Духовни причини за зависноста

Опис: Причините за  зависноста не се само ментален проблем. Наодите од духовното истражување, покажуваат дека често, суштинската причина за зависноста лежи во духовната димензија. Им предлагаме на оние поединци и нивните семејства кои се борат со зависности, да го прочитаат овој напис.

MKD-Causes-of-addiction

1. Причините за зависноста според модерните науки

Не постои консензус во врска со етиологијата (причината), превенцијата и третманот на зависните нарушувања. Една публикација на владата на САД,’Теории за злоупотреба на дрога: избрани современи перспективи’ излезе со не помалку од 43 теории за хемиска зависност, и најмалку 15 методи на лекување.

Ќе дадеме пример за оваа конфузија:

  • Многу луѓе веруваат дека зависностите како што се коцкањето и алкохолизмот се ‘болести’.
  • Други сметаат дека таквите зависни однесувања се научени како одговор на комплексната интеракција помеѓу наследните фактори и фактори на животната средина.
  • Додека пак некои водат расправи во корист на генетските причини. Некои истражувања покажуваат дека, за разлика од вообичаените болести како туберкулозата, која има дефинитивна причина (микроб) и одреден начин на лекување со кој сите се сложуваат, не постои согласност за причината, или дефинитивен начин на лекување со кој сите би биле согласни во поглед на зависноста.

Овој недостаток на согласност помеѓу експертите предизвикува проблеми во превенцијата и пристапот во лечењето за многу зависни однесувања. (Погледнете: Department of Applied Health Science, Indiana University, 2003) 

Соодветно, иако милијарди долари се предвидени во буџетот за намалување на зависностите и злоупотреба на супстанциите, не постои консензус за причината за зависностите. Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF)  смета дека, доколку владите во светот би се фокусирале на духовните причини и духовно лечење на зависностите во нивните истражувања, тие би оствариле поголем успех во справувањето со зависностите.

2. Истражување засновано на духовната наука – причините за зависноста

2.1 Што значи духовно истражување за причините на зависноста?

Духовно истражување за зависност значи, истражување на духовните причини и духовно исцелување од зависности со помош на високо развиено и активирано шесто сетило (ESP).

2.2 Кој може да постави дијагноза преку духовно истражување?

Дијагноза на одредени духовни причини за зависности е можна, и може да ја постави духовно возвишено лице кое може да гледа во суптилната димензија. Под поимот ’духовно возвишено лице’, мислиме на Светец, односно лице кое е на духовно ниво од 70% и повеќе. Едно лице со активно шесто сетило (ESP), може да ја согледа вистинската причина, но ако тој или таа не достигнале духовно ниво од минимум 60%, дијагнозата мора да биде проверена и потврдена за точност од страна на духовно возвишено лице (Светец) над 70% духовно ниво.

За повеќе детали, ве молиме погледнете ги следниве написи:

2.3 Видови на зависности опфатени во духовното истражување

Обемот на духовното истражување за зависностите, кое го спроведе Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), ги опфаќа сите видови на зависности.

2.4 Кои се причините за зависноста?

Границите на ‘познатиот видлив свет’ во споредба со ‘суптилната духовна димензија’ се во размери од 1 : бесконечност. Преку духовно истражувачки методологии, можеме да погледнеме во духовната димензија, и да ги утврдиме границите, односно до кој степен зависноста влијае на нашите животи. Сепак, важно е да додадеме дека суптилноста и варијациите на разните духовни фактори и нивната интеракција, можат да бидат многу сложни и комплексни. Поради оваа причина, едно лице во најдобар случај може да документира до 80% придонес од духовните фактори. Меѓутоа, дури и со ова ограничување, земајќи ја само во предвид духовната димензија, духовното истражување е далеку повеќе комплетно од конвенционалното истражување во изнаоѓањето на вистинската причина за некое случување или појава.

Духовно истражување за да се утврдат вистинските причини за зависностите, ги даде следниве резултати:

Причина за зависноста Просечен процент придонесува за зависноста1
Физичката зависност од зависноста 30
Умот и егото 302
Духовни причини како што се опседнатост од дух или суптилно тело на преминат предок кои сакаат да го искусат дејството на супстанцијата која предизвикува зависност, преку лицето кое тие го опседнуваат. 403
Вкупно: 100

Забелешки:

1. Бројките во оваа табела се само просечни вредности и значајно може да варираат од случај до случај. Важен факт е дека постои голема веројатност на духовно влијание во моментов непознато за современата наука.

