива додека црта, и го бележи на секој цртеж. Точноста со која може таа да ја согледа духовната димензија по пат на нејзиното шесто сетило постепено се зголеми од 20% до 80%, а во неколку прилики достигна дури и до 90%. Во SSRF суптилните уметници кои ја гледаат суптилната димензија цртаат теми како дел од својата духовна пракса под водство на Н.С. Др. Атавле, а не поради нивната лична наклонетост. Трансформација во цртежите засновани на духовната димензија на Н.С. Јоја Вале од 20% до 90% точност прикажуваме во следната презентација од примери на цртежи засновани на духовната димензија нацртани од Н.С. Јоја кои се движат од 40% до 90% точност. Во секој следен суптилен цртеж опфативме нов аспект на детали или комплетност кои Н.С. Јоја можела да ги согледа, а се поврзани со духовната димензија.


Добивање визии за иднината: Н.С. Јоја понекогаш беше во состојба да го согледа она што ќе се случи во иднината. Овој цртеж заснован на визијата која таа ја доби за Н.С. Др. Атавале и Центарот за истражување засновано на духовната наука пред многу години кога таа беше во Франција. Во тоа време, Центарот за истражување засновано на духовната наука и ашрам во Гоа, уште не беа изградени. Балконот прикажан на цртежот изгледа идентично како Балконот од собата на Н.С. Др. Атавле. каков што е денес со дрвја наоколу и познатиот храм во близина.

Од крајот на 1999-та година, Н.С. Др. Атавле ме водеше низ уметноста на цртањето. Тој ми објасни како можам да го користам својот цртачки талент за мисијата ширење на духовноста, за да луѓето би можеле да доживеат Божествено чувство кога ги гледаат цртежите. Тој исто така, ми кажа дека духовната енергија во еден трагач треба да ги уништи импресиите во умот и тој да стане празен. Кога сите импресии во умот ќе бидат уништени, тогаш Божјата енергија се манифестира од внатре. Само тогаш можеме да добиеме Божјо знаење, енергија, талент и сите други Негови таленти. Денес, кога цртам цртежи засновани на знаењето за духовната димензија, тоа е процес на концентрација. Само кога ќе се концентрирам цртежот достигнува перфекција, вели Н.С. Јоја. Од многу читатели преку лог-ин системот добивме бројни коментари за тоа како цртежите на Н.С. Јоја влијаеле позитивно врз нив да започнат духовна пракса. Покрај тоа, секогаш кога ќе ги презентиравме овие цртежи на SSRF предавања и сатсанзи, тие имаа големо влијание врз присутните, како според старата поговорка кој вели “една слика вреди илјада зборови”. Н.С. Јоја Вале со своите цртежи засновани на знаењето за духовната димензија, инспирираше многу трагачи.

Vision_in-future_1

7. Попречувања од негативни енергии

Разговорајќи за духовното патување на Н.С. Јоја без да се споменат духовните попречувања кои таа ги има доживеано, би било како да сме ја кажале само половина од приказната. Од самото нејзино раѓање Н.С. Јоја беше опседната од негативна енергија на повисоко ниво уште позната како мантрик (моќна негативна енергија). Сепак овие духовни попречувања беа дијагностицирани откако таа започна духовна пракса.

Забелешка на уредникот: Генерално, луѓето не се свесни дека се опседнати од некој ентитет. Само откако тие ќе започнат да обавуваат духовна пракса, негативната енергија почнува да се манифестира. Ова се случува затоа што ентитет кој го опседнал тоа лице, неможе повеќе да ја толерира духовната чистота која трагачот ја добива преку редовното обавување духовна пракса.

Со години Н.С. Јоја го трпеше влијанието од негативната енергија, и тоа многу лошо влијаеше на нејзиниот секојдневен живот. На пример, одеднаш би почнала да осеќа вртоглавица, ќе се свиткаше на подот и ќе паднеше во несвест поради ентитетот кој што ја беше опседнал, а не поради било каква физичка причина. Поради тој ентитет понекогаш беше преплавена со негативни мисли. Ентиетот штетно влијаеше и на нејзиниот семеен живот и на нејзината духовна пракса. Кога како дел од својата духовна пракса ќе црташе како негативни енергии влијаат на трагачите, всушност по пат на својот суптилен вид можеше да ги види нивните застрашувачки форми. Дури и тогаш кога таа ќе ги црташе нивните застрашувачки форми, беше под влијание на негативните енергии кои се обидуваа да ја опструираат да прави цртежи на кои ќе биде прикажана нивната форма. Во текот на целиот тој период Н.С. Јоја се обидуваше да задржи позитивен став, и таа вели: “Имав многу духовни попречувања”. Не ми беше лесно, но осеќав дека треба да прифатам се што се случува, бидејќи во било која ситуација Бог да ме ставаше е добра за да развие нешто во мене. Највеќе поради нејзината внатрешна желба, добрина и разбирање кои таа ги добиваше од својот сопруг Н.С. Сириак, и благословот на Н.С. Др. Атавле, таа можеше да истрае и да ги надмине попречувањата. Денес, Н.С. Јоја повеќе нема попречувања од негативни енергии.

