Добив Гурумантра од својот Гуру, треба ли и понатаму да го пеам Божјото Име според својата религија?

1. Дефиниција на Гурумантра

Гурумантра е Божјо Име, мантра, или извесен број на зборови кои ги дал Гуруто на својот ученик да пее со цел за неговиот духовен раст заради постигнување Богоспознание. Во поголем број на случаи Гурумантрата содржи одредено Божјо Име посебно погодно за духовниот раст на ученикот.

Богоспознание е возвишено духовно искуство кое човекот може да го има те., доживување на непрекинато единство со Врховниот Божји Принцип или непрекинато Блаженство.
Ученикот е лице на околу 55% духовно ниво. Тоа значи дека тоа е лице кое жртвува повеќе од 55% од своето тело, умот и богатството за Духовноста и има јака желба за духовен напредок. Прочитајте го написот шест основни принципи на духовната пракса.

2. Духовна сила на Гурумантрата

Ефикасноста на Гурумантрата зависи од духовното ниво на лицето кое ја дава мантрата.

Духовна сила на Гурумантрата

Духовно ниво на лицето кое ја дава Гурумантрата во % Количина на Божествена Свесност (Чаитанија) / енергија која е во дадената Гурумантра во %
50% 2%
60% 10%
70% 80%
80% 90%
90% 100%
100% 100%

Како што може да се види од горната табела, само кога лицето кое ја дава Гурумантрата е над 70% духовно ниво те. Гуру или Светец, тогаш (Гурумантрата) има вистинска духовна сила. Многу често луѓето поради незнаење следат духовно водство од луѓе кои не се Светци. Ова нужно не е лоша работа. По правило, лицето може да разбере водство и да го примени во пракса само од лице кое е на духовно ниво од околу 20% поголемо од него самото. На пример, лице на 50% духовно ниво најдобро ќе одговара духовно да води лица кои се на 30% духовно ниво. Доколку лицето е искрено во врска со својата духовна пракса и има голема желба за духовен раст, Гуру принцип којшто е не-манифестиран или Божји Принцип на учење создава прилики во животот на трагачот (во поглед на духовно водство) да овозможи негов духовен раст.

3. Добив Гурумантра од својот Гуру, треба ли и понатаму да го пеам Божјото Име според својата религија?

Одговорот ќе зависи од околностите во кои Гурумантрата е добиена

1. Лицето кое ја дава мантрата е над 70% на духовно ниво, а ученикот е на 55% на духовно ниво.

  • Во овој случај најдобро е лицето да ја пее Гурумантрата. Духовната сила на Гурумантрата лежи во одлуката (санкалпу) на Гуруту кој ја дава мантрата.

2. Лицето кое ја дава мантрата е над 70% на духовно ниво, а лицето на кое му е дадена мантрата е помеѓу 30 и 40% на духовно ниво.

  • Во овој случај е најдобро да го пее Името во кое лицето има највеќе вера без оглед на тоа дали е Гурумантра или Божјото Име според религијата на раѓање.
  • Предноста на пеење на Гурумантрата дури и ако е дадена од лице кое е на 50% духовно ниво е таа дека се учи на послушност на некој друг. Тоа му помага на лицето да оди од вршење на работи според својата лична желба (Свеќа) до вршење според желбите на другите (Пареќа). Кога се прават работи според желбите на другите, се поттикнува намалување на егото. Доколку лицето пее Гурумантра со потполна вера и постои јака желба за духовен раст тогаш не-манифестираниот Гуру принцип или Божјиот принцип на учење го доведува вистинскиот Гуру на Земјата во животот на тоа лице.

Ве молиме, прочитајте го написот Свеќа, Пареќа и Ишвареќа.

4. Некои важни работи врзани за Гурумантрата

  • Понекогаш Светците на лицето му даваат пеаница за да ги преброди проблемите во животот чија причина е во духовната димензија. Тоа се прави за да се отстранат пречките на поклоникот во духовната пракса. Понекогаш луѓето погрешно помислат дека таа пеаница е Гурумантра. Треба да се запамти дека Гурумантрата се дава само за духовен напредок кон Богоспознанието.
  • Некои луѓе од Гуруто упорно тражат Гурумантра. Во некои случаи Гуруто може да даде Гурумантра на упорниот поклоник. Тие поклоници треба да бидат свесни дека додека нивната желба и пожртвуваност за Богоспознанието не биде сразмерна на лице од 55% на духовно ниво, таа Гурумантра ќе биде само ’таканаречена’ Гурумантра. Добивање на Гурумантра со плаќање (со пари) е исто така само ’таканаречена’ Гурумантра.
  • Дури и кога од Гуруто е добиена Гурумантра за духовен раст, пеењето треба да се надополни со служење на Вистината, жртвување и со љубов кон другите без очекување.