MKD-grafitti---landing-picture

1. Вовед

Уметничките форми отсекогаш нас не заинтригрирале, бидејќи се начин за само-изразување и креативност. За некои, тоа е нешто многу фундаментално и дргагоцено наследство. Меѓутоа, уметничките форми еволуираа, се трансформираа и залутаа отстапувајќи место на денешната современа модерна уметност. За жал, под покровителство на модерната хип-хоп култура, уметноста назадуваше и се појавија разни нови практики. Во повеќето случаи е многу тенка границата помеѓу вандализамот како уметничка форма и вистинска уметност. Една таква практика која стана вообичаена се “Графитите”.

grafitti-2Како што графитите се повеќе стануваат дел од модерната популарна култура, можеме да видиме како млади луѓе со спрејови, маркери, бои, итн. противзаконски чкртаат, скицирајќи на, и уништавајќи јавни имоти, згради, купатила, вагони од возови, метроа, мостови, и итн. правејќи чудни дизајни, надреални пејсажи, гротескни фигури, итн. Понекогаш, дизјаните на графитите се толку необични, што на посматрачите оставаат долготрајно морничаво чувство. Анонимни групи дури отидоа толку далеку што своите дизајни ги поставуваат на високи згради или работат неуморно во текот на ноќта да нацртаат графити на различни места.

grafitti-3Неки луѓе со силен глас ја застапуваат идејата дека тоа е безопасно и дека треба да биде допуштено се додека тоа се работи во рамките на законските граници и “на никого не нанесува штета”. Меѓутоа, овде не ја земаме во предвид, и често сме потполно несвесни за духовната димензија поврзаната со графитите. Целосно препуштени на забавата и урнебесот, несме свесни кога од едноставно почитување на едно парче од уметноста, преминуваме во нешто што влије негативно врз нас.

Бидејќи духовните импликации се на духовно ниво, ние не сме во можност да ги согледаме. Без развиено шесто сетило, тешко е да се разбере како навидум едноставен чин на правење сложени графички дизајни можат да привлечат и емитуваат негативни вибрации.

2. Истражување засновано на духовната наука за ефектите од графитите

Во Фондацијата за истражување заснована на духовната наука, спроведовме обемно истражување за духовната димензија и степенот на нејзиното влијание врз нашите животи. Секоја наша активност привлекува и емитува вибрации кои можат да бидат позитивни или негативни во зависност од трите основни суптилни компоненти од кои тие се содржат. Овие три суптилни компоненти се познати како Сатва (позитивност), Раѓа (енергија), Тама (негативност). Сатва компонентата означува духовна чистота, Раѓа означува акција (енергија за извршување на позитивни или негативни дејства), додека Тама компонентата означува духовна нечистотија и инерција.

Нашите читатели можат да направат еден суптилен експеримент. Посматрајте ги следниве слики и обидете се да утврдите дали осеќате пријатни или непријатни вибрации од сликата А, а потоа од сликата Б.

grafitti-4-1  grafitti-4-2

                                Слика А                                                                 Слика Б

Сликата А емитува сатвик позитивни вибрации, додека сликата Б од графитите емитува тамасик, негативни вибрации.

grafitti-5Духовното истражување потврдува дека графити дизјаните привлекуваат и емитуваат негативни вибрации. Мрачните дизајни делуваат како антени преку кои негативните вибрации се емитуваат во животната средина. Поедноставано кажано, се што е најблиску до природата или природно, впива и емитува духовно чисти вибрации, или е исполнето со Божествен Принцип. Од друга страна, дизајните кои се само продукт на имагинацијата и кои се нацртани асиметрично или на изобличен начин, во себе немаат Божествен принцип или духовна чистота.

Таквите натписи или слики емитуваат Раѓа-Тама вибрации и негативно влијаат на посматрачите. Тие можат да создадат немир, конфузија и вознемиреност во едно лице. Кога таквите дизајни остануваат на ѕидовите на објекитите подолго време, тие постепено стануваат складишта на негативна енергија која влијае на домаќинството, или луѓето кои живеат во тие простории.