8. Духовна пракса во секојдневниот живот

Додека беа во Франција, и покрај препреките од негативните енергии, Н.С. Јоја и Н.С. Сириак вложуваа труд во нивната духовна пракса, кои што Н.С. Др. Атавле ги пофали кога и двајцата достигнаа духовно ниво од 62%. Н.С. Јоја се сеќава како во една прилика се откажала од гледањето телевизија и дала да го однесат нивниот телевизор,  кога таа сфатила дека гледањето-ТВ, ги зголемува Раѓа-Тама вибрациите во животната средина, и како денешното ТВ-програмирање е духовно штетно за неа. “Порано многу гледав ТВ”, се присети таа, “но подоцна сфатив дека после гледањето телевизија имав духовни попречувања, и дека мојот ум  е измамен во размислувањето дека тоа е забавно. После гледањето телевизија ја губев свеста за времето. Незнев што требаше следно да направам. Сфатив дека кога ќе направам нешто во служба на Бога (сатсева), осеќам многу повеќе радост”. Со раѓањето на нивната ќерка, нивниот живот влезе во нова фаза. Растењето дете со оштетен слух и сериозни духовни попречувања не беше лесно за Н.С. Јоја. Се плашеше дека нема да ја слушне Анастасија како плаче и дека заради тоа нема да може да се погрижи за неа. Меѓутоа, со зголемување на нејзината вера во Бога, придружена со автосугестии, успеа да ја надмине својата емотивна природа и стравови поврзани со Анастасија. Се трудеше на Анастасија да и ја всади потребата да пее, а исто така и раскажуваше и приказни за Светци.

 Photo_0131

Н.С. Јоја Вале, нивната ќерка Анастасија Вале и Н.С. Сириак Вале во Франција, 2006 година 

Н.С. Др. Атавле за нивниот живот во Франција напиша: “Се трудеа својот дом да го направат како ашрам. Се уредно држеа со духовна емоција и на секој аспект од животот гледаа од гледна точка на духовна пракса. Заради тоа што ја одржаа оваа духовна емоција, нивниот дом навистина стана ашрам. Секоја активност ја обавуваа со молитви и духовна емоција на благодарност и потполно предавање. Дури и за нивните лични ствари имаа духовна емоција дека му припаѓаат на Бога. Исто така, водеа грижа секој ден да ги применат сите неопходни мерки за духовно исцелување. Со цел да ја одржат духовната чистота на нивниот дом, поставија ленти на кои е испишано Божјото Име, насекаде низ целиот дом. Ги ставаа и помеѓу нивната облека. Што и да им беше кажано како дел од нивната духовна пракса, даваа од себе 100% тоа да го применат во пракса. Таквата будност не е видена ниту кај трагачите кои престојуваат во ашрамот. Се трудеа да живеат дисциплинирано. Иако живееа сами, сите акции ги вршеа со мислата за тоа како различни аспекти во домот можат да бидат уредени, доколку би дошол некој во посета. На пример, сите ствари ќе ги означеа и категоризираа за да и странец би можел лесно да разбере како да најде нешто што би можело да му треба. Тоа укажува на нивниот став и желба да им ги олеснат работите на другите, или да мислат за другите. Овој став е длабоко всаден во нивниот потсвесен ум. Тие секоја сева ја обавуваат со духовната емоција дека сите севи им се дадени од Самот Бог. Како резултат на овие напори, облеката што ја носат, работите кои тие ги користат, емитуваат Божествен мирис, и тоа многу изобилно. Тие, исто така, импресијата за значењето на Духовноста ја всадија и во нивната ќерка Анастасија, па така и таа почнува да ја разбира суптилната димензија. Ако сите трагачи вложат сличен труд и тие духовно брзо ќе напредуваат.-                                                                                                                                                                                                                                                       – Н.С. Др. Ѓајант Атавле

