1

1. Вовед

Редовно миење на нашите тела е од суштинско значење за одржување на хигиена и чистота. Миењето се практикува на различни начини ширум светот. Во денешните времиња поради нашите зафатени и бурни животни стилови, многу од нас избираат да се тушираат како брза и удобна опција. Некои од нас ги затвораме туш вратите како тивко засолниште, додека други влегуваат и излегуваат надвор брзо, додека се подготвуваат за работа. Туширање под туш од вода исто така има развиено репутација на релаксирачка и генерално, терапевтска активност.

Во нашето духовно истражување, го проучувавме чинот на туширањето, на духовно ниво.

2. Воведни информации

За да го разберете овој напис, препорачуваме да ги прочитате следниве написи:

Нечистотијата е Раѓа-Тама доминанта по природа, па на духовно ниво слично привлекува негативни вибрации. Бидејќи нашите тела акумулираат нечистотија, во и околу нас се насобираат овие вибрации. Истиот принцип важи и за мислите кои се негативни по природа, кои што тешко можат да се избегнат во нашиот секојдневен живот. Како резултат на тоа, многу од нас собираат негативни вибрации како што поминуваме преку нашите секојдневни активности.

Водењето на сатвик начин на живот во голема мера може да ни помогне да ја намалиме обвивката од црна енергија. Во нашата серија написи за сатвик начин на живот разговараме за некои до аспектите на секојдневниот живот, како што се: како да се спие, што да пиеме, како да се поздравуваме, итн. Објаснивме како да ги практикуваме овие акции на начин кој ни помага да впиваме позитивна енергија.

Во оваа серија на написи, ги презентираме наодите од нашето духовно истражување во однос на начинот како се капеме.

Во нашиот напис дадовме детали за духовниот ефект од капење во када.

3. Духовна перспектива за туширањето во стоечка положба

За многумина од нас туширањето изгледа како заштеда на време, ефикасен и пријатен метод на капење. Меѓутоа, преку духовно истражување заклучивме дека таквиот начин има и позитивни и негативни ефекти на духовно ниво.

За да го разберете духовниот ефект на туширање, побаравме помош од Г-ѓа Јоја Вале, трагач од SSRF, која има високо развиено шесто сетило на визија. Таа го студираше чинот на туширање во стоечка положба и ги презентираше нејзините наоди на што се случува во духовната димензија во форма на цртеж заснован на суптилното знаење подолу. Точноста на цртежот заснован на суптилното знаење го провери Неговата Светост Др. Атавале.

2

Следниве се главните забелешки за туширањето, добиени преку високо развиено шесто сетило..

  • Божествена енергија (Шакти) се активира и емитува кон лицето кое се тушира. Обвивка од Божествена енергија се создава околу него.

  • Во исто време, бранови од вознемирувачка енергија се привлечени од околината во пределот на врвот од тушот и се пренесуваат кон лицето. Потоа честички од вознемирувачка енергија се апсорбираат од него.

  • Прстен од црна енергија се создава околу лицето во срцевата чакра (Анахата-чакра) и челната чакра (Ајна-чакра). Илузорна (Мајави) енергија исто така, се создава и емитува околу срцевата чакра. Ова се должи поради мислите на задоволство и уживање кои се зголемуваат за време на туширањето.

Следниве се некои дополнителни забелешки за туширањето во стоечка положба, од духовна гледна точка.

  • За време на стоењето, енергијата која се произведува е повеќе активна или раѓастик по природа. Исто така, постои поголема свест за телото, и сетилата за задоволство се повеќе активни. Ова може да создаде пречки во поврзаноста со душата (атма) внатре во нас.

  • Туширањето во стоечка положба ги зголемува мислите во континуиран проток – мисли поврзани со световниот живот, работата, врските, децата и семејството итн. Овие мисли, бидејќи се Раѓа-Тама по природа, можат да го нарушат умот и да го намалат сатвикот во лицето.

  • Со капењето во стоечка положба, сите позитивни вибрации впиени во текот, се губат преку стапалата.

4. Како да се избегнат духовно лошите ефекти на туширањето

  • Еден начин да добиете повеќе придобивки од вашето туширање е да се помолите пред тоа (да упатите молитва кон Бога). Со молитвата пред туширање, нашата активна енергија се намалува, се чувствуваме повеќе смирени и имаме помалку мисли. Молтивата која ја кажуваме пред туширање може да биде слична на оваа: “О Боже, те молам нека сета негативна енергија од моето тело, ум и интелект исчезне (биде уништена) додека се туширам. Нека Апсолутниот Принцип Вода (Апататва) ме исчисти целосно и исполни со сатвик за целиот ден”.

  • Исто така, можеме да правиме свесни напори да го пееме Божјото Име за време на туширањето.

5. Заклучок

Иако, туширањето е подобар начин на капење, отколку користењето на када, на духовно ниво, капењето во седечка положба со прекрстени нозе е најдобра положба. Во друг напис од оваа серија написи ги објаснуваме духовните ефекти од капењето во седечка положба.

Додека капењето е една активност, наменета да не очисти и прочисти, може многу лесно да ја наруши нашата внатрешна чистота. Со менувањето на начинот на кој се капеме ќе ни помогне да впиеме позитивност од атмосферата која е важна за нашето дневно духовно одржување. Сепак, најдобар начин да се впие позитивност и да се одржи во текот на денот е преку редовна духовна пракса.