Како духовен исцелител треба да постапува при исцелување

1. Два важни принципи кој духовен исцелител треба да ги следи

На самиот почеток, треба да разбереме два важни принципи:

  • Најдобриот вид на духовно исцелување е кога едно лице обавува духовна пракса за себе. Со обавувањето духовна пракса, ние ги зголемуваме нашите духовни резерви со што стануваме помалку подложни на нападите од духовната димензија. Преземањето редовна духовна пракса е исто така, далеку повеќе одржлива како заштитна мерка, отколку кога некој врши духовно исцелување врз нас со помош на некоја форма на духовно исцелување.  Духовните исцелители треба, колку што е тоа можно, да ги охрабруваат луѓето да започнат редовно да обавуваат духовна пракса и да бидат истрајни, дури и  ако тие продолжат да доаѓаат на исцелување. Духовната пракса го надополнува трудот на духовниот исцелител во отстранување на проблемот.
  • Во нашиот напис “Смисла на животот“, споменавме дека духовниот раст да се спознае Бога е нашата главна цел во животот. Сходно на тоа, ако сите наши акции, духовно исцелување или други, се усогласени така да помогнат на нас и на другите духовно да напредуваат, тогаш од нашите напори добиваме максимална придобивка.

2. Кој и кога еден духовен исцелител треба да исцелува?

Земајќи го во предвид претходно наведеното, времето и енергијата на духовниот исцелител се најдобро потрошени кога тие им помагаат на другите да надминат некоја духовна препрека, која ги спречува да обавуваат духовна пракса. На овој начин, тие им помагаат на луѓето духовно да растат.

Чисто од духовна перспектива, најдобро е да не се троши духовно исцелувачката енергија на луѓе кои немаат намера да започнат духовна пракса. Ова е затоа што, освен ако лицето обавува духовна пракса што го потпомага во духовното исцелување, тоа во најдобар случај донесува само привремено олеснување, бидејќи ентитетот кој делува на лицето може да предизвика штета во други области од животот на тоа лице, или лицето може повторно да биде нападнато од други ентитети. Духовните исцелители имаат пристап до Универзалната енергија, соодветно на нивното духовно ниво. Заедно со ова доаѓа и одговорноста да им помагаат на луѓето духовно да растат, што е во согласност со целта на животот. Ако духовниот исцелител не ја исполнува оваа одговорност, тој почнува да стагнира и неизбежно му опаѓа неговото духовно ниво. Покрај тоа, тој потенцијално може да биде искористен и од страна на духовите.

Препорачливо е духовните исцелители да не се занесуваат емотивно во исцелување на луѓето само заради доброто на исцелувањето. Ако е таква судбината на едно лице да треба да помине преку одреден износ на патење, тогаш духовното исцелување само привремено го ублажува неговото патење. Покрај тоа, лицето и понатаму мора да го доживее одредениот износ на патење. Како последица на тоа, би било духовно корисно ако нашата намера би била да го исцелиме лицето така да тоа развие вера дека духовната димензија постои и тоа да го инспирира да ја започне својата духовна пракса.

Во една од лекциите ’исцелување со прана’ на која присуствуваше еден од нашите членови, наведен е пример како еден човек успеал со својот камион да помине повеќе километри затоа што врз бензинскиот резервоар на камионот е спроведено исцелување со прана. Задоволувањето на световните желби на овој начин, како што е остварување дополнителна километража со помош на исцелување со прана, е пример за несоодветно користење на духовно исцелувачките мерки. Следниов дијаграм ги покажува изборите кои ги има еден исцелител, кога тој почне да добива пристап до се поголеми колични духовна енергија.

Untitled

3. Кога треба да му помагаме на друго лице со примена на духовни средства за исцелување

Како трагачите за Бога обавуваат духовна пракса, понекогаш можат да бидат попречувани од силни негативни енергии кои имаат намера да ја спречат нивната духовна пракса. Во таквите случаи нивната духовна енергија може да биде недоволна да ги одбие таквите попречувања. Затоа, станува неопходно духовната енергија на трагачите да се зголеми со помош на средства за духовно исцелување, и тоа во следните ситуации.

  • Кога нарушувањето е премногу сериозно и бара итна интервенција.
  • Кога се ментално или духовно премногу слаби да би биле способни сами да се исцелат.
  • Кога лицето физички неможе да примени средства за исцелување, на пример, кога тоа е во несвест.
  • Кога лицето нема искуства со употреба на одредени средства.

4. Заклучок

Многу луѓе ширум светот применуваат духовно исцелување. Само со разбирање на принципите коишто владеат со духовното исцелување и имање духовна перспектива за тоа “кој” и “кога” да се исцелува, исцелителите можат да бидат сигурни дека се усогласени со целта на животот. Важно за духовните исцелители е редовно да обавуваат духовна пракса, а тоа помага да се избегне раст на егото, што може да биде многу штетно за лицето кое обавува духовно исцелување. Редовната духовна пракса, исто така го штити  духовниот исцелител од попречувања од негативни енергии.

Најдобриот духовно исцелувачки дар кој исцелителите можат да им го дадат на своите пациенти а да им помогнат да започнат духовна пракса, за да можат и тие да си помогнат самите на себе на духовно ниво. Ова е слично на тоа како ’на лицето да му дадеме стап за риболов’ и со тоа да биде независно, наместо да го храниме со веќе уловена риба.

Доколку духовните исцелители имаат било какви прашања во врска со овој напис, или било кој напис од оваа серија написи за Принципите на духовно исцелување, ве молиме да не контактирате преку опцијата “Постави прашање” во SSRF логин делот, односно секцијата каде може да се логирате.