 9. Одрекување од световниот живот заради животот во ашарам

Одлуката на Н.С. Јоја и Н.С. Сириак во 2011 година, да го жртвуваат својот начин на живот и потполно да се преселат во ашрамот во Индија, каде се наоѓа Центарот за истражување засновано на духовната наука, не беше лесна. Со целта да го спознаат Бога, длабоко врежена во нивниот ум, од комфорен живот и материјална благосостојба, осеќаа дека водењето едноставен живот во ашрамот, би ја унапредило нивната духовна пракса. Во текот на подготовките за преселување се ослободија од поголем дел од нивниот имот, и се што им остана го пренесоа од Франција во Србија во една кола. Неколку месеци подоцна, заедно со нивната шестгодишна ќерка Анастасија, го спакуваа целиот свој живот во три куфери и се упатија кон Индија.

Waranasi_1

Н.С. Јоја Вале во Варанаси, Индија во 2011 година

Покрај материјалното жртвување на кое тие подлежеа, Н.С. Јоја се сеќава на емотивните потешкотии да ја прифати промената. “Кога слушнав дека добивме виза за Индија, почнав да се плашам од она што ќе се случи. Имав негативни мисли. После неколку часа, почнав од внатре да осеќам мир и прифатив се што и да би се случило со нас, и со денови осеќав поврзаност со Бога и Н.С. Др. Атавле. Потоа мораше да се иселиме од станот во кој живеевме и сите наши ствари и мебел да ги преселиме во домот кај родителите на Сириак, сами без ничија помош. Одредено време бев среќна и смирена, но после неколку дена повторно се појавиа негативни мисли. Бев бомбардирана со реакции и емоции, и реков дека не сакам да одам во Индија. Додека се пакував почнав да осеќам слабост и имав многу мисли дека не сакам да одам во ашрамот. Стравот кој го имав од она што ќе се случи, подоцна се зголеми. Почнаа да ми доаѓаат мисли за тоа што ќе се случи во иднина кога ќе се вратиме дома, бидејќи нема да имаме дом, доволно пари или работа, што ќе им се случи на трагачите кои се овде и нашата фамилија. Станав емотивна и неколку дена осеќав попречувања. Требаше да обавувам сатсева, но не можев поради големата вознемиреност во умот и губење на врската со Бога. Бев свесна дека сето ова се случува поради попречувања од негативни енергии, но беше тешко да се носам со сето тоа на  ниво на умот, па дури и да го разберам тоа. Затоа од трагачите побарав помош да ја надминам вознемиреноста во мојот ум. Сепак, кога конечно стигнав во ашрамот, осеќав како немирите никогаш да не се случиле, и умот ми стана многу стабилен”.

Забелешка на уредникот: Одделувањето од врзаностите кон  световниот живот доаѓа со одредена доза на страв за иднината. Во случајот на трагачите со духовни попречувања, негативните енергии ја користат таквата ситуација така што повеќекратно ги зголемуваат емоциите. Меѓутоа, ако трагачот има искрена желба за духовен раст, тогаш Бог секогаш доаѓа да му помогне на трагачот да премине преку ситуацијата така да не би се опструирала неговата духовна пракса.

Во реалноста, оваа првична турбуленција беше како камен темелник за период на духовно воздигнување. После само малку повеќе од година дена по нивното пристигнување во ашрамот, нивното духовно ниво се зголеми на 66%. Во ашрамот и Центарот за истражување засновано на духовната наука, многу од нивните духовни добродетели беа забележани од другите.

  • Г-ѓа Бавина Кападиа, една блиска пријателка на Н.С. Јоја, ги раскажа нејзините набљудувања кога таа дојде во ашрамот. “Таа секогаш мисли за другите. Ако го напуштеше нејзиното биро за да отиде некаде на друго место во ашрамот, таа ќе оставеше белешка кога заминала, кога ќе се врати и каде има отидено, итн. Мислеше дека бидејќи таа неможе да слуша, другите не треба да го губат своето време тражејќи ја. Овој мал гест многу му се допадна на Н.С. Др. Атавле, бидејќи го покажуваше нејзиното трагање во размислувањето за другите. Тој рече: “Во ашрамот има 300 трагачи, дали некој помислил да напише нешто слично?”. Малите дела кои Јоја ги праваше им помогнаа на трагачите подлабоко да ги сфатат принципите на духовна пракса. Таа не ги обавува работите само со ставот на духовна пракса, туку исто така ги инспирира и другите да го сторат истото. Тоа е причината зошто таа духовно напредуваше.”
  • Друг трагач забележа: “И покрај тоа што таа не разбира Марати (индиски јазик кој најчесто се говори во ашрамот), ако види дека трагачите се смеат, и таа се смее со нив со љубов и се соединува со нивното Блаженство”.

