1-MKD_watching-tv-LP

1. Вовед во ефекти од телевизија

Телевизијата и филмовите се начин, на кој поголем дел од луѓето бегаат од нивните секојдневни проблеми, бараат задоволство и се поврзуваат со светот во потрага по нови информации и искуства.

Со оглед на универзалната привлечност на телевизијата и филмовите, решивме да ги истражуваме нивните ефекти на духовно ниво, како на гледачот, и нивната непосредна околина. Меѓу прашањата што ги баравме одговорите беа?

  • Каков е ефектот на телевизијата и филмовите на гледачите и нивната непосредна околина.

  • Дали видот на програмата влијае врз ефектот кој го доживуваме.

2. Ефекти на телевизијата

Иако во голема мера ние се потпираме на телевизијата за вести, информации и релаксација, истражувањата исто така ги документираа и негативните ефекти од телевизија. Подолу поставивме листа на некои од почестите критики со кои се соочува денешната телевизија во општеството (Реф: Сајбер Колеџ.)

  • Теливизијата придонесува за зголемување на телесната тежина

  • Телевизијата охрабрува бегање од личните одговорности

  • Телевизијата поставува лажна слика за реалноста и ја искривува реалноста преку пропусти

  • Телевизијата учествува и во економската експлоатација. Таа ги користи рекламите да генерира потреби кај потрошувачите

  • Телевизијата ги поткопува моралните стандарди преку описи и алузии за секс, итн.

  • Насилни сцени на телевизија поттикнуваат насилство во секојдневното однесување (Реф. Њу Сајентист)

Многу луѓе денес доживуваат дека тие не можат да се движат подалеку од телевизорот, или поминуваат ирационални количини на време размислувајќи за тоа, дискутирајќи или во гледање на играни серии. Значи што точно ги држи луѓето заробени и ги мами кон телевизијата, и покрај целиот негов ефект? За да одговориме на ова прашање, SSRF презеде духовно истражување засновано на духовната наука, кое ни открива што се случува во духовната димензија додека гледате телевизија.

3. Духовен ефект на телевизија

Г-ѓа Пријанка Лотликар трагач со напредно шесто сетило студираше што се случува во духовната димензија додека човек гледа забавна програма на телевизија. Таа тоа ни го претстави во форма на цртеж заснован на суптилното знаење, а наодите беа потврдени од Неговата Светост Др. Атавле.

2-MKD-TV-negative

Подолу следува резиме со заклучоци:

  • Кога се емитува некоја забавна програма, се активира прстен од вознемирувачка енергија околу телевизорот, оваа вознемирувачка енергија се емитува низ просториите во форма на прстени од звук.

  • Мрежа на мисли со вознемирувачка енергија се создава во умот на гледачот и обвивка од негативна енергија се создава околу него. Вознемирувачките вибрации се емитуваат во атмосферата дури и преку мислите на лицето кое ја гледа телевизиската програма.

  • Прстен на илузорна енергија (Мајави-Шакти) се генерира околу телевизорот. Ова создава активиран прстен на илузорна енергија кај гледачот.

  • Илузорни (Мајави) вибрации се емитуваат преку телевизиските програми. Бидејќи повеќето телевизиски програми не ја претставуваат реалноста, како резултат на тоа, илузорните вибрации се емитуваат во просториите и во атмосферата во голем обем. Покрај тоа, гледачот се повеќе и повеќе потонува во фиктивниот свет, кој воопшто не постои.

  • Лицето кое ги гледа телевизиските програми станува екстровертно, бидејќи неговиот ум и интелект се погодени и тоа почнува да се однесува соодветно на тоа.

Наодите од духовните истражувања објаснуваат зошто гледачите се маѓепсани од телевизијата. Тие исто така нудат основа за објаснување на лошите ефекти на телевизијата забележани од страна на модерната наука.

4. Ефекти од телевизиски содржини и програмите

Наодите не доведоа да се прашуваме, дали тие се ограничени на забавни програми, и дали тие би биле променливи во сите програмски жанрови и емисии. Ние откривме дека гледањето содржини во кои доминира сатва-компонента е корисно за нас, додека гледањето содржини во кои преовладува тама компонента влијае штетно врз нас. Негативните вибрации се емитувааат зависно од видот на телевизиската програма.

4.1 Фактори кои влијаат на духовната чистота од телевизиска програма

Нашите трагачи со развиено шесто сетило го анализираа влијанието врз нас на духовно ниво од разни телевизиски жанрови.

