Водич за сатвик живеење – вовед

Водич за сатвик живеење - вовед

Драги читатели,

Во ова поглавје истражуваме различни аспекти на сатвик живеењето. За да го разберете ова поглавје неопходно е да се запознаете со написот за трите основни суптилни компоненти.

Значењето на сатвик стилот на живеење е многу голем. Исто како што врз нас секојдневно делуваат физичките елементи како што се ветрот, климатските услови, загадувањето, итн., духовните фреквенции кои се емитуваат во околината и нашите активности исто така влијаат врз нас. Иако повеќето луѓе не можат да ги почувствуваат суптилните фреквенции оти немаат развиено шесто сетило, тие суптилно влијаат врз нас цело време и тоа на физичко, психолошко и духовно ниво.

Табелата што следува дополнително ќе го расветли концептот. Таа ги покажува разните активности и средината која е погодна или непогодна за тие активности.

Активност     Погодна Непогодна
Учење Тивка средина Бучна средина
Вежбање Чиста средина Загадена средина
Водење на успешна работа Добра економска средина Отсуство на законот и редот
Духовна пракса Сатвик средина Раѓастик и тамасик средина
Целосно и балансирано живеење Сатвик средина Раѓастик или тамасик средина

Во реалноста, сите средини кои се погодни за вршење добри активности мораат да имаат барем некој сатвик елемент. На пример, бучната средина ќе има повеќе раѓа и тама основни суптилни компоненти. Што е повеќе сатвик таа средина ќе биде попогодна за вкупната добра состојба и одржлив развој. Во согласност со тоа, сите средини кои не се погодни за добри активности имаат раѓа и тама елементи.

Преку разни написи во ова поглавје ќе ви демонстрираме како некоја активност може да го зголеми, или намали сатвикот во нашите животи и така го зголеми или намали вкупниот квалитет на нашиот живот. Поглавјето за духовната пракса на нашиот веб-сајт ги советува заинтересираните како да се зголеми сатвикот во нас по пат на прочистување на нашиот ум и интелект, а ова поглавје советува како да се зголеми сатвикот во нашата средина.

Раѓастикот и тамасикот животните стилови, неизбежно се исполнети со несреќа, очекување и низок квалитет на егзистенција.

Важно е да се сфати дека не се работи само во една активност која го гради или нарушува сатвикот, туку дека тоа го прави секоја активност.

Во некои случаи ви овозможивме суптилни експерименти со кои можете да го тестирате своето шесто сетило паралелно со разгледувањето на теоретскиот дел.

Со топли поздрави и најдобри желби за вашето духовно патување,

Тимот на Фондацијата за истражување на духовната наука (SSRF)