Н.С. Јоја природно ги усвои различните аспекти на духовниот начин на живот. Нејзината љубов кон другите се зголеми многу, и тоа го осеќаа сите околу неа.

  • Трагателка која исто така живее во ашрамот, г-ѓа Швета Кларк, го забележа следново за Н.С. Јоја: “Таа е во состојба да мисли за многу аспекти на трагачот во исто време и да даде корисни решенија. Нејзините предлози не се на психолошко ниво, туку повеќе на духовно ниво, што на трагачите им помага да напредуваат во нивната духовна пракса. Кога Јоја говори, таа дава решенија кои ја отстрануваат точно онаа блокада која му смета на трагачот. Тоа разрешува длабоко затворени прашања за кои дури и трагачите можеби не биле свесни”.
  • Сопругот на г-ѓа Швета, г-дин Шон Кларк се согласува: “Н.С. Јоја оди далеку, како би им помогнала на трагачите. Таа има способност да им го даде на трагачите она што им треба пред тие да сфатат дека им е потребно. Таа секогаш гледа дали на некој трагач му е потребна помош, односно мерка за духовно исцелување”.
  • Г-ѓа Силвиа Вискара забележала: “Сега ми стана малку појасно како во различни ситуации се покажуваат нејзината експанзивност и љубов. Таа размислува и за најмалите детали на кој друг трагач воопшто не би ни помислил. На пример, кога некој со инвалидитет би се качувал по скали, таа веднаш би му пришла да му понуди помош. Без ниту малку врзаност ја понуди целата своја облека на други трагачи за видео снимање. Ако некој дури и само да се закашла, таа веднаш му додава чаша вода. Таа се насмевнува од срце. Кога сум во близина на Н.С. Јоја се осеќам Блажено”.
  • Многу други квалитети во Н.С. Јоја беа забележани од страна на трагачите, како Кристи Леунг од Канада: “Н.С. Јоја е многу природна и покрај неа се осеќате пријатно. Таа ништо не крие и отворено и слободно дели се што има на ум. Секогаш кога ќе има било каков сомнеж на ум, таа веднаш прашува за разјаснување или разговара со другите трагачи да би добила исправна перспектива. Еден од најсилните нејзини квалитети е љубовта. Таа во секоја ситуација постојано мисли на другиот и има искрена желба другото лице да се осеќа што е можно по пријатно. Н.С. Јоја е многу будна и забележува се околу неа. Иако не слуша, осеќам дека е уште повеќе будна и внимателна од сите другите трагачи. Таа не се губи во своите мисли и постојано е во сегашниот момент”.

Кога Н.С. Јоја говори, човек неможе да не се насмее, а додека ја слуша од неа се осеќа детска невиност. Кога други трагачи напредуваат или ќе бидат пофалени поради своите напори, таа толку многу се радува за нив што тоа потполно ја преплавува. Се што Н.С. Јоја ќе научи од други трагачи, таа веднаш се обидува тоа го примени во пракса. Таа, исто така, има многу добар став постојано да ги прашува другите трагачи дали таа прави нешто правилно или не, отворена е и радосно прифаќа се што имаат да и кажат. Таа, исто така, има голема љубопитност и поставува прашања за секоја нова работа што ќе научи. Н.С. Јоја отворено ги прифаќа своите недостатоци во духовна пракса и ги дели со другите, и свесно се труди да ги надмине своите дефекти и его. Без оглед на нејзиното високо духовно ниво и многу квалитети, Н.С. Јоја е скромна и постојано сите заслуги за своите акции ги предава на Н.С. Др. Атавле и Бога”.

