Духовен ефект од комерцијалниот шампон

1. Вовед

Вообичаено е за луѓето да користат многу различни продукти за миење на косата достапни на пазарот. Причината зошто ние ги купуваме овие прозиводи е затоа што сакаме да ја отстраниме нечистотијата, кожните честички, загадувањата од околината, маслата, итн. кои полека се наталожуваат во нашата коса, за да нашата коса изгледа убаво, уредно и здраво. Меѓутоа, освен тоа што ни помагаат да го очистиме нашиот надворешен изглед, дали продуктите за миење на косата како што се шампоните, влијаат врз нас на духовно ниво. Споредивме еден комерцијален шампон со една Ајурведска пудра под името шикакаи (Acacia concinna). Резултатите од духовното истражување засновано на духовната наука за Ајурведската пудра ќе бидат наскоро објавени.

2. Нашите секојдневни навики од духовна перспектива

Во нашата секција за тоа како да се води сатвик начин на живот, објаснивме како да продуховиме различни аспекти од нашиот секојдневен живот. Основниот принцип на водењето сатвик живот, е да се придружуваме до практиките и активностите кои емитуваат или привлекуваат духовно чисти (сатвик) вибрации.

Нашите секојдневни навики претставуваат важен сегмент во нашиот секојдневен живот. Во посебна серија написи, го образложивме духовниот ефект од различните начини на капење, како и духовните придобивки од користењето на гомутра за време на капењето. При проследувањето на нашите секојдневни активности, сме соочени со мноштвото на можни избори, особено кога станува збор за изборот на козметички производи кои ги користиме. На пример, дали е етички да користиме козметички производи кои се тестирани на животни? Дали состојките кои се користат за произведување на козметичиките производи се безбедни? Денес дури можеме да избереме производ за нега на косата врз основа на тоа дали сакаме сјајна, кадрава, хидрирана, “без-првут” или друг вид на коса.

Преку високо развиено шесто сетило, анализиравме неколку производи за миење на косата, за да утврдиме каков вид на суптилните вибрации се емитуваат од нив. Ова истражување може да ни помогне да избереме производ за миење на косата, од кој ќе имаме најголема духовна придобивка.

3. Духовно истражување на ефектот од комерцијалниот шампон засновано на духовната наука

Нашето истражување за ефектот од комерцијалниот шампон е заснован на духовната наука и на суптилен цртеж, нацртан од страна на г-ѓа Пријанка Лотликар, трагателка со високо развиено шесто сетило. За суптилна точност, цртежот е проверен и потврден од страна на Неговата Светост Др. Атавле. Подолу, на цртежот заснован на суптилното знаење можеме да ги видиме суптилните вибрации кои шампоните ги привлекуваат и емитуваат.

2-MKD-Shampoo-subtle-pic

Духовното истражување засновано на духовна наука, спроведено на комерцијалниот шампон ги откри следниве карактеристики на овој производ:

  • Одредена количина Божествена енергија (Шакти) се материјализира во комерцијалниот шампон. Меѓутоа, е опкружена со густа обвивка од негативна енергија.
  • Комерцијалниот шампон активира црна енергија која има висок процент од Тама компонентата. Која последователно е впиена од косата и скалпот.
  • Со зголемување на количината на црна енергија околу нашата коса и скалпот, стануваме поподложни на влијаниа од негативните енергии. Негативните енергии од повисоките нивоа и редови како што се суптилните мантрици, можат многу лесно таму да постават суптилни дијаграми (јантри) за да влијаат врз нас. Ова може да предизвика различни ефекти како губење на косата, проречување или згустување на косата, сува и кршлива коса, итн. Веќе имаме објавено студија на случај за губење на косата поради (влијание) напад од негативни енергии.
  • Комерцијалниот шампон и слични производи во голема мера привлекуваат илузорни или мајави фреквенции, а тие емитуваат слични вибрации во атмосферата. Многуте мириси кои се емитуваат од комерцијалните призводи се пример за ова. Иако ваквите фреквенции може да ни се чинат пријатни на физичко ниво, на духовно ниво тие емитуваат вознемирувачки, негативни вибрации.

4. Практични импликации на нашето истражување

Подолу се дадени некои практични импликации на нашето истражување за комерцијалните производи за нега на косата.

  • Од духовна гледна точка, најдобро е да се избегнуваат комерцијалните производи за нега на коса или козметичките производи за коса.
  • Друг интересен факт е дека дури и природните хербални или Ајурведски шампони, кога се во течна форма, привлекуваат одредена количина негативни вибрации. Причината за ова се хемикалиите кои се неопходна компонента на секој течен шампон и тие привлекуваат негативност.
  • Еден алтернативен прозивод кој можеме да го користиме наместо козметичките) производи за нега на коса, е пудра направена од шикакаи (билката – Acacia concinna). Слично на тоа, Ајурведксите хербални пасти, како што е онаа која се добива од мешање на Убтан (мешавина од Ајурведски билки) со Ајурведски камфор (бимсени камфор), исто така, може да се користат. Други алтернативни производи кои може да се користат за нега на косата и зголемување на Сатва компонентата во косата и скалпот се Ајурведските масла, кокосово масло, масло од сусам, итн.
  • Комерцијалните препарати за коса, исто така, содржат хемикалии кои можат да ја уништат природната убавина на косата и да ја зголемат обвивката од црна енергија околу нас. Затоа, најдобро е да се избегнува фарбање на косата.
  • Важно е да се знае дека и видот на фризура исто така, привлекува сатвик, раѓасик или тамасик вибрации. Ова дополнително може да ги влоши горе-споменатите ефекти. Оваа тема и понатаму ќе ја разработуваме во понатамошни написи.

5. Заклучок

Убавината подпомогната од вештачки производи не е долготрајна. Со игнорирањето на убавината која сме ја добиле од Бога и со користењето на призводи во кои преовладува Тама компонентата, и со двете губиме на духовно ниво и уште толку повеќе се идентификуваме со нашите пет сетила, умот и интелектот. Ова значи дека повеќе се идентификуваме со нашето тело, наместо со нашата душа која е внатре во нас.

Со избирање на козметички производи кои имаат духовно корисни ефекти, си помагаме на самите себе да впиеме позитивна енергија дури и преку секојдневните световни активности.