Забелешка за читателите: Ве молиме да го прочитате написот – Сатва, Раѓа и Тама, три основни суптилни компоненти на Универзумот, за во потполност да го разберете овој напис.
Содржина
- 1. Вовед во духовната перспектива на вегетаријанската храна, во однос на не-вегетаријанската
- 2. Духовна чистота на храната
- 2.1 Цртеж заснован на знаењето на суптилната димензија на месото
- 2.2 Цртеж заснован на знаењето на суптилната димензија на бананата
- 2.3 Ефект од третманот на животните во фармерските индустрии за месото
- 2.4 Не чувствуваат ли и растенијата болка при убивањето?
- 2.5 Начин на приготвување на месото
- 2.6 Колку долго трае ефектот од порастот на тама компонентата?
- 2.7 Зарем човечките песјаци не се за јадење месо?
- 2.8 Духовна перспектива за консумирањето на лукот и кромидот
- 2.9 Духовна перспектива за млекото, сурутката и сирењето
- 3. Ефекти од исхраната на човекот
- 4. За и против не-вегетаријанската храна
1. Вовед во духовната перспектива на вегетаријанската храна, во однос на не-вегетаријанската
Постои широка дебата околу тоа што е подобро да се биде вегетаријанец, или не-вегетаријанец. Луѓето со двете уверувања прилично се потрудиле за да ги докажат придобивките од вегетаријанството, односно не-вегетаријанството. Меѓутоа, ширум светот постои тренд дека се повеќе и повеќе луѓето преоѓаат на вегетаријанство. Во овој текст случајот го истражуваме од духовна перспектива.
2. Духовна чистота на храната
Во нашиот напис за трите основни суптилни компоненти на Универзумот – Сатва, Раѓа и Тама, објаснивме како на суптилно ниво се, во Универзумот се состои од овие три основни суптилни компоненти.
Три компоненти | Карактеристики | Значење | Пример |
---|---|---|---|
Сатва | Чистота и знаење | Сатвик | Сатвик човек – живее служејќи и на заедницата не очекувајќи признание или награда и нема никакви скриени мотиви |
Раѓа | Активност и страст | Раѓасик | Раѓасик човек – живее повеќе за сопствена корист и цели |
Тама | Незнаење и инерција | Тамасик | Тамасик човек – не се двоуми да ги прегази другите или да и наштети на заедницата поради сопствениот напредок |
Храната не е исклучок и на суптилно ниво, таа исто така е составена од Сатва, Раѓа и Тама основните суптилни компоненти. Односот на овие три компоненти варира зависно од видот на храната. Сатва е чистота и знаење, додека тама означува незнаење и инерција. Се што има зголемена сатва компонента му помага на нашето духовно патување, а се што е претежно тама има тенденција на намалување, или ја спречува нашата духовна пракса.
Со духовно истражување добивме податоци за основните суптилни компоненти во вегетаријанската и не-вегетаријанската храна.
Забелешка: Овие податоци претставуваат просек за секоја категорија на храна. Рибата е вклучена во не-вегетаријанската храна и има воглавно помалку тама компонента од белото и црвеното месо. Храната внатре во иста категорија делумно се разликува една од друга. На пример овчата и пилешката храна во категоријата на не-вегетаријанската храна делумно се разликуваат во смисла на нивните става, раѓа и тама компоненти.
Причината за зголемената тама во месото после смртта на животните е поради продолженото страдање при колењето. Исто така, мислите на животното за лутењето и осветата многу се поизразени, отколку кај растенијата кои имаат помалку развиен ум и интелект. Ова е главната причина за зголемената тама компонента.
Како што се гледа од претходната табела вегетаријанската храна содржи сразмерно повеќе суптилна сатва компонента. Како резултат на преовладувачката тама компонента во месото, чинот на консумирање на не-вегетаријанската храна е тамасик активност.
2.1 Цртеж заснован на знаењето на суптилната димензија на месото
Цртежот што следува прикажува како изгледа наизглед здраво парче месо видено со развиено шесто сетило. Цртежот заснован на знаењето на суптилната димензија го нацрта г-ѓа Јоја Вале (Париз, Франција)
2.2 Цртеж заснован на знаењето на суптилната димензија на бананата
Следниот цртеж прикажува како сатвик овошјето, како што е бананата, изгледа кога се гледа со развиено шесто сетило. Цртежот заснован на знаењето на суптилната димензија го нацрта г-ѓа Јоја Вале (Париз, Франција)
Поради зголемената сатва, бананата се нуди на Бога во некои обредни Богослужби.