10. Достигнување Светост

Sainthood_11

 Н.С. Лола Везилиќ и честита на Н.С. Јоја Вале кога Таа достигна Светост на 13-ти јануари 2013 година

Прогласувањето на Нејзината Светост беше пропратено со прекрасно духовно искуство во Центарот за истражување засновано на духовната наука во Индија. Н.С. Др. Мукул Гадгил го документираше овој настан: “На 12-ти Јануари 2013-та година во 09:30 часот, додека г-ѓа Јоја Вале присуствуваше на сесија духовно исцелување кај Н.С. Ашлата Сакдев, таа на своите дланки и прсти пронајде 50-60 сребрени Божествени честички. И на подлактниците, исто така, имаше 10-12 такви честички. Кога им ги покажуваше овие честички на трагачите кои присуствуваа на SSRF работилница, и тие исто така, пронајдоа слични Божествени честички на своите раце. Поради влијанието на трагачките квалитети, духовната емоција и Божествената свесност кои се присутни кај Н.С. Јоја, беше погодена атмосферата во работилницата, и на другите трагачи, исто така, се манифестираа Божествени честички. Овие се посебни особини на Н.С. Јоја. Ова е и пример за тоа како квалитетите и доблестите на еден трагач, имаат позитивно влијание врз животната средина.

Sainthood_11

Н.С. Лола Везилиќ и става венец од цвеќе на Н.С. Јоја Вале кога Таа достигна Светост

Најдоброто го сочувавме за крај, а тое се зборовите на Н.С. Др. Атавле на денот кога Н.С. Јоја достигна Светост: “Јоја има оштетен слух и затоа зборува на специфичен начин. Таа, исто така, има и сериозни попречувања од негативните енергии. Двадесет и три години од нејзниот живот беа потрошени под влијание на западната култура. Се занимаваше со манекенство, професија која е раѓа-тама доминантна. И покрај сите овие аспекти, нејзиниот напредок е неверојатен. Јоја пред сите други постави идеал за тоа како некој може да ги надмине сите препреки и да напредува ако има желба. Изненадувачки е тоа како после сфаќањето на важноста на духовната пракса и држење пред себе само една цел – Богоспознание, таа и нејзиниот сопруг брзо ги жртвуваа своите тела, ум и богатство. Затоа само на возраст од триесет и две години, Јоја напредуваше до толку високо духовно ниво.

Sainthood_21

Н.С. Јоја Вале на денот кога доситгна Светост, 13 јануари 2103-та година, духовно ниво 71%

“Нејзините квалитети како што се љубопитност и љубов се исклучително значајни. Таа, исто така, има уникатна способност да се анализира самата себе и на духовно ниво. Неможам да ја споредам нејзината способност да ја разбере духовната димензија. Денес на нејзините раце и дланки беа пронајдени Божествени честички. Преку ова, Бог ни покажа дека нејзиниот напредок се случува без проблеми, и исто така, ја благослови. Сигурен сум дека Јоја брзо ќе напредува и дека ќе им помага на сите трагачи да продолжат понатаму во нивната духовна пракса”.

– Н.С. Др. Атавле (12-ти јануари 2013 година)

Како што рече Н.С. Др. Атавле, еден од квалитетите на Н.С. Јоја е дека таа е во состојба објективно да се анализира самата себе преку знаењето за духовната димензија. Н.С. Др. Атавле ја замоли Н.С. Јоја да нацрта цртеж на себе, заснован на знаењето за духовна димензија. Иако е многу тешко објективно да се анализира самата себе, Н.С. Јоја, беше во можност тоа да го направи и во продолжение го претставивме тој цртеж.

11. Заклучоци

  • И покрај различните борби, како што беа во самиот почеток да го надмине оштетениот слух, и подоцна попречувањата од негативни енергии, сепак нејзината природна чистота, трагање и Богољубие, беа тие кои ја однесоа до големи духовни височини.
  • За трагачите кои на нивното духовното патување се соочуваат со препреки, можат да најдат охрабрување кога ќе се присетат на Н.С. Јоја. Како таа ги надмина препреките со говорот, оштетениот слух, тешката демонска опседнатост и истраја во духовната пракса да достигне Светост.
  • Бог знае за секоја наша ситуација и потешкотии со кои се соочуваме. Кога и покрај нашите обиди и неуспеси, ќе покажаме желба правејќи еден чекор кон Него практикувајќи Духовност, Тој ни помага со тоа што прави десет чекори кон нас.

Ви посакуваме се најдобро во вашето духовно патување. Ако имате било какви прашања, ве молиме контактирајте не преку менито за прашања и одговори во логин системот.