Духовен ефекти од ТВ жанрот
Програми во кои преовладува сатва компонента Програми со теми за духовноста и други програми во кои говорат Светци на повисоко духовно ниво
Програми во кои преовладува Раѓа-Сатва компонента Патување
Програми за природата
Програми во кои преовладува Раѓа-Тама компонента Спортски програми
Вести
Комедии
Сапунски опери
Цртани филмови
Драма
Романтика
Акција
Програми во кои преовладува Раѓа-Тама компонента Реално шоу
Хорор филмови
Програми во кои екстремно е застапена Тама компонента Порно филмови

Ние понатаму откривме дека програмите кои прикажуваат содржини со насилство, борби, убивање, голотија или било што од сексуална природа, тоа ќе ја зголеми Тама компонентата во самата програма и кај гледачот. Сленг, вулгарности и Тама доминантна форма на јазикот, исто така има негативно влијание врз гледачите.

Совет: Вие исто така можете да извршите еден суптилен експеримент и да истражите што чувствувате додека гледате различни телевизиски жанрови. Ве охрабруваме слободно да ги забележите вашите искуства и да ги испратита до нас преку линкот Поставете прашање?

4.2 Саттвик програми

Г-ѓа Пријанка Лотликар понатаму студираше што се случува на духовно ниво кога некој програми во кој преовладува Саттва компонента. Во овој случај, програмата беше видео во кој говори Светец, Неговата Светост Бактарѓ Махараѓ, Светец од највисок ред.

3-MKD-TV-positive

Следи резиме со заклучоци:

  • Додека гледаме ЦД кое содржи предавање на Светец, активиран прстен со духовна емоција (Бав) се создава во гледачот.
  • Кога Светец зборува, прстени на Блаженство (Ананда), Божествена свесност (Чаитанија), и Божествена енергија (Шакти) се создаваат. Тие се шират кон гледачот.
  • Негативната енергија се отстранува од просторот
  • Зборовите на Светците се од Апослутната Вистина и како резултат на тоа, гледачот се повеќе и повеќе потонува во духовноста и е во состојба да доживее Блаженство и Божествена енергија од внатре.
  • Лицето кое ги гледа овие телевизиски програми станува интровертно поради влијанието од говорот на Светецот на својот ум и интелект и тоа почнува да се однесува соодветно.

Од оваа анализа може да се види дека гледањето програми во кои преовладува Сатва компонентата како што е предавање за духовноста од страна на Светец има духовно благотворно влијание врз нас. За жал фреквенциите на таквите програми на телевизија е занемарлива.

5. Духовни ефекти на филмовите

Горенаведените приципи важат и за гледањто филмови, како и со неколку истакнати додатоци.

  1. Само дружбата со луѓе кои се склони кон духовноста преку сатсанг ја зголемува нашата позитивност, да се биде во високо Раѓасик или Тамасик средина како што е кино, може да ја зголеми негативноста во нас.

  2. Да се биде во темна соба додека се гледа филм понатаму го отежнува овој ефект. Силните звуци и суровите светла го зголемуваат овој ефект.

  3. Што се однесува до жанрот, исто така се однесува и за телевизијата, но со оглед на кино искуството како што е опишано погоре, Тама и Раѓа компонентите во Тамасик или Раѓасик содржина ќе биде уште поизразена.

6. Заклучок

Уживаме во одењето на кино или гледање на телевизија како средство да се релаксираме или да избегаме од нашите секојдневни активности. Сепак само духовната пракса може да ни обезбеди вистинска помош и да ни даде релаксација и Блажество кои ги бараме преку други средства. Гледањето предавање од страна на Светец, присуството на сатсанг, пеење на божјото имемолитва, Служење на вистината (Сатсева), и други аспекти на духовната пракса ќе ви помогне да го подигнете духовното ниво.

Понекогаш гледањето ТВ и филмови е начин на дружење и трошење време со пријателите и семејството, оставајќи ни малку избор. Па што можеме да направиме доколку немаме избор во она што го гледаме, кога го гледаме и дали го гледаме? Дури и најмалите напори на пеење и молитва пред, за време, и по овие активности ќе помогне подолго време да не заштити. На пример, молејќи: “О Господи те молам заштитиме од било какви негативни лоши ефекти од гледањето на филмот/ТВ шоуто, нека се случува пеење за време на гледањето. Те молам направи заштитна обвивка околу мене со моќта на Твоето име”.

Можеме да се обидеме постепено да го намалиме бројот на часови кој ги трошиме во гледање телевизија и филмови. Ние исто така може да избегнеме програми во кои преовладува Тама компонента.

Како што ја зголемуваме нашата духовна пракса, Сатва компонентата во нас ќе се зголеми. На тој начин, изборот за наша забава природно станува повеќе Сатвик, како и нашата способност да ги спознаеме и цениме активностите кои ни носат духовни придобивки ќе се подобрат, и за возврат стануваме духовно посилни.