На кои предци им е потребна помош?

Следната табела ја прикажува анализата на светската популација според духовното ниво. Се заснова на информациите кои што се добиени од Универзалниот Ум и Интелект 2013. година.

Духовно ниво на светската популација во 2013. година

Духовно
ниво

% на светска
популација

Број на луѓе1

20-29%

63%

4.46 милијарди

30-39%

33%

2.34 милијарди

40-49%

4%

283 милиони

50-59%

Занемарлив

15000

60-69%

Занемарлив

5000

70-79%2

Занемарлив

100

80-89%

Занемарлив

20

90-100%

Занемарлив

10

  1. Според официјалните државни пописи на ден 16. мај 2013, година светската популација изнесува 7.086 милијарди
  2. Духовното ниво на светците е 70% и повисоко

Ве молиме да го прочитате написот: ’Што е духовно ниво?

Како што гледаме, повеќе од 50% од луѓето се на духовно ниво од 20-30%. Лицата кои што се под 30% духовно ниво, поради недостаток на било каква духовна пракса (садна), имаат многу ниско ниво на духовна чистота или духовна моќ. Кога лицето умре, единствено што е важно во животот после смртта е духовното ниво или духовната моќ на суптилното тело. За разлика од животот во регионот на Земјата, физичкото тело и разните световни аспекти како што се парите, угледот, работата, врските и слично, немаат апсолутна никаква важност во духовната димензија, или во духовниот свет.

1-MKD-Heavyness-of-subtle-body

Суптилните тела на луѓето чие што духовно ниво е 20-30% се тешки, како што е прикажано со најнискиот круг во претходниот дијаграм. Тежината првенствено доаѓа од гревовите стекнати на Земјата, од големите световни врзаности и недостаток на духовна пракса, која што е во согласност со шесте основни принципи на духовната пракса.

Духовно ниво на предците на кои што им е потребна помош

20-30%

Максимална помош

30-50%

Умерена помош

50% +

Помош не е потребна

Поради својата духовна тежина, суптилните тела не се во можност да патуваат кон високите, позитивни региони на Универзумот и затоа се потиснати во ниските суптилни региони како што се Чистилиштето и Пеколот, каде што доживуваат големи количини на болка и несреќа во согласност со своите гревови. Во повеќето случаи, кај лицата чие духовно ниво е 20-30%, има повеќе гревови од заслуги и затоа тие воглавном доживуваат болка и незадоволство во тие региони. Напоредно со тоа, трпат големо влијание од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) и се контролирани од нив. На тие предци највеќе им е потребна помош во духовна смисла. Во следните написи можеме да видиме како ние можеме духовно да им помогнеме.

На предците чие што духовно ниво им е помеѓу 30-50%, нашата помош им е помалку потребна. Предците кои што достигнале духовно ниво над 50%, во животот после смртта не име е потребна никаква духовна помош. Ова е една од главните причини зошто достигнувањето на духовно ниво од 50% е клучна духовна цел кон која е потребно да се стремиме.