Што можеме да направиме за да го намалиме ризикот од опсденување на духовите?

Следниве се неколку работи што можеме да ги преземеме за да го намалиме ризикот од пседнување на духовите:

На духовно ниво:

  • Редовно практикување духовна пракса: Кога редовно практикуваме духовна пракса според шесте основни принципи, нашето духовно ниво се зголемува. Како општо правило, лицето е заштитено од напади на духовите кои се на духовно ниво 10% пониско од лицето кое го вознемируваат.  Единствениот сигурен начин да се добие одржлива и прогресивно поголема заштита од негативните елементи (енергии) во духовната димензија, е континуираното и прогресивно зголемување на духовната пракса, а тоа ќе резултира во зголемување на духовното ниво.
  • Примена на мерки за духовно исцелување: Редовна употреба на мерките за духовно исцелување опишани во нашиот напис за духовно исцелување, како превентивна алатка, исто така, не штити од опседнување на духовите.

На психолошко ниво:

  • Намалување на недостатоците на карактерот: Личните недостатоци (дефекти) како што се гневот и лакомоста се како отворени рани на нашето ментално тело. Духовите најчесто ги користат овие недостатоци на карактерот како влезни точки за да добијат контрола врз нас. За тоа како да ги надминеме овие недостатоци на карактерот можете да прочитате во написот ‘Отстранување на недостатоците на карактерот’. Една од предностите со која се здобиваме кога го подобруваме нашето духовно ниво е фактот дека со самото зголемување на духовното ниво автоматски се намалуваат овие недостатоци на карактерот. Кога активно работиме на намалување на нашите дефекти, ја намалуваме можноста духовите да стекнат контрола над нас.

На физичко и психолошко ниво:

  • Сатвик активности: Со тоа што живееме повеќе сатвик, го намалуваме ризикот да бидеме опседнати од духовите. Бидејќи духовите се претежно Раѓа-Тама, тие не ја сакаат сатвик околината, па затоа е и помалку веројатно да опседнат лице кое води сатвик начин на живот.