Истражување на случајот – Излекување на чирови во устата со пеење на името на Божеството Дата

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

MKD_VMaratheДуховна пракса според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) обавувам од 1998-ма година. Во 2001-ва година, зачестено почнаа да ми се појавуваат чирови во устата. Се појавуваа отприлика на секои две недели на различни места во мојата усна празнина. Се консултирав со разни лекари. Третманите кои ги добивав воглавном вклучуваа додавање на Б-комплекс и Дологел (локална анестезија која се применува за чирови). Исто така, се консултирав и со хомеопат, но ниту тоа не беше од корист. Проблемите со чировите продолжија наредните пет години.

Еден ден, својот проблем го спомнав на една трагателка од одделението во SSRF за восприемање на духовната димензија. Таа ми рече дека тој проблем го имам поради влијание од суптилните тела на преминатите предци.  Во тоа време, пеев само по три бројаници (т.е. 3 x 108 пати) Името на Божеството Дата. Таа ми предложи да зголемам на девет бројаници дневно. Речиси веднаш можев да осетам придобивка од зголеменото пеење. Интензитетот на чировите и зачестеноста со која тие се појавуваа, исто така, се намалија. После скоро два месеци, тие повеќе не се појавуваа.

Сега, кога ќе погледнам назад, една работа која требаше да ми биде знак дека проблемот е од духовна природа, беше фактот дека воглавном чировите се појавуваа во денови на полна и млада месечина.

Коментар на уредникот:

Одделението во SSRF за восприемање на духовната димензија, го сочинуваат трагачи коишто можат да ја набљудуваат суптилната димензија и цртаат слики од суптилниот свет (суптилни цртежи засновани на духовното знаење), како и да предлагаат духовни мерки за исцелување од негативните енергии. Некои од овие трагачи добиваат Божествено знаење, а некои се занимаваат и со Божествена уметност. Истражувањата во SSRF воглавном се спроведуваат во ова одделение.

Иако г-дин Марате пеел три бројаници името на Божеството Дата дневно, откако тој започнал духовна пракса со SSRF, тоа не било доволно за решавање на проблемот со чировите. Дури откако почнал доволно да пее, адекватно спрема неговиот случај, чировите потполно исчезнале.