2.3 Ефект од третманот на животните во фармерските индустрии за месото
2.3.1 Третман на животните пред колењето
Во индустриските фарми ширум светот животните често се третираат како стока само за експлоатација со цел за профит. Ваквиот однос довел до институционализирано насилство врз животните во земјоделството и месната индустрија како и масовното уништување на околината и трошење на ресурсите и ризикот по здравјето на животните и луѓето. Следува видео снимка од фармата која го прикажува малтретирањето на животните.
Од духовна гледна точка, грев е лошиот третман и колењето на животните. Погледнете го поглавјето 3.3
2.3.2 Дали методата на колење има духовно влијание на месото?
Некои обичаи и светски религии бараат животните да се колат на одреден начин, инаку не е дозволено таа заедница да го јаде месото. Вообичаена пракса во кланиците е онесвестување на животните со електрични шокови, или со пиштоли. Тоа животното го прави несвесно пред неговото тело да биде одвлечено на линиската обработка каде што со нож му се сечат каротидната артерија и вратната вена. Тоа доведува до излевање на крвта и животното умира искрвувајќи.
Меѓутоа, во некои заедници едно од барањето за колење на животните е животното да не смее да се онесвести пред сечењето на артериската вена и да се пушти да искрвави до смртта. Само тогаш е дозволено да се јаде месото. Ова излевање на крвта пред смртта трае до две минути. Друштвата за правата на животните се борат против оваа метода сметајќи дека тоа е сурово и дека животното така преживува тешка болка. Представниците на тие заедници го тврдат спротивното сметајќи дека не постои разлика во нивото на болката. Тие тврдат дека со сечењето на главната артериска вена доаѓа до ненадејно и брзо излевањето на крвта. Брзиот губиток на крвниот притисок мозокот моментално останува без крв и нема време за чувствување на болка. (Ref: BBC.com 2003)
Кога вршевме духовно истражување за овој проблем дознавме дека:
- Кога животното умира тоа чувствува иста болка како и луѓето кои се убиени. Меѓутоа, можно е да постои разлика во разбирањето на болката зависно од развиеноста на умот и интелектот на животното. Животот на животното воглавно е ограничен на храна и секс, додека човекот има повеќе аспекти во животот за кои се врзува и со тоа болката е посилна.
- Кога се коле на начин што го бараат претходно наведените заедници, страдањето на животното е значително поголемо. На скалата од 1 до 100, ако 100 единици претставува болка што ја доживува животното кога е убиено полека со сечење на делови од неговото тело е,
- 30 единици болка што животното ја доживее кога е заклано со нормална метода во кланица.
- 50 единици болка што ја чувствува животното при колењето во согласност со примената на начин на претходно наведените заедници.
- Како резултат на зголемената болка во месото се појавува основната суптилна тама компонента. Причината е и делумно во тоа што животното има зголемени мисли и лутење кон луѓето што го убиваат на начинот што го бараат заедниците.
Парадоксот е во тоа што додека овие заедници ги колат животните на начин кој според нивната вера е дозволен, духовната загаденост на месото расте и тие јадат месо со зголемена тама компонента. Со суптилните толкувања добиени со духовно истражување, што се наведени во следната табела, укажуваат на истото.
Животното го зашеметуваат за после тоа, да му ја пресечат вената | После пресекувањето на вената животното се остава да искрвави и умре пред да стигне на линијата за преработка на месото | |
---|---|---|
Сатва | 8% | 5% |
Раѓа | 17% | 17% |
Тама | 75% | 78% |
Вкупно | 100% | 100% |
Од претходно наведените резултати можеме да видиме зголемување на тама компонентата која го следи намалувањето на става компонентата.
2.4 Не чувствуваат ли и растенијата болка при убивањето?
Да, растенијата исто така чувствуваат болка при убивањето, или кинење на нивните делови. Меѓутоа, разбирањето на болката кај нив е помало, отколку кај животните. Причина за тоа е што умот и интелектот кај растенијата е помалку развиен во однос на животните. Меѓутоа, ако овошјето, или зеленчукот се берат кога се сосема зрели, или се паднати од дрвото, речиси да нема болки кај растението.
