Свесност за време на парализа во сонот со отворени очи

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и на свое убедување.

Забелешка: За повеќе детали во врска со тоа зошто оваа појава се случува, ве молиме погледнете го написот Парализа за време на спиењето (во сонот) – Истражување засновано на духовната наука.

MKD-Sean-dadaПарализа во сонот искусив само еднаш во мојот живот, и тоа пред околу 10 години. Сеуште добро се сеќавам на тоа искуство, бидејќи беше едно од најморничавите искуства кои некогаш сум ги имал во мојот живот. Тогаш имав 25 години. Се сеќавам дека се пробудив во текот на ноќта и сфатив дека неможам да се движам. Прво помислив дека тоа е лош сон, но потоа сепак сфатив дека не е бидејќи очите ми беа отворени, а неможев да го помрднам моето тело без обзир на тоа колку и да се обидував. Се уплашив бидејќи незнаев што се случува. Гледав во таванот и низ собата сигурно триесет минути. Неможев да довикувам за помош. Конечно, се одлучив да се обидам повторно да заспијам.

Утрото откако се разбудив, мојата прва мисла беше дали ќе можам да го помрднам моето тело. За среќа, можев да го помрднам. Дури и денес, целото искуство е се уште така живо во моето сеќавање. Откако се приклучив во SSRF, почнав подобро да ги разбирам причините за овие феномени и духовните мерки кои можам да ги применам за да ги надминам, доколку повторно се појават.