Надминување на зависностa од пушење цигари со помош на духовна пракса – анализа на случајот

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

Надминување на зависностa од пушење цигари со помош на духовна пракса - анализа на случајот

Почнав да пушам истата година кога почнав и да работам, а тоа беше 1997-ма година. Се сеќавам дека тоа беше постепен процес на станување зависник од пушење цигари. Во почетокот беа само неколку цигари за време на кратките паузи за пушење на работа. Пред да станам свесен, веќе станав зависник. Покрај навиката за пушење, се разви и склоност кон алкохол, па така повремено ќе се опијанев кога бев во друштво на пријатели. Додека пушењето прерасна во права зависност, алкохолизмот не го достигна тој степен да станам зависник од алкохол.

Во текот на следната деценија и пол (поточно од 1980-та до 1997-ма година), се борев со одвикнувањето од навиката безброј пати, но секогаш неуспешно. Во август 1996-та година, стапив во контакт со Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), и почнав да обавувам духовна пракса пеење на Името на моето семејно Божество. Исто така, ја пеев и заштитната духовна пеаница “Шри Гурудев Дата“.

До Декември 1996-та година, ментално почнав да се осеќам непријатно пушејќи цигари јавно, и пушев исклучително само во своја приватност. Во февруари 1997-ма година, во текот на една рутинска проверка на работа, електрокардиогамот забележа неправилност во мојата состојба. Бев советуван да престанам со пушењето цигари, бидејќи во спротивно ќе придонесе за натамошно влошување на тој срцев проблем кој сум го створил со пушењето; сепак мојата навика да пушам продолжи со несмалено темпо.

На дваесети април 1997-ма година, беше организирано јавно предавање за духовната наука на кое требаше да предава Н.С. Др. Атавле, во близина на Мумбаи, Индија. Јас, заедно со некои други луѓе, имав одговорност да го организирам тоа предавање. Исто така, ми беше доверен и Неговиот пречек на трибината. Решив потполно да ја искористам оваа прилика во духовна смисла. Помислив; “Како можам да се соочам со Него, ако не сум во состојба да и ставам крај на зависноста?”. Со ваквото интелектуално убедување, молитви, пеење, присуствување на неделните духовни состаноци (сатсанзи) кои ги организираше Фондацијата за истражување засновано на духовната наука, и некои служења на Бога (сатсева), конечно бев во можност потполно да престанам со пушењето на деветнаесетти март, 1997-ма година.

Претходно, ќе пиев само кога ќе заминев на пикник со пријателите. Но со мојата духовна пракса, се промени и кругот на пријатели и ваквите видови на излети престанаа. Така, оваа навика замина сама од себе. Надминувањето на мојата зависност од пушење цигари, остави таков впечаток кај членовите на моето семејство, што некои од нив започнаа да обавуваат духовна пракса. Помина девет години откако престанав да пушам и ова исклучително го припишувам на обавувањето редовна духовна пракса според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).

– Г-дин Нанду Мулије, Мумбаи, Индија.