Ритуал со сол и семе од синап

Ритуал со сол и семе од синап

Метод: Сол и семе од синап како начин за отсранување на уроци

Што се ќе ви биде потребно за да го спроведете овој метод?

MKD_evil-eye-ritual-mustard-seeds

Спроведување на ритуалот со сол и семе од синап за отстранување на уроци

  • Чекор 1 : Молитва

    • Молитвата треба да ја изговри оној врз кој се спроведува ритуалот, по искажувањето почит кон Богот Марути. ‘Нека уроците фрлени врз мене (треба да го каже своето име) бидат отстранети од мене и нека (кажи го името на лицето кое го спроведува методот) не биде погодено од нив.

    • Оној кој го спроведува ритуалот треба да му се моли на Богот Марути за да спречи било какво влијание на негативните енергии.

  • Чекор 2 : Заземање на вашата позиција

Нека лицето кое е под влијание не негативна енергија и врз кое се спроведува ритуалот седне на ниско дрвена платформа со лицето свртено кон исток и со опуштени свиткани колена кон градите. Дланките треба да бидат свртени нагоре и треба да се постават на колената.

2_performing-ritual

  • Чекор 3 : Спроведување на ритуалот

Лицето кое го спроведува ритуалот треба да застане пред лицето кое е под влијание на негативните енергии. Во двете дланки земете онолку количество на семе од синап и крупна морска сол колку што можете да држите помеѓу прстите.

3_mustard-seeds

Потоа прекрстете ги дланките пред вашето тело. Дланките треба да бидат прекрстени како знакот за множење (X). Дланките треба да ги движите од главата до стапалата на лицето кое е под влијание, во спротивни насоки и потоа да допрат до земјата.

Рацете се прекрстени само на почетокот. Како што започнуваме со ритуалот треба да ги разделиме рацете и истовремено да ја движиме десната рака во насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата, а левата рака во спротивна насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата.

По допирањето на земјата, почнуваме повторно како погоре те. ги разделуваме рацете и истовремено ја движиме десната рака во насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата, а левата рака во спротивна насока на стрелките на часовникот од главата до стапалата.

4_mustard-seeds

При спроведување на методот следново треба да се изговара: Нека урокот фрлен на него од страна на посетители, духови, дрвја, минувачи, место, биде отстранет и нека тој биде заштитен од болести и повреди.

    • Причината поради која ги движиме рацете и со нив ја допираме земјата: Со движењето на рацете како што е опишано, нарушувачките (негативни) вибрации прво се впиваат во супстанциите кои се користат во ритуалот, а со допирање до земјата тие се вовлечени во земјата.

    • Колкав број на движења со рацете ќе употребиме зависи од степенот на нарушувањето (големината на проблемот). Претежно волшебниците прават црна магија во непарни броеви, па оттука и рацете се движат непарен број пати.

  • Чекор 4 :

 На крајот од ритуалот, сите содржини треба да се стават врз жешка железна тава или жар.