1-MKD_Nandini-Landing

Во 2008 година, SSRF (Фондација за истражување засновано на духовната наука) покрена долгорочен колаборативен духовно истражувачки проект. Овој истражувачки проект се разликува од вообичаените методи на духовно истражување т.е. истражување засновано на духовната наука кое го спроведува SSRF. При спроведувањето на овој проект се користени различни биофидбек технологии, како и друга опрема за мерење на различни варијабили во низа контролирани експерименти. Потоа резултатите беа поткрепени со објаснувања добиени по пат на развиено шесто сетило.  После низа на детални експерименти и анализи, наодите од истражувањата беа спремни за објавување. Зборувавме со Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ, која е и главен истражувач на проектот, со цел подобро да не запознае со позадината на истражувањата спроведени од страна на истражувачкиот тим.

Прашање: Што е духовно истражување?

Др. Нандини Самант: Со терминот ‘духовна димензија’ го дефинираме сето она што не можеме да го разбереме по пат на петте сетила, умот и интелектот или е надвор од доменот на истите. Зборот ‘истражување’ се дефинира како внимателно и систематско истражување, односно истражување на одредена тема како би се откриле или надополниле фактите, теориите, апликациите, итн.

Едноставно речено, духовно истражување значи систематско истражување на димензијата која се наоѓа надвор од доменот на петте сетила, умот и интелектот. Тие истражувања се спроведуваат со помош на развиено шесто сетило. На пример, ако, како поклон сме добиле хемиско пенкало какво што не сме виделе досега, тогаш преку петте сетила, умот и интелектот ќе можеме да ја видиме неговата боја, производителот, ефикасноста на пишувањето т.е. дали пишува добро, итн. Меѓутоа, со помош на развиено шесто сетило, може да се види и кога е произведено, на кого му припаѓа, кој ќе го поседува во иднина, кога ќе биде отфрлено, итн.

Прашање: Зошто за овој проект на духовно истражување се користи современа опрема за мерење?

Др. Нандини Самант: Според духовната наука,  цитатите од Светите Писма и од Светците имаат тежина и авторитет во себе. Причината за ова е тоа што душите на оние кои ги пишувале Светите текстови го спознале Бога. Светите текстови се дела на такви Богоспознаници. Затоа, не е потребно да се вршат дополнителни проверки, односно да се проверува нивната автентичност. Дури и денес, луѓето ширум светот чувствуваат вистина во она што го говори духовната наука. За жал, тие се малцинство и се е помало разбирањето на духовната наука во општеството , како и практикувањето духовна пракса според шесте основни принципи.  Поради овој недостаток на духовна пракса, шестото сетило на поголемиот дел од светската популација е слабо развиено и затоа не можат да ја разберат суптилната димензија. Можат да го сфатат само она истражување кое е спроведено во доменот на нивните пет сетила, умот и интелектот. Ова е конвенционалното истражување кое светот го знае т.е. му е познато.

Од овие причини, користејќи современа опрема, спроведовме одредени експерименти врз различни аспекти на нашиот секојдневен живот, како што се нашата храна и пијалаци, облеката,  музиката која што ја слушаме, па потоа и врз аспектите на духовна пракса како што се пеењето, молитвата, медитативната состојбата, Светци, итн. Нашата желба е да му помогнеме на современиот човек да ја сфати и од прва рака да ја искуси вистината во принципите на Духовноста.

Ова е нашиот обид да му помогнеме на просечниот човек да го премости јазот помеѓу неговиот познат свет на конвенционално истражување и непознатиот свет на истражување засновано на духовната наука, преминувајќи од познато во непознато.

Прашање: Зошто се нарекува духовно истражување и покрај употребата на опрема?

Др. Нандини Самант: Причината за ова е затоа што опсервациите кои ги добивме со користење на опрема, ги надополнивме со опсервации од нашиот тим од одделението за знаења добиени од суптилната димензија. После спроведените отчитувања и анализи на податоците до кои дојдовме па пат на опремата, наодите ги доставивме до трагачите од одделението за знаења добиени од суптилната димензија. Ги замоливме да ни објаснат што всушност се случува во духовната димензија кога се земаат одредени отчитувања, како и да ни кажат кои се причините за таквите отчитувања. Во некои случаи бевме изненадени, и научивме како слични отчитувања беа забележани за потполно различни причини.

На пример, во случајот на споредбените анализи, користејќи електро соматографска техника да го тестираме ефектот од консумирање не вегетаријанска и вегетаријанска храна врз Кундалини чакрите на трагачите со и без попречувања од негативни енергии, откривме дека 80% од испитаниците без попречувања од негативни енергии и 100% од испитаниците со попречувања, покажаа подобрување во активноста на нивните чакри, по консумирањето не вегетаријанска храна. Меѓутоа, причините за подобрената активност на Кундалини чакрите кај испитаниците со и без попречувања од негативни енергии беа потполно различни. Деталите се објаснети во написот за овој експеримент.

Прашање: Дали наидовте на некои ограничувања на опремата која се користи при овие истражувања засновани на духовната наука?

Др. Нандини Самант: Во текот на овие истражувања засновани на духовната наука, стана јасно дека со модерната опрема и толкувањата на резултатите добиени со помош на модерна опрема можат да се постигнат само делумни резултати. Ова ќе ви стане јасно откако ќе ги прочитате написите, поединечно за секој експеримент.

За подобро разбирање ве молиме прочитајте го написот: Коментар на ограничената опрема која се користи во модерните истражувања.