MKD-individual-collective3

1. Вовед

Постојат два општи вида на духовна пракса:

  1. Индивидуална духовна пракса (вјашти садна): Кога го користиме изразот “индивидуална духовна пракса“, тоа се однесува на духовна пракса која се врши за да се зголеми личниот духовен раст на некој. Типична духовна пракса која се врши заради личен духовен раст би било пеење на Божјото Име, или учење на духовен текст. Овде само поединецот има придобивки од духовната пракса.
  2. Колективна духовна пракса (самашти садна): Кога го користиме изразот “колективна духовна пракса“, тоа се однесува на духовна пракса која се врши за да се зголеми духовниот раст на другите луѓе. На пример, кога трагачите доброволно го понудат своето време и труд за да држат предавања за Духовноста, тоа е познато како колективна духовна пракса.

2.  Значењето на индивидуалната во однос на колективната духовна пракса

Во денешно време, важноста на колективната духовна пракса за нашиот духовен раст е 70% додека важноста на индивидуалната духовна пракса е само 30%. Значи, за да напредуваме духовно важно е да мотивираме што повеќе луѓе од нашата околина да вршат духовна пракса. Ова е служење на Апсолутната Вистина (Сатсева) во права смисла. Сепак за ова трагачот мора да го зголеми своето духовно ниво така што ќе обрне внимание на својата индивидуална духовна пракса.

Како трагачи по Вистината, ние мораме да направиме рамнотежа помеѓу индивидуалната и колективната духовна пракса. Аналогијата со Светилката што гори сликовито ќе ни ја објасни важноста на оваа рамнотежа.

 

Analogy of a lamp where the oil is individual and the flame collective spiritual practice

Маслото во Светилката  ја претставува нашата индивидуална духовна пракса (вјашти садна), а светлината на Светилката нашата колективна духовна пракса (самашти садна).  Ако има помалку масло, Светилката нема да дава блескава светлина. Затоа, темелот на нашата индивидуална пракса мора да биде силен, затоа што тој ни дава поттик да ја одржуваме нашата колективна духовна пракса. (Во случајот со Светилката, пламенот го користи и троши маслото, но колективната духовна пракса не ја троши нашата индивидуална духовна пракса. Напротив, таа ја зајакнува).