Анализа на случајот – спонтана појава на гребнатини на кујнски прибор користен од страна на трагачите по Бога

Забелешка: За подобро да ја разберете суштината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се испитуваат, особено во SSRF,  ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

1. Вовед

MKD_Mr-and-Mrs-RajendekarОваа анализа на случајот ја опишува појавата на необични гребнатини на кујнскиот прибор кој го користат г-дин и г-ѓа Раџендекар, како и нивното семејство, кои од 1998-ма година, обавуваат духовна пракса според советите на SSRF. Тие сето свое време го посветија за ширење на духовноста и помагање на другите да ја сфатат важноста на обавувањето духовна пракса.

2. Искуства пред попречувањето

Сите членови на семејството доживеале зголемено духовно попречување пред појавата на гребнатините во 2004-та година.

Следниве се примери на некои од попречувањата кои се случиле во домот на г-дин и г-ѓа Раџендекар:

  • Секој ден тие обавувале арти (обредно Богослужение кое се обавува со запалена маслена ламба и пеење на Богољубиви песни кои привлекуваат одреден Божествен принцип). Додека обавувале арти, заборавале на некои делови од песните или неколку пати повторувале исти делови од песните, иако тие песни на сите нив им се добро познати.
  • За време на чистењето на подот, необјасниво би се појавиле огромна количина на прашина и нечистотија.
  • Почнале да осеќаат силни главоболки додека ги миеле садовите.
  • Често се јавувале реакции и спорови помеѓу членови на семејството без некојa посебна причина.

Коментар на духовно истражувачкиот тим:

Суптилно влијание од страна на негативните енергии, обично е проследено со зголемено попречување. Ова може да се искуси на различни начини:

  • На пример, едно лице би можело да доживее физичко попречување како што е невообичаен замор, болки во разни делови од телото, намалена витална енергија, итн.
  • Попречувањата на ментално ниво можат да се доживеат како необјасниво зголемена раздразливост, негативни и суицидни мисли, депресија, итн.
  • На духовно ниво, поединецот може да доживее пад на желба и ентузијазам за духовна пракса, зголемување на препреките при вршењето духовна пракса, итн.

Истата година подоцна, кога семејството го посети Светецот, Неговата Светост Калидас Дешпанде, и Тој остана изненаден од вознемирувачките вибрации кои можеа да се осетат во нивната куќа.

Коментар на духовно истражувачкиот тим:

Светците се во состојба да ја согледаат духовната димензија со огромна точност.

3. Попречувањето предизвикано од негативните енергии

Потоа еден ден, додека г-ѓа Арти Раџендекар спремаше ручек, забележа дека на сиот кујнски прибор има белези и гребнатини. Беше изненадена и збунета, бидејќи при готвењето и миењето на садовите таа не користела никакви остри предмети кои би можеле да ги оштетат садовите. Таа ги праша и другите членови на семејството, но и тие не беа во можност да објаснат како настанале тие гребнатини.

На презентацијата од слики која следува се прикажани различни гребнатини кои се појавиле на садовите, и кои изгледаат како некој да стругал со остар предмет.

После појавувањето на гребнатините на кујнскиот прибор, г-ѓа Арти Раџендекар беше сериозно изложена на силни влијаниа од негативните енергии. Попречувањата која таа ги доживуваше пред да ги открие гребнатините, повеќекратно се зголемија. Следните три месеци таа се чувствуваше лошо и постојано не и беше добро. Имаше силни стомачни болки и едвај можеше да јаде. Таа, исто така, страдаше и од инфекција на уринарниот тракт.

Во тоа време нејзиниот татко, сега веќе покојниот Раџа Бау Дешпанде, пристигна во нивниот дом. Тој, исто така, почна да осеќа силни попречувања предизвикани од негативните енергии. Тој осети присуство на духови, и штом ќе ги осетеше после тоа почнуваше да плаче. Неговото однесување стана доста чудно и крајно невообичаено. На пример, добиваше напади на бес, поради што ќе ја удираше главата од ѕидот. Стана психички нестабилен и постојано зборуваше за духовите и негативните енергии. Ја напушташе куќата и не се враќаше подолго време. Се разболи и го загуби апетитот.

4. Суптилна анализа и духовни мерки

Г-дин и г-ѓа Раџендекар, ги раскажаа сите овие инциденти на Н.С. Др. Атавле. Тој потврди дека тие се предизвикани од негативни енергии и препорача духовни мерки како што се перење на кујнскиот прибор и сите садови со Света вода (вода помешана со Свет пепел), палење на миризливи стапчиња во кујната, пеење, итн. Тој исто така на г-ѓа Раџендекар и препорача специфични духовни мерки, како што е друшта (обред/постапка за отстранување урок на лице кое што е под влијание на негативните енергии). Ја советуваше г-ѓа Раџендекар кога ќе го изведува обредот друшта да мавта со кокосов орев седум пати околу себе. Исто така ја советуваше дека ова мора да го повторува седум дена по ред. После препорачаните духовни мерки, попречувањата од негативните енергии се намалија.

Коментар на духовно истражувачкиот тим:

За време на изведувањето на обредот друшта се користи кокосов орев и обично со оревот се кружи трипати околу лицето. Меѓутоа, во овој случај, духовните мерки беа препорачани од духовно возвишено лице. За да ја добиеме духовната придобивка од одлуката на Светец (санкалпа) за да се случи духовно исцелување, неопходно е да се придржуваме точно до одредениот совет кои сме го добиле од Него или Нејзе

Црна енергија: Основното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија која всушност е духовна енергија способна да манипулира со било кој процес во регионот на Земјата. Размерите од манипулацијата зависат од моќта на негативните енергии

Поради тежината на влијанието, гребнатините на кујнскиот прибор и денес се видливи. Меѓутоа, интензитетот на црна енергија која се емитува преку кујнскиот прибор е намален.