Оној кој гледа на сцената, е под влијание на сцената. - Неговата Светост Др. Атавле

Зголемената негативност влијае на нас на дневна основа, и можеме да патиме од широк спектар на проблеми како што се постојани негативни мисли, чувство на тежина, недостаток на сон, недостаток на јасност, зголемени сексуални мисли, гнев, раздразнетост, кавги во семејството, итн. Нашата околина и она што го гледаме влијае врз нашите мисли и целокупната благосостојба.

grafitti-6Основен духовен принцип е исто така, дека она што го гледаме предизвикува во нас одредени мисли, и после некое време во нашите потсвесни умови се формира соодветна импресија. Така, ако видиме нешто духовно чисто, добиваме позитивни мисли, додека негативните слики создаваат негативни импресии во нашите потсвесни умови.

grafitti-7Покрај тоа, графитите исто така  делуваат како алатки кои негативните енергии ги користат за да влијаат врз луѓето. Во  SSRF исто така, откривме дека концептот на графити дизајните е поттикнат од страна на самите негативни енергии. Во повеќе случаи уметниците кои ги цртаат таквите дизајни, особено оние кои имаат костури и ужасни фигури, се опседнати од негативни ентитети.

Таквите поединци, негативните енергии ги користат како пиуни да шират негативност. Тоа е исто и причината зошто таквите уметници се впуштаат во нелегални активности, работејќи во текот на ноќта, и преку таквото уништување и вандализирање на јавна сопственост таквите уметници се здобиваат со демонско задоволство.

Ефектот од графити

Негативен ефекет врз лицето кое го црта дизјанот

Време траење

Негативен ефект на посматрачот

Време траење

Негативен ефект на објектот

Време траење

5* %

5 години

1 %

1 недела

2 %

1 година, дури и откако графитито ќе биде отстрането

*Бројот се однеусва само на еден графит. Доколку лицето продолжи да црта графити, се акумулира негативно влијание.

Таквата уметност е одраз на сегашната ера на раздорот или Калијуга (најлоша ера). Поради влијанието на Калијуга, преовладуваат таквите негативни практики и добиваат масовна подршка. Тоа е затоа што поголемиот дел од луѓето не обавуваат никаква духовна пракса, и се предаваат само на активности поврзани со маја.

3. Уметноста како медиум за спознавање на Бога

Уметноста е еден од медиумите за спознавање на Бога. Уметноста во својата вистинска форма ја слави Божјата креација и уметниците кои прават цртежи во синхронизација со Божјата креација обавуваат духовна пракса  со цел да му се приближат на Бога и да доживеат Блаженство. SSRF има многу трагачи кои обавуваат духовна пракса преку медиумот на уметноста, со цел кај луѓето да развијат свест за духовната димензија. Таквата уметност ги насочува луѓето кон сатвик или духовно чист начин на живот. Кога ќе ги погледнеме сликите нацртани од таквите уметници, се буди духовна емоција, и во тоа се состои нивната духовна пракса.

Една таква трагателка уметник е SSRF Светица, Нејзината Светост Јоја Вале. Таа е благословена со суптилната способност да ја види и разбере суптилната димензија. Таа има направено голем број на цртежи кои се објавени на нашата веб-страница. Овие цртежи засновани на суптилното знаење помагаат да се разјасни суптилната димензија, исто така појаснуваат дека, кога обавуваме духовно чисти активности, привлекуваме духовно чисти вибрации и обратно. Преку овој медиум Нејзината Светост Јоја Вале обавува духовна пракса, и преку суптилна уметност таа во 2013 година достигна Светост.

MKD-PYoya

И да повториме, за заштита од штетните влијаниа на широко распространетите негативни практики како што се графити дизајни, препорачуваме редовна духовна пракса според шесте основни принципи. Само кога обавуваме постојана духовна пракса, во нас се зголемува Сатва компонентата и се создава заштитна обвивка која нас не штити од негативностите кои се во пораст.