2.5 Начин на приготвување на месото
Месото воглавно се пече на 3 начина, те. малку, средно и многу печено. Малку печеното е блиску до суровото месо. Има црвеникава внатрешност и печена надворешност. Другата крајност е многу печеното месо кое од надвор е изгорено а од внатре потполно кафено и јадливо.
За луѓето кои сакаат малку печен стек постои поголема веројатност да бидат искористени односно опседнати од духовите. Малку печеното месо повеќе привлекува демонски вид на негативни енергии. Многу печените стекови во себе имаат помалку тама компонента во однос на стековите кои се средно, или малку печени.
2.6 Колку долго трае ефектот од порастот на тама компонентата?
Кога редовно се консумира претежно тама храна, телото има проблеми со вишокот од тама компонентата. Порастот на тама компонентата во лицето има многу негативни пропратни појави. Тама компонентата може да се распадне единствено ако некој врши духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовноста. Меѓутоа, бидејќи повеќето луѓе не вршат духовна пракса, тама компонентата се акумулира во човечкото тело, умот и интелектот.
Ако лицето со просечно духовно ниво се откаже од месото и стане вегетаријанец ќе му требаат околу 30 години да ги надмине ефектите од зголемената тама компонента поради консумирањето не-вегетаријанска храна.
Дури и ако лицето врши духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовноста, во просек ќе му требаат 5 години да ги надмине лошите ефекти створени од консумирањето на тама храната и тоа ако од не-вегетаријанската храна се откажало веднаш, а духовна пракса врши (според шесте основни принципи) 4-5 часа дневно. Ако постепено се откажува од претежно не-вегетаријанската храна ќе му требаат 10 години да ги надмине лошите ефекти од месната исхрана во која преовладува тама компонентата.
2.7 Зарем човечките песјаци не се за јадење месо?
Функцијата на песјаците кај човекот е за кинење на храната. Заговорниците на не-вегетаријанската исхрана тврдат дека Бог ни ги дал песјаците за месна исхрана. Тоа не е аргумент. Тоа е како да кажеме дека, затоа што имаме нокти, треба да ги гребеме другите како животни. Само затоа што луѓето имаат песјаци не значи дека треба да јадат месо
Од духовна перспектива смислата на човечкото раѓање е разбирање и спознавање на Бога. Клучната разлика помеѓу луѓето и животните е во тоа што само луѓето имаат развиен ум и интелект кои можат да се насочат кон сатвик активностите и понатаму кон разбирање и спознавање на Бога. Во согласност со тоа духовно е препорачливо луѓето да не го копираат она што животните месојади го прават и јадат.
2.8 Духовна перспектива за консумирањето на лукот и кромидот
Некои заедници се воздржуваат од консумирање на лук и кромид. Каква е духовната перспектива во врска со тоа прашање? Лукот и кромидот имаат зголемена пропорција на основната суптилна раѓа компонента. Од таа причина според Ајурведската наука исхраната со лук и кромид се препорачува за подобрување на апетитот кај луѓето. Зголемената раѓа компонента од умереното консумирање на лукот и кромидот многу брзо бидува надмината со зголемена сатва компонента кај лицето кое врши средна (4-5 часа) до интензивна духовна пракса (10-12 часа).
2.9 Духовна перспектива за млекото, сурутката и сирењето
- Конзумирањето на кравјото млеко помага за зголемување на сатва компонентата во тоа лице. Од сите млека, кравјото е нај сатвик.
- Сурутката и маслото се помалку сатвик од млекото.
- Кога од млекото се подготвуваат други производи (посебно со процесот на киселење како и правењето на бело кравјо сирење – панер) сатва компонентата се намалува, а се зголемува суптилната тама компонента.
3. Ефекти од исхраната на човекот
3.1 На телесно ниво
Со консумирањето на не-вегетаријанската храна се зголемува тама компонентата па затоа постои голема веројатност да се развијат разни болести.
3.2 На психолошко ниво
Зголемувањето на тама компонентата од не-вегетаријанската храна доведува до зголемени страстни мисли и други тамасик мисли како што се сексуалните мисли, алчноста, гневот, итн.
3.3 На духовно ниво
Зголемената сатва компонента во вегетаријанската храна ја фаворизира духовната пракса.Пример: Матеа е на духовно ниво од 30%. Тој почнува да врши 4-5 часа духовна пракса дневно според 6-те основни принципи на духовноста. Ако сите фактори се исти и ако се определи за вегетаријанство, духовното ниво од 40% ќе го достигне за 20 години побргу отколку да бил не-вегетаријанец.