2. Овој аспект се должи на умот и егото. На пример, поради притисок од врсници, или само за да се покаже, еден тинејџер може да почне да користи супстанца која предизвикува зависност. Ова е често кај случајот со пушењето, каде со тоа се покажува дека некој е ‘фаца/кул’.

3. Процентот на духовни причини за зависноста, може значително да варира. Дури и ако зависноста, првично е поради психолошки причини, негативните енергии може да ја искористат оваа слабост на лицето и да влијаат на него. Така, зависноста која можеби започнала поради физичка или психолошка причина, може наскоро да ескалира во зависност со духовна причина. Ако ова го имаме на ум, полесно ќе ги разбереме наодите на неколку американски национални истражувања, кои откриваат дека 75-85% од вкупно 51 милиони пушачи би сакале да се откажат, но досега тоа не им успеало (Извор:Time magazine).  Зависниците не се во можност да се ослободат од зависноста дури и ако тоа го сакаат, поради влијанието кое го имаат негативните енергии над нив.

Поделба на духовните причини: Помеѓу суптилните тела на преминатите предци и духовите како духовна причина за зависности, суптилните тела на преминатите предци прават 30%, додека негативните енергии или духовите претставуваат причина во 70% од случаите. Духовите или суптилните тела на преминатите предци, ги опседнуваат луѓето од две главни причини:

  • Да ги задоволат нивните желби за супстанцата која предизвикува зависност
  • Да му создадат проблеми на лицето, така што ќе го направат зависник

Ве молиме погледнете го написот “Зошто моите преминати предци сакаат да ме повредат?

Луѓето со повеќе зависности може да бидат под влијание на повеќе духови/суптилни тела на преминати предци, или под влијание само на еден дух/суптилно тело на преминат предок со повеќе зависности.

Повторно враќање на зависноста е многу тешка тема во областа на зависностите, и е знак за неуспех. Духовното истражување, покажува дека поради тоа што духовната димензија е вистинската причина зад многу зависности, ова е една од причините за ниската стапка на успешни лекувања кои се спроведуваат на физичко и психолошко ниво.

Физичко лекување подразбира рехабилитација во која се вклучува откажување од супстанцата а потоа откажувањето се третира со хемиски лекови. Хемикалии како метадон се користат како сигурна замена за оригинална злоупотребена супстанција.

Психолошко лекување вклучува советување, формална и/или неформална психотерапија, итн. со или без физичко лекување.

Според статистичките податоци за Алкохол и алкохолизам, до 46% од алкохоличарите се враќаат на пиењето, шест месеци после добиениот болнички третман, а околу 48% са враќаат во рамките на шесте месеци по рехабилитацијата во програма од отворен тип. Канцеларијата за национална политика за контрола на дрога, известува дека стапката на долгорочно закрепнување од зависноста од метамфетамин можеби е помала од 10%. (Извор: michaelshouse.com, Office of National Drug Control Policy, Alcohol and Alcoholism) Дури и оние кои за првпат ќе успеат да се откажат од зависноста, во 75% се враќаат на алкохолизмот, или зависноста од хероин. (Извор: Time magazine)

2.5 Зависностите од перспектива на судбината или слободна волја

Според духовниот Пат на Акција (Кармајога), сите наши акции, или се судбински предодредени (не се под наша контрола) или се како последица на нашата слободна волја (во наша контрола). Како општо правило, во сегашната ера 65% од нашите акции се судбински предодредени, а 35% се должат на слободна волја. Меѓутоа, во случајот на зависности, уделот на судбински предодредениот елемент е далеку поголем. Важни настани во животот како што се раѓање, брак, тешки несреќи и смрт се во целост судбински предодредени, односно улогата на судбината е 100%.

Вистинскиот удел на судбината кај некој зависник, може со сигурност да биде утврдена само од лица кои се на духовно ниво над 70% (т.е. Светци), или од оние со многу високо развиено шесто сетило.

Ве молиме погледнете го написот “Вистински духовни причини за проблемите во животот“.