1

1. Вовед

Капењето е универзална практика на сите култури. Луѓето низ целиот свет редовно ги мијат своите тела за лична хигиена, за терапевтски или религиозни причини, и исто така,  и за рекреација. Бидејќи луѓето од  многу различни места и култури се капат, природно е дека разлчини начини на капење се усвоени насекаде по целиот свет. Користењето на када, е еден заеднички начин на капење во многу делови од светот. Преку духовно истражување го испитавме духовниот ефект на капење во када.

2. Воведни информации

За да го разберете овој напис, препорачуваме да ги прочитате следниве написи:

3. Духовна перспектива на капењето во када

Практиката на капење во када може да изгледа како безопасен начин за одржување на чистота и исто така, во исто време за релаксирање. Меѓутоа, преку духовното истражување, откривме дека капењето во када всушност привлекува негативна енергија и негативно влијае на лицето кое се капе. За да се разбере овој аспект, побаравме помош од Г-ѓа Пријанака Лотликар, трагач од SSRF кој има високо развиено шесто сетило на визија. Таа го студираше чинот на капење во када со духовно просечен човек и ги презентираше нејзините наоди на што се случува во духовната димензија во форма на цртеж заснован на суптилното знаење подолу. Точноста на цртежот заснован на суптилното знаење го провери Неговата Светост Др. Атавале.

2

Во продолжение се дадени причините за негативноста согледана во духовната димензија за време на чинот на капење во када:

  • Кога некој се капе во када, честичките од нечистотијата од нивните тела се налепуваат (собираат) во кадата. Нечистотијата е Раѓа-Тама доминантна, и затоа привлекува негативна енергија. Апсолутниот Принцип Вода (Апататва) е многу ефикасен во складирање и позтивни и негативни вибрации. Оттука, црна енергија се акумулира во водата, додека лицето се капе. Бидејќи оваа вода останува во директен контакт со лицето за подолг временски период, вознемирувачки вибрации се пренесуваат до телото на лицето преку Апсолутниот Принцип Вода.
  • Кога едно лице ќе заземе полулегната позиција, Тама компонентата се активира во него во поголема мера. Ова значи дека кога некој ќе заземе полулегната позиција да се капе во када го зголемува духовно негативниот ефект
  • Најчесто за време на капењето се користат течности за капење кои што содржат хемикалии кои, исто така, ја зголемуваат негативноста.

Негативните ефекети врз лицето кое се капе во када:

  • И двете, и илузорната (Мајави) енергија и црната енергија, биваат привлечени кон лицето кое се капе во кадата. Илузорната енергија е создадена од страна на негативните енергии и ги прави нештата да изгледаат лажно пријатни. Значи, иако лицето може да се чувствува добро додека се капе во кадата, чинот е духовно штетен. Овој ефект влијае на лицето, и исто така, ја загадува околината.
  • Редовното капење во када може да ја зголеми обвивката од црна енергија околу луѓето, и да ги направи повеќе подложни за опседнување од духови.
  • Капењето во када исто така, може да предизвика и физички и ментални нарушувања со текот на времето. На ментално ниво, лицето може да доживее нестабилни мисли и зголемена раздразливост.

4. Што можеме да направиме во вркса со духовно лошите ефекти од капењето во када?

Идеално, треба да се избегне капењето во када секогаш кога е можно. Наместо тоа можеме да се тушираме додека стоиме, или уште подобро можеме да се капеме во туш-када додека седиме во позиција со прекстени нозе. Исто така, можеме да ги информираме (споделиме) другите за духовно лошите ефекти на капење во када? Ако сме во ситуација каде немаме ни една друга опција освен да се капеме во када, можеме да го направиме следново:

  • Да додаме неколку лажици морска сол или неколку капки гомутра во водата за капење.
  • Исто така, можеме после капење да се полиеме со неколку чаши солена вода или гомутра. Ова ќе помогне да се намалат негативните ефекти до одреден степен.
  • Да го пееме Божјото Име редовно додека се капеме. Пеењето на Божјото Име на редовна основа создава заштитна обвивка околу нас и не прави помалку склони на напади од негативните енергии.
  • Упатиме молитва кон Бога (да се помолиме на Бога), за заштита од духовно лошите ефекти од капењето во када. Молитвата може да биде слична оваа “Господи те молам заштити ме од влијанието на негативните енергии за време на ова капење, и Те молам не дозволувај мојата духовна пракса да биде засегната”.

5. Заклучок

Додека капењето во када, нашироко се смета како пријатно и релаксирачки, на духовно ниво ги зголемува вознемирувачките вибрации кои влијаат на човекот и физички и ментално. Ако немате друга опција освен да се капете во када, строго препорачуваме да се применат мерки за заштита и за духовно очистување од негатините енергии акумулирани за врме на капењето во када.   Сродни написи