Да го разбереме и спознаеме Бога ние мораме да ги надминеме трите основни суптилни компоненти. Затоа преку духовната пракса мораме да ги надмине изборите сакам и не сакам, затоа што таквите избори се составени од трите основни суптилни компоненти. Ова се случува на духовно ниво од преку 90%. Преку тоа ниво, она што го носиме во желудникот во нас не прави разлика во погледот на взаемниот однос на трите компоненти.
- Земајќи претежно тама, не-вегетаријанска храна лицето е склоно кон нападите од духовите. Под истите услови, веројатноста да биде опседнато со духови е 20% поголема кај лицето кое јаде месо, отколку кај вегетаријанците. Причината за тоа е што месото припаѓа во групата на храна што ја сакаат демонските сили. Трагачите кои својата духовна пракса ја вршат за да ја прошират Духовноста во општеството се склони кон заболувања ако консумираат не-вегетаријанска храна. Духовите на вишите нивоа се служат со зголемена тама компонента за на тие лица да им создаваат проблеми.
- Си создаваме ли себе си грев консумирајќи не-вегетаријанска храна? Одговорот е да, правиме грев кога убиваме животни. 50% ог гревот го преземаат касапите/вработените во кланицата, а останатите 50% ќе ги преземе лицето коешто го јаде месото. Вториот дел од овие 50%, ако учествуваат повеќе луѓе во јадењето месо од тоа животно, не се распределува на секој посебно. Туку, секое лице коешто јаде месо од тоа животно, ќе преземе 50% од целокупниот грев од чинот на убивање на тоа животно. При настан каде што касапот ужива во чинот на убивање на животните, тогаш тежината на направениот грев се зголемува врз неговиот грев, односно кога гревот ќе се распределува, тој ќе го преземе поголемиот дел од направениот грев. Во многу случаи, луѓето коишто работат во кланиците, се под влијание или се опседнати од негативните енергии. Овој аспект, заедно со нивните недостатоци на карактерот, резултираат во тоа тие да имаат бездушен став кон животните. Голема е веројатноста, касапите/вработените во кланиците да бидат опседнати од негативни енергии, бидејќи видот на нивната работа којашто тие ја обавуваат, емитува тама те. негативни вибрации и се такви, какви што негативните енергии посакуваат.
- Кога лицето ќе достигне духовно ниво од 60%, помалку е важно дали неговата исхрана е не-вегетаријанска или вегетаријанска. Тоа е затоа што од гледна точка на духовниот раст, важноста на неговата способност за пеење со духовна емоција, далеку го надминува тоа каков вид на исхрана консумира тоа лице. Според духовната наука, кога на релативната скала ги споредиме овие два фактори, за лицето кое е на духовно ниво од 60%:
- Суптилната сатва компонента кај вегетаријанецот се зголемува за 0.0001%.
- Меѓутоа, ако некој пее со духовна емоција, основната суптилна сатва компонента кај тоа лице расте за 5%.
Важно е да се напомене дека, и покрај тоа што едно лице достигнално духовно ниво од 60%, ако тоа продолжи да јаде не-вегетаријанска храна, тоа може негативно да влијае врз неговиот духовен раст, бидејќи неговата духовна пракса се користи за поништување за сторениот грев. Генерално, како што духовното ниво на едно лице се зголемува, во него преовладува се повеќе сатва компонентата. Како резултат на тоа, лицето е се повеќе чувствително и одбивно на не-вегетаријанската храна, во којашто преовладува тама компонентата. Поради ова, луѓето на повисоките духовни нивоа, претежно се вегетаријанци, бидејќи тие чувствуваат непријатност кога јадат не-вегетаријанска храна.
4. За и против не-вегетаријанската храна
- Ако некој не може да се откаже од месото се препорачува барем во некои периоди мора да апстинира од него. Тие периоди се: зората, самракот, за време на помрачувањето на сонцето, или месечината, ноќта, за време на полната и младата месечина како и два дена пред и после наведените месечеви мени. Во секој од горенаведените периоди духовите се активни и можат да ја искористат зголемената раѓа-тама компонента во околината (иако се смета сатвик време, во некои од наведените периоди, ја наведовме зората затоа што во неа е уште присутно влијанието на мракот во кој преовладува тама компонентата).
- Ако некој е сериозен во врска со својата духовна пракса, му се препорачува исклучително вегетаријанска храна.